Спорт
Калдерон: Мурињо ќе си замине од Реал на крајот на сезоната
Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон тврди дека Жозе Мурињо се заситил од должноста тренер на „кралскиот клуб“, кој, според неговите зборови, ќе го напушти на крајот на сезоната.
„Дали Мурињо ќе остане во Реал Мадрид по оваа сезона? Јас мислам дека тој е решен да си замине. Не можам да кажам дека сум сигурен, но ми се чини дека доста му е од сè заради некои работи, но и дека на некои луѓе во клубот им е преку глава неговото однесување, кое понекогаш не е на ниво на Реал Мадрид“, изјави во интервјуто за Би-Би-Си радио 5 во живо поранешниот претседател на клубот, кој должноста ја извршуваше пред доаѓањето на Мурињо во клубот.
„Мурињо е одличен тренер, но премногу се жали на судиите и УЕФА, ги притиска своите фудбалери да ги третираат ривалите како непријатели. Тоа не е однесување на ниво на Реал Мадрид“, рече Калдерон. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хамилтон: Ова е кошмар, го живеам веќе некое време
Луис Хамилтон не можеше да ја скрие својата фрустрација по уште еден тежок викенд во Ферари. Британецот доживеа серија судири, казни и конечно се повлече во Сао Паоло, продлабочувајќи ја кризата во својата дебитантска сезона во црвениот болид. Седумкратниот шампион признава дека веќе некое време се чувствува како да е заглавен во кошмар.
Седумкратниот светски шампион мораше да се откаже по хаотичниот настап обележан со комбинација од судири, казни и технички проблеми.
Хамилтон имаше две „блиски средби“, прво со возачот на Вилијамс, Карлос Саинц, а потоа и со Франко Колапинто од Алпин.
Хамилтон подоцна призна за „Скај Спортс Ф1“, дека тешко се носи со резултатите што ги постигнува оваа сезона.
„Ова е кошмар, го живеам веќе некое време“, рече Хамилтон. „Таа разлика помеѓу сонот да возам за овој неверојатен тим и кошмарот од резултатите што ги имаме, подеми и падови – тоа е предизвикот.“
„Сепак, ќе се издигнам, ќе продолжам да тренирам и да работам со тимот. Навистина сакав да освојам поени овој викенд, но ќе се вратам најсилен што можам на следната трка и ќе се обидам да го поправам тоа.“
Спорт
(Видео) Нестварни сцени во Канада – снег до колена, натпревар на векот и ножичките на Родригез
Фудбалерите на Атлетико Отава ја освоија својата прва титула во Канадската Премиер лига (КПЛ) откако го победија Кавалри ФК со 2:1 во продолжение во неверојатни услови, среде снежна бура. Херој на вечерта беше Давид Родригез, кој ги постигна двата гола за својот тим и им го донесе историскиот трофеј од Купот Норт Стар.
Двата тима во неделата вечерта во Отава се бореа со времето исто колку и едни со други, а битката за шампионската титула се одвиваше во речиси невозможни услови.
Почетокот на натпреварот беше одложен поради обилните снежни врнежи. Персоналот користеше механизација и лопати во текот на целата ноќ за да ги расчисти линиите на стадионот ТД Плејс, а понекогаш и самите играчи им притрчаа на помош.
Навивачите кои се осмелија да дојдат на стадионот и покрај студот беа предупредени да не фрлаат снежни топки на теренот.
Гостите од Калгари први поведоа. Фрејзер Ерд погоди од пенал во 32-та минута, но славењето не траеше долго. Само неколку минути подоцна, Давид Родригез израмни со спектакуларен удар со ножички.
По основните 90 минути, резултатот остана 1:1, а имаше пауза од речиси еден час за повторно да се исчисти теренот од снегот.
Кога играта продолжи, одлучувачкиот момент се случи во 106-та минута. Родригез прими долга топка од Мани Апарицио и го лобуваше голманот Марко Кардучи за водство и, како што се покажа, победа.
За Атлетико, ова е прва титула во нивната историја, откако загубија во финалето од Форџ ФК во 2022 година. Од друга страна, Кавалри ФК, шампионите во 2024 година, не успеаја да ја одбранат титулата.
Спорт
Алкараз го презеде бројот 1 од Синер, Ѓоковиќ се врати на четвртото место
Карлос Алкараз се врати на првото место на АТП листата, на која од денес Новак Ѓоковиќ е на четвртото место, а Тејлор Фриц назадуваше за две позиции.
Алкараз го презеде првото место на АТП листата од Италијанецот Јаник Синер, кој моментално е втор играч во светот со 10.000 поени. На синер му беа избришани 1.500 поени освоени минатата сеозна кога го освои Завршниот мастерс.
Математиката е јасна, доколку Алкараз забележи уште две победи на Завршниот мастерс, кој вчера започна во Торино, ќе биде број е на крајот од годината, дури и доколку Синер го освои турнирот без пораз.
Алкараз и Синер се далеку пред конкурентите, имаа 5.000 поени повеќе од Алкесандар Зверев на третото место.
Ѓоковиќ, во саботата победи во Атина на турнирот од серијата 250. Србинот стана најстариот победник на АТП турнир и се искачи на четвртото место. Инаку, Ѓоковиќ, поради повреда го откажа настапот на Завршниот мастерс.
Зад него е Бен Шелтон, кој го бележи најдобриот пласман во кариерата. Две места назадуваше Тејлор Фриц, тој се наоѓа на шестата позиција.
Следуваат Австралиецот Алекс де Минор, Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, Лоренцо Мусети и Британецот Џек Дрејпер, кој е 10-ти на листата на најдобри играчи во светот.

