Спорт
Фудбал: Петреску нов тренер на Динамо од Москва

Рускиот фудбалски прволигаш Динамо од Москва за нов тренер го именуваше поранешниот романски репрезентативец Дан Петреску, со кој потпиша договор на три години.
Петреску го презеде Динамо само три дена откако поднесе оставка на тренерското место во Кубан од Краснодар, со изговор дека му треба „нов предизвик“.
Динамо по првите четири кола се наоѓа на последното 16 место, без ниту еден освоен бод и без постигнат гол. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Лено херој, Линделоф и Зикрзе трагичари, Фулам го елиминира Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед испадна од ФА купот. Во осминафиналето, на домашен терен, Фулам по изведувањето пенали го победи Јунајтед. На „Олд Трафорд“ по 120 минути игра резултатот беше 1:1, а пенал серија Фулам ја доби со 4:3. Апсолутен херој е голманот на Фулам, Бернд Лено, кој во четвртата и петтата серија ги одбрани ударите на Виктор Линделоф и Џошуа Зиркзе.
Гостите први дојдоа до гол во осминафиналето. Во судиското надополнување на првото полувреме, Баси најдобро се снајде и го совлада Онана.
Рубен Аморим направи неколку измени, во вториот дел, прво ги внесе Гарначо и Линделоф, а потоа Оби и Касемиро, а во 71. минута Јунајтед успеа да израмни. Дало испрати повратно додавање од левото крило, а на вистинското место се најде капитенот Бруно Фернандеш кој со лева нога погоди за 1:1.
Регуларниот дел заврши без победник, а во продолженијата не се случи ништо значајно. Најдобрата шанса ја имаше младиот напаѓач на Јунајтед Оби, неговиот удар брилијантно го одбрани Лено во 106.минута.
Во пенал серијата за Јунајтед погодија Бруно, Дало и Касемиро, не реализираа Линделоф и Зиркзе. Кај Фулам сите шутери беа прецизни: Раул Химензе, Берге, Вилија и Робинсон.
Спорт
(Видео) Елмас ја најави победата на Торино во Монца

Торино победи во Монца 2:0, во 27.коло во Серија. „Биковите“ ја продолжија успешната серија, имаат еден пораз на последните пет натпревари. Монца е во се потешка ситуација, се наоѓа на последното место со 14 поени и речиси и да нема шанси да избори опстанок во лигата.
Победата на Торино ја најави македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас во 41.минута. Елмс го постигна својот втор гол во дресот на Торино, откако во јануари пристигна во овој клуб на позајмица од Лајпциг.
Победата на гостите ја потврди Касадеи во 66.минута.
Спорт
Адеми се повреди, Ристовски доби црвен картон, Динамо не успеа да го победи Хајдук
Фудбалерите на Динамо и Хајдук ремизираа 2:2 во вечното дерби на хрватскиот фудбал, кое се одигра во 24. коло. Од нерешениот резултат најмногу профитираше лидерот Риека, бидејќи вчера неочекувано ремизираше против Горица. Риека ја задржа предноста од еден бод во однос на Хајдук и седум во однос на Динамо.
Загреб поведе во шестата минута со голот на Мартин Батурина, но Хајдук израмни во 31. минута со автоголот на Бартол Фрањиќ. Ронаел Пјер-Габриел му донесе ново водство на актуелниот хрватски шампион со голот во 48. минута.
Хајдук имаше играч повеќе од 66. минута бидејќи Стефан Ристовски доби црвен картон, а предноста од еден човек ја искористија во 91. минута кога Филип Кровиновиќ постигна гол за израмнување. Во 11.минута од судиското надополнување на времето, црвен картон кај Динамо доби и Галешиќ.
Покрај Ристовски, мечот на „Максимир“ го започна и упте еден поранешен репрезентативец на Македонија, Аријан Адеми, кој поради повреда го напушти теренот во 28.минута.