Спорт
Олимписки игри – Од Атина до Лондон
Францускиот барон Пјер де Кубертен ја покренал иницијативата за оживување на античките Олимписки игри, со цел да создаде силно интернационално движење, кое ќе ги афирмира позитивните општествени вредности, спортската и натпреварувачка култура и кое ќе го развива духот на заедништвото меѓу народите.
Иако идејата на Кубертен е активна и во денешно време, Олимписките игри, денес претставуваат силно и значајно движење, чија важност ја надмина првичната идеја на францускиот барон. Олимписките игри, веројатно се најважниот спортски настан во современиот свет. На првите Олимписки игри кои во 1896 година се одржале во Атина, учествувале спортисти од само 15 држави, што сепак била солидна база за развивање на ова, во денешно време, значајно меѓународно движење. Идејата за развивање на олимпизмот Кубертен започнал да ја развива по поразот на својата земја во пруската војна, 1870-1871. Имено, тој сметал дека француските војници не биле доволно физички подготвени за борбите, дека младите луѓе не се креативни, но и дека немаат натпреварувачки дух. Во исто време, во Европа, благодарение на истражувањата на германските археолози, Хајнрих Шлиман и Ернст Куртијус, се зголемил интересот за античка Грција, како и за манифестациите кои се одржувале во неа, а особено за Олимписките игри. И покрај тоа што податоците околу тоа како настанале античките Игри биле изгубени низ вековите, сепак околу ова натпреварување постојат сосема доволно информации. Според една од легендите, Олимписките игри ги покренал античкиот бог Зевс, откако во борбата за власт го победил својот татко Хронос, додека друга легенда вели дека полубогот Херакле одлучил секоја четврта година во Олимпија да се одржува натпревар на еден стадиум (околу 185 метри), во знак на спомен на неговата голема победа на една трка одржана во тој град. Првиот веродостоен запис во кој се споменуваат Олимписките игри датира од 776 година пред Н.Е., па поради тоа оваа година се наведува како датум кога била одржана првата Олимпијада, иако некои историчари тврдат дека слични натпреварувања се одржувале од 13-от век пред Н.Е. На почетокот се одржувала само трката на еден стадиум, а подоцна програмата била проширувана, старите Грци се натпреварувале и на делниците од два стадиуми и 24 стадуими, во панкратон (комбинација на бокс и борење), борење во класичен стил, петобој и други дисциплини. На Игрите можеле да учествуваат само Грци, на жените не им било дозволено да учествуваат, а спортистите од 720 година пред Н.Е. се натпреварувале голи. Кубертен особено бил импресиониран од митот за Олимпиското примирје, кое вели дека за време на одржувањето на Олимписките игри сите грчки држави ги прекинувале непријателствата. Игрите започнале да го губат своето значење за време на римското владеење со Грција, а царот Теодосиј ги укинал, сметајќи ги за пагански ритуали, откако во 393 година, го прогласил христијанството за единствена религија во целото царство. Идејата за заедништво меѓу народите Кубертен започнал да ја реализира во 1894 година. На конгресот во Сорбона, тој добил поддршка од меѓународниот аудиториум првите Олимписки игри на модерниот свет да ги организира во Грција. Во таа прилика е формиран и Меѓународниот олимписки комитет, кој ја добил задачата да ги организира игрите во Атина, а за негов претседател е избран Гркот, Деметриус Викелас. На ОИ во Атина кои ги отвори грчкиот крал Џорџ I, учествувале спортисти од 14 земји (241 мажи) и биле поделени 43 комплети на медали. Спортистите се натпреварувале во гимнастика, атлетика, велосипедизам, мечување, тенис, борење, стрелаштво, пливање и кревање на товар, додека, иако биле во програмата, не се одржале натпреварите во едрење и веслање. Меѓународниот олимписки комитет, по завршувањето на манифестацијата и покрај противењето на Грција, решил следните Игри да бидат организирани во други држави. Тоа е една од клучните причини што оваа манифестација стекнала популарност во целиот свет. Низ времето Игрите минувале низ разни фази и искушенија. ОИ во Париз во 1900 и ОИ во Сент Луис во 1904 минале во сенка на големите светски изложби и траеле по пет месеци. ОИ во Лондон траеле дури шест месеци, а од Лос Анџелес во 1932 година програмата е сведена на 15 денови. Напоредно со ширењето и популаризацијата, олимпиското движење се соочувало со бројни проблеми, значењето на оваа манифестација многу бргу го разбрале политичарите, тие преку него се обидувале да промовираат свои идеи, цели и проекти. Во последните 30-тина години огромно влијание врз ОИ имаат и мултинационалните компании. ОИ во Берлин, во 1936 година, прв се обидел да ги злоупотреби Адолф Хитлер, тој се обидел да ги искористи за афирмација на националсоцијализмот, голема штета на олимпиското движење, за време на „студената војна“ му нанесоа САД и СССР, чии челници ја ставаа политиката пред спортот. Најтрагичниот настан во 112 години долгата историја на модерниот олимпизам се случил во 1972 година во Минхен, кога палестински терористи, припадници на организацијата „Црн септември“, убија деветмина израелски спортисти и двајца тренери, учесници на Игрите. Тероризмот, заедно со се поприсутниот допинг, и 40 години по таа трагедија, е една од главните закани за олимпизмот. Мотото кое му се припишува на Кубертен, „Не е важно да се победи, важно е да се учествува“, одамна не важи премногу во олимпиското движење. Ова мото во поново време се апострофира како неуспешен алиби за губитниците. Спортистите подолго време не бираат средства за да ја остварат целта, тие користат разни допинг стимуланси. Зачести појавата МОК и по неколку месеци од завршувањето на Игрите да им одзема медали на спортистите. На престојните Олимписки игри во Лондон секој спортист ќе вложи максимум на сила и знаење за да стигне до најдобриот резултат, а со освоен медал ќе се стекне со слава во својата земја. крај/т/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Комо среде Торино го нокаутира Јувентус
Јувентус, во 26-то коло во Серија А, доживеа тежок пораз од Комо (0:2). Ова е прв триумф на Комо, против Јувентус во Торино по 1951 година.
„Старата дама“ со овој пораз ја продлабочи кризата и под знак прашалник го става своето учество во Лигата на шампионите наредната сезона. Јувентус го запиша третиот пораз во низа, четврти на последните пет натпревари во сите натпреварувања. Од друга страна, Комо ја потврди одличната форма, тимот на Сеск Фабрегас, на последните пет гостувања има четири победи и едно реми.
Јувентус е во криза, игра лошо, па можеби поразот од Комо и не е големо изненздување. Со исклучок на шансата во која се најде Опенда, во раната фаза на натпреварот, играчите на лучано Спалети не направи ништо конретно пред голот на противникот. Дури во финишот се закани Копмајнерс, од слободен удар ја погоди стативата.
За разлика од Јуве, Комо делуваше сигурно, со јасен план и цел.
Војвода го постигна првиот гол во 11-та минита, а точка на натпреварот сави Шакере во 61-та минута, кога со гол ја заврши брилијантната котрна на својот тим.
По 26 рунди, Јувентус на петтото место има 46 поени, еден повеќе од шестопласираниот Комо.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакл во Сан Себестијан – Реал Сосиедад не успеа да го победи Овиедо
Еден од најдобрите натпревари оваа сезона во Шпанија се одигра во Сан Себастијан, Реал Сосиедад и Овиедо ремизираа 3:3.
По лошото и неинтересно прво полувреме, во кое немаше голови, во второто присутните на „Аноета“ сведочеа на спектакуларен меч.
„Фенерџијата“, поведе во 50-та минута преку Винас, две минути подоцна Уругваецот со својот втор гол ја зголеми предноста на својот тим.
Оскарсон ја врати надежта во Сосиедад со гол во 64-та минута, а потоа следеше неверојатен финиш. Во 87-та минута, Чалета-Цар израмни за домаќините, кои не застанаа тука.
Три минути подоцна Оскарсон го комплетираше пресвртот со својот втор гол.
Наместо победа и три бода, следуваше шок во 90+2 минута Ерик Бејли го постави конечниот резултат и му донесе бод на Овиедо.
Спорт
Клабо е супермен – Шест трки, шест златни медали
Шест трки, шест златни медали за Јоханес Хенсфотл Клабо на Зимските олимписки игри во Милано и Корина. Суперменот од Норвешка, победи во трката на 50 километри, го освои шестото злато, вкупно 11-то на Олимпиајдите, на кои има и едно сребро и бронза.
Трката на 50 километри, масовен старт, мина во целосна доминација на Норвежаните. Покрај Клабо, кој победи со време 2 часа, седум минути, седум секунд, медали освоија Мартин Нингет и Емил Иверсен.

Норвешката тројка од конкурентите се одвои по 15-от километар, тројцата беа еден до друг се до 46-от километар кога отпадна Ивенрсен. Клабо отпорот на постариот колега го скрши на 500 метри пред целта.
29-годишниот Клабо, со перфектниот настап на овие Олимписки игри, ја истакна кандидидатурата за најдобар спортис во светот во оваа година.
Норвешка ќе ги заврши Игрите како најуспешна нациија, во саботата го освои 18-от златен медал, има и по 11 средби и бронзи.

