Спорт
Билети за Металург-Киелце се продаваат во `Тобако`
Билети за натпреварот од Лигата на шампионите во ракомет Металург-Виве Тарги Киелце од понеделник ќе се продаваат преку дистрибутивната мрежа на `Тобако`.
Ракометниот клуб Металург информира дека од понеделник со почеток од 16 часот, преку ексклузивниот дистрибутер `Тобако` ќе ги пушти во продажба билетите за натпреварот од Лига на шампионите во ракомет со Виве Тарги Киелце (Полска) кој треба да се одигра на во недела на 18.11.2012 година со почеток во 18часот.
Билетите ќе се продаваат по истите цени како и на претходните натпревари во најелитното натпреварување и тоа по 100, 150 и 200 денари за соодветните блокови.
Новина во продажбата за овој натпревар ќе биде, ограничувањето на можноста за купување на не повеќе од четири билети./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фаворитите сигурни во 16.коло во домашниот шампионат
Комплетирано е 16.коло во Првата македонска фудбалска лига, по кое е јасно дека пет клуба ќе се борат за шампионската титула, а остатокот од лигата ќе води ботка за опстанок.
Тимовите од врвот запишаа рутински победи на своите конкуренти. Шкендија, Работнички и Гостивар славеа со идентични 2:0 против Шкупи, Тиквеш односно Вардар. Силекс убедливо со 4:1 го победи тимот на Воска спорт, а Струга минимално со 1:0 го победи Пелистер.
Табела:
Спорт
Маурицио Сари ќе го наследи Пикси на клупата на Србија?
Маурицио Сари наводно ќе биде нов селектор на српската фудбалска репрезентација, доколку таа функција ја напушти Драган Стојковиќ Пикси.
Италијанецот ќе биде првиот пик на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) за наследник на Пикси, пишува „Republika.rs“. Српските медиуми претходно објавија дека Пикси е се поблиску порано да го напушти кормилото на националниот тим и да прифати профитабилна понуда од Азија.
„Maxbet Sport“, тврди дека од Азија биле подготвени да платат обесштетување за Пикси, кој има договор со ФСС до 2026 година. Овој извор не наведува дали станува збор за клуб или репрезентација, но наведува дека новата соработка би можела да започе од почетокот на 2025 година.
Спорт
Алек Ѓорѓиевски, млада надеж во македонскиот 3×3 баскет
Алек Ѓорѓиевски кој е роден 20.11.2000 во Скопје на 9 години почнува да тренира кошарка во клубот “Соколи Карпош”. За две години преминува во клубот “КК Вардар” под водство на тренерот Владимир Мирковски, каде што игра до 14 години. Од “КК Вардар” добива понуда да игра за “ШКК Звездара” под водство на тренерот Стефан Коканович во Србија-Белград, каде игра четири години.
Додека игра за “ШКК Звездара” присуствува во младинска репрезентација на Македонија. Од ШКК Звездара преминува во “КК Куманово 2009” каде игра една сезона и потоа се одлучува да почне да игра 3×3 Баскет. Започнува во екипата “Solution X3” благодарение на Бојан Борисовски, Стефан Трајковски и Огнен Ивановски, каде што учествува на Македонски и интернационални турнири во: Србија, Црна Гора, Грција и Бугарија.
По извесен период е повикан од Македонската репрезентација 3×3 на селективни тренинзи. Во меѓувреме забележан е од повеќе екипи од Р.Србија, каде и го повикуваат да игра за нив.
Во следниот период игра и за дел од нив, 3×3 Палкис на повик од Драган Потич, 3×3 Aтлантик, 3х3 Избачени Ван Рекета, 3×3 KG Wild Boars на повик од Златан Оманович.
Во иднина се гледа да учествува на турнири на високо ниво како што се Ворлд Тур и Челинџер.