Спорт
Одложен мечот меѓу Сандерленд и Рединг
Мечот од второто коло на англискиот фудбалски шампионат меѓу Сандерленд и Рединг кој требаше да се одигра во саботата на „Стадионот на светлината“, одложен е поради многу силен дожд и мокриот терен.
Натпреварот требаше да започне во 16 часот, меѓутоа судијата Нил Свабрик по консултациите со менаџерите Мартин О’Нил и Брајан Мекдермот одлучи мечот да не се одигра во закажаниот термин.
Од раководството на Сандерленд изјавија дека одлуката е донесена „и покрај обидите на претставниците на клубот на мечот да се одигра“.
Сандерленд пред натпреварот требаше да ги претстави новите засилувања, крилото Адам Џонсон и напаѓачот Стивен Флечер. Џонсон дојде од актуелниот шампион Манчестер сити требаше да биде претставен на домашните навивачи пред да биде изведен почетниот меч, додека Флечер од Вулверхемптон за 14 милиони фунти за својот нов клуб ќе дебитира некој друг ден.
Напаѓачката двојка може да настапи уште во вторник навечер на мечот во англискиот Лига куп против Моркамб.
Навивачите на Рединг минаа 30о километри и патување од пет ипол часа вод вата правца, без да го водат барем почетниот удар, по што клупската управа на микроблогот Твитер постави порака дека „се срами пред своите поддржувачи и им упатува огромна благодарност на сите коишто патувале“./крај/ббц/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Комо среде Торино го нокаутира Јувентус
Јувентус, во 26-то коло во Серија А, доживеа тежок пораз од Комо (0:2). Ова е прв триумф на Комо, против Јувентус во Торино по 1951 година.
„Старата дама“ со овој пораз ја продлабочи кризата и под знак прашалник го става своето учество во Лигата на шампионите наредната сезона. Јувентус го запиша третиот пораз во низа, четврти на последните пет натпревари во сите натпреварувања. Од друга страна, Комо ја потврди одличната форма, тимот на Сеск Фабрегас, на последните пет гостувања има четири победи и едно реми.
Јувентус е во криза, игра лошо, па можеби поразот од Комо и не е големо изненздување. Со исклучок на шансата во која се најде Опенда, во раната фаза на натпреварот, играчите на лучано Спалети не направи ништо конретно пред голот на противникот. Дури во финишот се закани Копмајнерс, од слободен удар ја погоди стативата.
За разлика од Јуве, Комо делуваше сигурно, со јасен план и цел.
Војвода го постигна првиот гол во 11-та минита, а точка на натпреварот сави Шакере во 61-та минута, кога со гол ја заврши брилијантната котрна на својот тим.
По 26 рунди, Јувентус на петтото место има 46 поени, еден повеќе од шестопласираниот Комо.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакл во Сан Себестијан – Реал Сосиедад не успеа да го победи Овиедо
Еден од најдобрите натпревари оваа сезона во Шпанија се одигра во Сан Себастијан, Реал Сосиедад и Овиедо ремизираа 3:3.
По лошото и неинтересно прво полувреме, во кое немаше голови, во второто присутните на „Аноета“ сведочеа на спектакуларен меч.
„Фенерџијата“, поведе во 50-та минута преку Винас, две минути подоцна Уругваецот со својот втор гол ја зголеми предноста на својот тим.
Оскарсон ја врати надежта во Сосиедад со гол во 64-та минута, а потоа следеше неверојатен финиш. Во 87-та минута, Чалета-Цар израмни за домаќините, кои не застанаа тука.
Три минути подоцна Оскарсон го комплетираше пресвртот со својот втор гол.
Наместо победа и три бода, следуваше шок во 90+2 минута Ерик Бејли го постави конечниот резултат и му донесе бод на Овиедо.
Спорт
Клабо е супермен – Шест трки, шест златни медали
Шест трки, шест златни медали за Јоханес Хенсфотл Клабо на Зимските олимписки игри во Милано и Корина. Суперменот од Норвешка, победи во трката на 50 километри, го освои шестото злато, вкупно 11-то на Олимпиајдите, на кои има и едно сребро и бронза.
Трката на 50 километри, масовен старт, мина во целосна доминација на Норвежаните. Покрај Клабо, кој победи со време 2 часа, седум минути, седум секунд, медали освоија Мартин Нингет и Емил Иверсен.

Норвешката тројка од конкурентите се одвои по 15-от километар, тројцата беа еден до друг се до 46-от километар кога отпадна Ивенрсен. Клабо отпорот на постариот колега го скрши на 500 метри пред целта.
29-годишниот Клабо, со перфектниот настап на овие Олимписки игри, ја истакна кандидидатурата за најдобар спортис во светот во оваа година.
Норвешка ќе ги заврши Игрите како најуспешна нациија, во саботата го освои 18-от златен медал, има и по 11 средби и бронзи.

