Спорт
Тренерот по атлетика Ване Стојанов на усовршување во САД
Македонскиот олимписки комитет (МОК) обезбеди стипендија вредна 15.000 американски долари за обука и усовршување на тренерот по атлетика Ване Стојанов во САД.
Оваа нова инвестиција во развојот на стручниот спортски кадар во Македонија е обезбедена во соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Американскиот олимписки комитет (АОК), Меѓународната атлетска федерација и Универзитетот Делавер.
Оваа година, оваа привилегија ја имаат 25 тренери од целиот свет кои заедно со нашиот атлетски тренер Ване Стојанов беа избрани во конкуренција од преку 100 тренери од целиот свет.
За време на двомесечниот престој во САД, Ване Стојанов ќе биде обучуван од страна на американските експерти по атлетика во области како што се изработка на планови и програми и моделирање на спортски тренинг со најмладите, но и со врвните атлетичари, нутрицизам и исхрана, спортска медицина, управување и третирање на повреди и превенција, спортска психологија и спортска физиологија, биомеханика, моторика, спортска администрација, како и развој и имплементација на најновите тренерски методи во атлетиката.
Ване Стојанов ќе помине дополнителни две недели на Универзитетот Делавер и ќе присуствува на предавањата на различни теми од тренерското образование и најнови теми од науката во спортот во САД.
Потоа ќе следи практична работа и комуникација со тренерите од Американската атлетска федерација како и работа во најдобриот атлетски клуб во САД.
Во Американскиот олимписки тренинг центар во Колорадо Спрингс ќе продолжат предавањата и работата во групни активности во текот на две недели подучени од експертите на Американскиот олимписки комитет за развој на спортските перформанси на спортистите.
Во мај 2013 година, Ване Стојанов ќе го презентира својот проект пред Академски одбор во седиштето на ИОК во Лозана, Швајцарија.
Проектот на Ване Стојанов, кој треба да го помогнат и Македонскиот олимписки комитет и Атлетската федерација на Македонија, ќе се фокусира кон изработка на квалитетна олимписка програма за развој на млади атлетичари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Американките во драматично финале го освоија олимпиското злато
Поделени се медалите на женскиот хокеарски турнир, на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. САД го освоија златото со победа од 2:1 над Канада во финалето по продолжение. Швајцарија ја освои бронзата.
Како и во претходните три, САД и Канада се сретнаа и во ова финале. И приредија спектакл. На крајот, сè беше решено во продолжението.
Херој на третото злато за Американките беше Меган Келер. Таа го постигна победничкиот гол во петтата минута од продолжението.
Но, Канада има многу за жалење. Водеше од почетокот на вториот период со голот на Кристин О’Нил, па сè до две минути пред крајот. А потоа Хилари Најт, на асистенција на подоцнежната хероина Келер, постигна гол за 1:1 и продолжение. Во кое Келер погоди за голема победа.
И Швајцарија забележа голема победа. За третото место, ја поразија Шведска, исто така по продолжение, со 2:1, и со тоа Швајцарките го освоија својот прв олимписки медал по 12 години.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Звезда победи во Лил, Штутгарт го декласира Селтик
Фудбалерите на Лудогорец ја спасија честа на домашните тимови во Лига Европа. Во првите осум натпревари, шест победи забележаа гостите, само Лудогорец победи на домашен терен, а Панатинаикос успеа да извлече реми.
Изненадувањето на вечерта го направи Црвена звезда со победата во Лил. Српскиот првак победи со голот на Тебо Учена во првата минута од надополнувањето на времето во првото полувреме.
Црвено-белите доминираа против Лил и само можат да жалат што победата не е изразена со повеќе голови разлика.
Инаку, Црвена звезда ја забележе првата победа на француска почва, во својата историја. Во претходните девет гостувања, црвено-белите имаа две нерешени и седум порази.
Селтик доживеа тежок пораз од Штутгарт (1:4). Во првото полувреме се истакна Мароканецот Билал Ел Ханус, кој игра за Штутгарт како позајмен играч од Лестер Сити.
Прво, во 15-та минута, искористи „бразилска“ асистенција со петицата на Денис Ундав, а во 28-та минута реагираше добро по центаршутот на Анџело Стилер и, заборавен од домашните играчи, повторно го совлада ветеранот на Селтик, Каспер Шмајхел.
Помеѓу двата гола на Штутгарт, Бенџамин Нигрен ја искористи конфузијата во одбраната на „Швабите“.
Сепак, во вторите 45 минути, Германците беа уште поубедливи.
Првиот, со прецизен удар на Џејми Левелинг, а потоа Тијаго Томас го постави конечниот резултат на крајот од натпреварот.
Лудогорец е единствениот тим што победи на домашен терен. Шампионот на Бугарија се сретна со Ференцварош во Раздград и победи со резултат од 2:1 (1:1).
Домашниот тим поведе со голот на Кванд Ду, Деле израмни за Унгарците.
Победата за Лудогорец ја донесе Шпанецот Сон во 67-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
Меншик го победи Синер
Чешкиот тенисер Јакуб Меншик го победи Јаник Синер во четвртфиналето на турнирот во Доха.
Меншик славеше по два часа и 13 минути борба, со 2-1 во сетови – 7:6(3), 2:6, 6:3.
Ова е втората најголема победа во неговата кариера, откако го победи Новак Ѓоковиќ во финалето во Мајами минатата година.
За 20-годишниот Чех, ова беше прв дуел со Синер во кариерата, а првото полуфинале во Доха, ќе му го донесе и 13-то место на АТП листата.
Foto/ EPA

