Спорт
Меѓународен семинар за добивање на тренерска лиценца за реален АИКИДО
ренери од главните клубови во Република Македонија, Србија и други држави од Балканот, во сабота се собраа во Битола, на меѓународниот семинар за добивање на тренерска лиценца за реален АИКИДО во организација на АИКИДО федерацијата на Македонија.
Битола како главен аниматор во државата, веќе доби и седиште на Светскиот центар за реален АИКИДО:
„Тоа е редовна активност согласно календарот на АИКИДО федерацијата на Македонија и имаме голема чест и задоволство да го претставиме и да го примиме во нашите редови претседателот на Светскиот центар за реален АИКИДО Љубомир Врачаревиќ кој е носител на мајсторски појас 10 ти дан. АИКИДО федерацијата на Македонија е членка на светскиот центар за реален аикидо која обединува преку 50 земји членки од целиот свет и морам да кажам дека Битола е главниот аниматор во Република Македонија, а од неодамна имаме седиште на Светскиот центар за реален АИКИДО кое треба да се озваничи во мај месец за Балканските земји и тоа за Романија, Бугарија, Албанија, Турција, Грција и Македонија. Главното седиште ќе биде тука, а јас како претставник на бордот на директори на Светскиот центар ќе ја водам таа работа, а воедно и како добитник на највисоко признание доделено од Евроската куќа на славни, единствен македонец сум претставник во Европската куќа на славните за боречки вештини“, изјави Ѓуро Илиќ, претседателот на реален АИКИДО на Македонија.
Претседателот на Светскиот центар за реален АИКИДО Врачаревиќ, во Битола ја искажа својата радост што на едно место се собраа сите мајстори и тренери кои водат клубови за реален аикидо, клубови за самоодбрана.
„Сите овие луѓе кои што се овде, добиваат само одредена доза на ново знаење за да можат оваа 2013 та година, да работат со деца и млади и јас сум задоволен како функционира реалниот АИКИДО во Македонија, затоа што се повеќе млади се определуваат за оваа спортска дисциплина која што сигурно им овозможува на младите да се снаоѓаат, да знаат да се заштитат, да знаат да ја искористат техниката за самоодбрана“, изјави Врачаревиќ.
„Овде веќе имаме реализирано една важна работа. Ова беше наша урбана заедница, која што по иницијатива на претседателот на реален АИКИДО на Македонија, Ѓуро Илиќ со негови големи заложби ова прерасна во еден центар на боречки вештини. Ова е една заедничка соработка и на мое големо задоволство , на негова покана и на покана на една голема легенда, гдин Врачаревиќ, кој што има 10 ти дан во реален АИКИДО денеска присуствувам на овој семинар за добивање на лиценци. Атмосферата е одлична, има многу присутни од многу градови, од повеќе земји и заложбата на претседателот, сето она што тој го направи, дава големи резултати. Значењето е уште поголемо затоа што со присуството на господинот Врачаревиќ и се ова што се случува во овој центар се подигнува духот на младите луѓе, мислам дека многу правилно се насочуваат во животот, едноставно овде нема да сретнете човек кој што некако застранил или има дилеми како да го продолжи животот. Убеден сум дека спортот во годините кои што следуваат ќе добие централно место во нашиот град, така што ова е една од тековните манифестации на овој клуб, а денеска имаме и други спортски настани, како и вчера, вечерва во спортската сала имаме кошаркарски натпревар, така што како и што планиравме, поддржувајќи го, спортот почнува навистина да заживува. Ќе направиме се да ги подобриме условите и во реконструкција на објектите и во поддршка на клубовите, сите наши луѓе да се вклучуваат во спортски активности. Со тоа младите да имат уште подобри услови за развој во вистинска насока“, изјави градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески.
Во име на светскиот центар Врачаревиќ за Градоначалникот Талески подготви подарок со симболи и облека кои се користат во ова дисциплина, а истите значат почит и благодарност за големата поддршка. Притоа Врачаревиќ изјави:
„Светскиот центар одлучи во Битола да се отвори канцеларија на светскиот центар за реален АИКИДО и целиот овој регион едноставно да комуницира преку Битола. Јас сакам таа канцеларија да биде актуелна, така што уште повеќе млади луѓе ќе се вклучуваат во оваа наша дисциплина и во име на Светскиот центар му подаруваме еден скромен подарок на г-динот градоначалник“, изјави Врачаревиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Белингем ги загрижи фановите, снимен со маска за кислород
Ѕвездата на Реал Мадрид, англискиот играч од средниот ред, Џуд Белингем, ги загрижи навивачите откако предвреме го напушти натпреварот против Рајо Ваљекано поради повреда на тетивата.
Дополнително внимание предизвика неговата објава на социјалните мрежи во која носи маска за кислород со пораката: „Животот продолжува“.
📲 Jude Bellingham on his app: “Life goes on.” pic.twitter.com/8xj6XoLgNr
— Madrid Zone (@theMadridZone) February 3, 2026
Белингем почувствува непријатност во задниот мускул на левата нога пред почетокот на натпреварот, а за време на загревањето се држеше за болното место.
Во деветтата минута од натпреварот, болката стана неподнослива и Англичанецот мораше да го напушти теренот.
Веднаш по натпреварот, Реал направи магнетна резонанца, а вестите не беа добри. Белингам има сериозна повреда на мускулот на левата нога. Клубот објави дека закрепнувањето ќе биде внимателно следено и дека точниот датум на враќање на теренот сè уште не е познат.
Според проценките, Белингем ќе ги пропушти следните лигашки натпревари против Валенсија, Реал Сосиедад, Осасуна и Хетафе, како и дуелот од нокаут фазата на Лигата на шампионите со Бенфика.
Ова е дополнителен удар за младиот Англичанец, кој веќе го пропушти почетокот на сезоната поради операција на рамото по Светското клупско првенство во САД.
Foto/ depositphotos
Спорт
Швеѓанец ја презеде Пиза
Шведскиот тренер Оскар Хилемарк потпиша договор со Пиза до јуни 2027 година, наследувајќи го Алберто Џилардино, кој беше отпуштен на 1 февруари.
Пред да се приклучи на Пиза, Хилемарк беше тренер на Елфсборг, овој тим го водеше од летото 2024 година.
Пред него е тешка задача, борбата за опстанок во Серија А. Пиза е претпоследна со 14 бода, откако забележа само една победа во 23 кола од Серија А. Моментално се на четири бода од безбедната зона.
Хилемарк помина четири години во Италија за време на својата кариера, играјќи за Џенова и Палермо. Како играч, тој беше шампион на Шведска со Елфсборг во 2012 година, а во 2015 година го освои холандското првенство со ПСВ.
Хилемарк ја заврши својата кариера во 2021 година во Алборг, Данска, и веднаш се посвети на тренерската работа.
Прво беше помошник тренер во Алборг, а од март 2023 до јуни 2024 година беше главен тренер на данскиот клуб.
Спорт
„Бразил без Нејмар е само обичен тим“
Дали Нејмар ќе игра за Бразил на Светското првенство ова лето е прашање со кое светските медиуми, секако најмногу оние во Бразил, се справуваат речиси секој ден.
Бразилската легенда Ромарио верува дека Бразил не е Бразил без Нејмар. За него, Нејмар е сè уште најважниот играч во националниот тим.
„Отсуството на Нејмар е секако многу лошо за Бразил. Шестата титула е секако потешко да се освои без него“, рече Ромарио.
„Можеме само да се надеваме дека тој ќе биде физички добро и дека ќе може да даде сè од себе“, додаде тој.
Ромарио е свесен за физичките проблеми што ги има Нејмар долго време, но верува дека без оглед на тоа, тој е сè уште најважниот играч во националниот тим:
„Не знам дали ќе може да биде со тимот без никакви проблеми. Но, ако Нејмар е на 70 проценти од своите можности, тоа е веќе многу добро, и тој би бил од помош, и би направил разлика.“
„Без Нејмар, бразилската репрезентација е за жал само уште еден обичен тим“, заклучува Ромарио.
Од првиот ден кога ја презеде бразилската репрезентација, Карло Анчелоти повтори, и продолжува да повторува, дека не ја исклучува опцијата Нејмар да игра за репрезентацијата. Но, што се однесува до Светското првенство, Анчелоти вели дека ќе го повика Нејмар само ако е целосно подготвен и здрав.
Поминаа речиси две и пол години откако Нејмар последен пат играше за Бразил. Тој го одигра својот последен натпревар за репрезентацијата на 17 октомври 2023 година против Уругвај кога беше повреден.
Оттогаш, со сите промени во тимот и околу тимот, Бразил одигра 26 натпревари, забележа 11 победи, осум нерешени резултати и седум порази.
Foto/ depositphotos

