Спорт
ОИ хронологија: Париз 1924
Донесуваме краток преглед од настаните на Осмите олимписки игри одржани во Париз, од 4. мај до 27. јули 1924 година (според официјалните податоци на МОК).
– број на учесници: 3089 (135 жени и 2954 мажи)- земји учеснички 44- број на спортови: 17- број на дисциплини 126Игрите во Париз ги отворил францускиот претседател Гастон Думерже, на осмите ОИ за прв пат е читана олимписката заклетва, во име на спортистите истата ја кажал атлетичарот Жорж Андре. Прв пат во историјата бил презентиран и амблемот на Игрите. Париз во силна конкуренција на Амстердам, Барселона, Рим, Прага и Лос Анџелес, за неполни 30 години по втор пат бил домаќин на ОИ. Игрите во француската престолнина во тоа време биле доказ и потврда дека идејата за олимпизмот е прифатена како институција и дека од година во година ќе станува се помоќна. Потврда на тоа е и идејата за одржување на Зимски олимписки игри. Идеја била прифатена веднаш, а истата година во Шамони се одржани Првите ЗОИ. Финецот Паво Нурми бил најголема звезда, освојувајќи пет златни медали. Освоил злато на 1.500 метри, а само два часа подоцна бил прв и на трката на 5.000 метри. Поединечно освоил златен медал во крос трката на 10 километри, а во тимска конкуренција златен медал освоил во крос трката и трката на 3.000 метри. Поради грешката на финскиот тим, Нурми не бил пријавен за трката на 10.000 метри, лут на оваа административна грешка тој се вратил во Финска и поставил нов светски рекорд на патеката од 10.000 метри, кој претходно траел цели 13 години. Американскиот пливач, Џони Вајсмилер, во еден ден, на 20. јули 1924, освоил две златни е една бронзена медаља. Потоа тој се вратил во САД и во Холивуд глумејќи го ликот на Тарзан се стекнал со светска слава. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Комо среде Торино го нокаутира Јувентус
Јувентус, во 26-то коло во Серија А, доживеа тежок пораз од Комо (0:2). Ова е прв триумф на Комо, против Јувентус во Торино по 1951 година.
„Старата дама“ со овој пораз ја продлабочи кризата и под знак прашалник го става своето учество во Лигата на шампионите наредната сезона. Јувентус го запиша третиот пораз во низа, четврти на последните пет натпревари во сите натпреварувања. Од друга страна, Комо ја потврди одличната форма, тимот на Сеск Фабрегас, на последните пет гостувања има четири победи и едно реми.
Јувентус е во криза, игра лошо, па можеби поразот од Комо и не е големо изненздување. Со исклучок на шансата во која се најде Опенда, во раната фаза на натпреварот, играчите на лучано Спалети не направи ништо конретно пред голот на противникот. Дури во финишот се закани Копмајнерс, од слободен удар ја погоди стативата.
За разлика од Јуве, Комо делуваше сигурно, со јасен план и цел.
Војвода го постигна првиот гол во 11-та минита, а точка на натпреварот сави Шакере во 61-та минута, кога со гол ја заврши брилијантната котрна на својот тим.
По 26 рунди, Јувентус на петтото место има 46 поени, еден повеќе од шестопласираниот Комо.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакл во Сан Себестијан – Реал Сосиедад не успеа да го победи Овиедо
Еден од најдобрите натпревари оваа сезона во Шпанија се одигра во Сан Себастијан, Реал Сосиедад и Овиедо ремизираа 3:3.
По лошото и неинтересно прво полувреме, во кое немаше голови, во второто присутните на „Аноета“ сведочеа на спектакуларен меч.
„Фенерџијата“, поведе во 50-та минута преку Винас, две минути подоцна Уругваецот со својот втор гол ја зголеми предноста на својот тим.
Оскарсон ја врати надежта во Сосиедад со гол во 64-та минута, а потоа следеше неверојатен финиш. Во 87-та минута, Чалета-Цар израмни за домаќините, кои не застанаа тука.
Три минути подоцна Оскарсон го комплетираше пресвртот со својот втор гол.
Наместо победа и три бода, следуваше шок во 90+2 минута Ерик Бејли го постави конечниот резултат и му донесе бод на Овиедо.
Спорт
Клабо е супермен – Шест трки, шест златни медали
Шест трки, шест златни медали за Јоханес Хенсфотл Клабо на Зимските олимписки игри во Милано и Корина. Суперменот од Норвешка, победи во трката на 50 километри, го освои шестото злато, вкупно 11-то на Олимпиајдите, на кои има и едно сребро и бронза.
Трката на 50 километри, масовен старт, мина во целосна доминација на Норвежаните. Покрај Клабо, кој победи со време 2 часа, седум минути, седум секунд, медали освоија Мартин Нингет и Емил Иверсен.

Норвешката тројка од конкурентите се одвои по 15-от километар, тројцата беа еден до друг се до 46-от километар кога отпадна Ивенрсен. Клабо отпорот на постариот колега го скрши на 500 метри пред целта.
29-годишниот Клабо, со перфектниот настап на овие Олимписки игри, ја истакна кандидидатурата за најдобар спортис во светот во оваа година.
Норвешка ќе ги заврши Игрите како најуспешна нациија, во саботата го освои 18-от златен медал, има и по 11 средби и бронзи.

