Спорт
Американците лесно против Австралија
Кошаркарите на САД се последните кои изборија пласман во полуфиналето на олимпискиот турнир во Лондон, откако во четвртфиналето ја совладаа Австралија со 119:86.
Австралија сериозен противник на Американците им беше само во првите пет минути од натпреварот, потоа фаворитот направи серија од 7:0, со што практично го реши мечот. Американците потоа ко контролираа мечот ја држеа Австралија на 12 поени негатива се до последната четвртина кога во 32 минута Коби Брајант врза четири тројки по ред и ја однесе својата репрезентација на +21 поен разлика. Треба да се спомене дека Брајант во спомената серија постигна три тројки за само 31 секунда. САД до победата ги предводеше Леброн Џејмс, кој запиша трипл-дабл: 11 поени, 14 скокови и 11 асистенции. Австралија во поразот со 26 поени ја предводеше играчот на Сан Антонио, Патрик Милс. САД во полуфиналето ќе играат против Аргентина, „Дрим Тимот“ пред само неколку дена во прелиминарната фаза ги победи „Гаучосите“ со 126:97. Полуфиналните пресметки на олимпискиот турнир во кошарка ќе се одиграат во петок, на 10. август, Русија и Шпанија ќе започнат од 18 часот, додека од 22 часот мечот ќе го одиграат САД и Аргентина. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
По дебаклот во дербито Партизан го отпушти тренерот
Фудбалскиот клуб Партизан, п вчерашниот дебакл во „вечното дерби“ и поразот од Црвенз звезда (3:0), му врачи отказ на тренерот Ненад Стојаковиќ.
Клубот потврди дека до крајот на сезоната тимот ќе го води поранешниот фудбалер на црно-белите, Дамир Чакар, а ќе му помага Ѓорѓије Ќетковиќ.
Стојаковиќ во ноември го презеде првиот тим од Срѓан Благојевиќ, кој во тоа време изненадувачки доби отказ.
Чакар ќе биде четвртиот тренер на Партизан, откако главен во спортскиот сектор е поранешниот фудбалер, Предраг Мијатовиќ.
Тандемот Чакар-Ќетковиќ го презема тимот на втората позиција, со четири бода помалку од Црвена звезда.
Спорт
Кристијано Роналдо ја објави одлуката за својата судбина
Незадоволен од политиката на клубот, Кристијано Роналдо бојкотираше три натпревари на Ал Наср.
Се појавија гласини, а португалските медиуми јавно пишуваа за тоа, дека еден од најпопуларните фудбалери во историјата, и покрај стотиците милиони долари што ги добива, ќе ја напушти Саудиска Арабија.
Сепак, Роналдо го негираше сето тоа откако постигна два гола на натпреварот против Ал Хазем.
„Јас припаѓам на Саудиска Арабија и сакам да останам тука. Оваа земја ме прифати мене, моето семејство, моите пријатели. Среќен сум и повторно повторувам, ќе останам тука“, рече Португалецот.
Со овие два гола, Роналдо се приближи до бројката од 1000 гола во својата професионална кариера. Му недостасуваат уште 36 погодоци од магичната граница.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Милан загуби од Парма и остана без Лофтус-Чик
Милан доживеа шокнтен пораз од Парма на „Сан Сиро“ (0:1) и остана без Англичанецот Рубен Лофтус-Чик
Милан во четири дена испадна од трката за титулата во Серија А. Во средата одигра нерешено на домашен терен со Комо (1:1), а синоќа на истото место беше шокиран од Парма.
По 26 рубди во Серија А, Интер е лидер со 64 поени, 10 повеќе од Милан, додека со по 50 поени следуваат Наполи и Рома.
Покрај поразот од Парма, проблем за Масимилијано Алегри е и тешката повреда на Лофтус-Чик.
Англиченацот имаше жесток судар со голманот на парма, Корви. Остана без неколку заби, заработи и потрес на мозокот, фрактура на вилицата, а според првите прогнози, го очекува долга пауза.
Foto/ depositphotos
Il portiere del Parma esce fuori tempo e commette un fallo criminale su Loftus-Cheek. Il tutto in area di rigore e con la palla in gioco. Rigore netto. Ruben portato in ospedale. Il killer Piccicini fa finta di niente, a Lissone i monitor erano spenti. Vi dovete vergognare pic.twitter.com/64TLKyVtLT
— Simon Templar ❤️🖤❤️🖤 (@FuSimonTemplar) February 22, 2026

