Спорт
Робен го продолжи договорот со Баерн уште две години
Холандскиот крилен напаѓач, 28 годишниот Ариен Робен го продолжи договорот со минхенски Баерн за уште две години, до 30 јуни 2015 година.
Необично сме среќни што Ариен Робен одлучи да остане со нас. Тој е гаранција за успешната иднина на нашиот клуб“, изјави претседателот на Баерн Карл-Хајнц Румениге.
„ФК Баерн за мене е како семејство. Тука, во Минхен, се родија две од вкупно трите мои деца. Тука моето семејство се чувствува како дома“, рече Робен.
Робен во Минхен стигна од Реал Мадрид во 2009 година за 24 милиони евра. Од тогаш во Бундес лигата настапи 61 пат, постигнувајќи 39 голови. /крај/кликс/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус постигнал договор со новиот голман, Монца бара оштета од 20.000.000 евра
Реконструкција му престои на Јувентус во летниот преоден рок. Извесно е дека тренерот Макс Алегри ќе о напушти клубот, клупските челници се во потрага по засилувања во сите линии. Италијанските медиуми тврдат дека од наредната сезона Јувентус ќе има нов голман.
Спортскиот сектор на Јувентус ги завршил преговорите со голманот на Монца, Микеле Ди Грегорио. Наводно, Ди Грегорио и Јувентус договориле петгодишна соработка, за годишна плата од 2.000.000 евра.
Сега Јувентус треба да се договори со Монца. Првиот човек на клубот, Адријано Галијани за голманот бара оштета од 20.000.000 евра.
За да го намали обештетувањето, Јувентус ќе го понуди вториот голман Матија Перин, или пак некој друг фудбалер.
Ди Грегорио е „дете“ на Интер, но никогаш не доби шанса во клубот. Интер го испраќаше на позајмици во разни пониски лиги и на крај тој заврши во Монца кога тимот играше во Серија Б го купи за 4.400.000 евра. Интер ќе добие 10 отсто од следниот трансфер на Ди Грегорио.
Спорт
Гасе нема да остане на клупата на Марсеј
Фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј нема намера да го задржи актуелниот тренер Жан-Луј Гасе следната сезона.
Гасе беше донесен за да ја спаси сезоната, откако клубот го отпушти Џенаро Гатузо. Тоа му успеа до одреден степен, но како што стојат работите во клубот не се сигурни дека ќе го задржат следната сезона.
Како што пренесува „Лекип“, претседателот на Марсеј, Пабло Лонгорија тргнал по Паоло Фонсека, кој е прва желба на клубот.
Договорот на Фонсека со Лил истекува на крајот од сезоната, а клубот има намера да му понуди нов.
Марсеј веќе се обиде да го доведе во своите редови минатата сезона, но во последен момент трансферот го спречи претседателот на Лил, Оливие Летанг.
Спорт
Барселона се распрашува за Лирој Сане
Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.
28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.