Спорт
Де Геа: Среќен сум во Манчестер Јунајтед
Еден од најдобрите играчи на Манчестер Јунајтед во првиот двобој од осмина финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, голманот Давид Де Геа, ги отфрли тврдењата дека наскоро би можел да го напушти Олд Трафорд.
„Среќен сум во Јунајтед, секој ден сум сè позадоволен“, изјави Де Геа кој беше еден од ‘главните виновници’ што Реал Мадрид не победи на Сантијаго Бернабеу.
„Беше тоа одличен меч. Двете екипи одиграа добро. Верувам дека имаме доволно квалитет да избориме продолжување на натпреварувањето. Нема да биде лесно, но ќе сториме сè да ги запреме“, порача младиот Шпанец по мечот што заврши со резултат 1:1.
Британските медиуми неодамна објавија дека менаџерот на Јунајтед Алекс Фергусон не е задоволен од настапите на младиот Шпанец и дека бара поискусен голман. Де Геа стигна на Олд Трафорд во јуни 2011 година од Атлетико Мадрид за 20 милиони евра. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Роберто Де Зерби ќе добие отказ поради чудо во Лисабон?
Тренерот на Олимпик Марсеј, Роберто Де Зерби, е во сериозна опасност да биде отпуштен, објави Радио Монте Карло Спорт (RMC).
Истиот извор наведува дека се во тек разговори меѓу сите страни за да се донесе одлука за иднината на Де Зерби на клупата на клубот од „Велодром“.
Статусот на италијанскиот стручњак беше доведен во прашање по елиминацијата на Марсеј од Лигата на шампионите.
И покрај поразот од 3:0 од Ливерпул во претходното коло, пред последниот натпревар, францускиот клуб имаше одлична шанса да се пласира меѓу 24-те екипи и да игра плејоф, но тоа не се случи поради неверојатниот крај на натпреварот во Лисабон.
Пред гостувањето во Клуб Бриж, Марсеј имаше дури 94 проценти шанси за пласман, меѓутоа, поразот од 3:0 во Белгија, заедно со победата од 4:2 на Бенфика над Реал Мадрид и други неповолни резултати доведоа до тоа францускиот клуб да заврши на 25-то место на табелата и да не продолжи со натпреварувањето.
Марсеј моментално е трет на табелата во Лига 1, седум бода зад лидерот Пари Сен Жермен.
Foto/ depositphotos
Спорт
Кристал Палас напаѓач најде во Вулверхемптон
Јорген Странд Ларсен е нов член на Кристал Палас.
Норвежанецот му се приклучи на клубот од јужен Лондон од Вулверхемптон, кој е на дното на табелата во елитниот ранг на англискиот фудбал.
Според медиумите на Островот, вредноста на трансферот е 52 милиони евра плус шест милиони што може да ги заработи преку бонуси. Ова е втор најголем трансфер во овој преоден рок, по оној на Антоан Семењо. Репрезентативецот на Гана за 72 милиони евра од Борнмут замина во Манчестер Сити.
Ларсен одигра 63 натпревари за Вулверхемптон и постигна 20 гола. Оваа сезона, тој ја погоди противничката мрежа шест пати во 25 натпревари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Реал добил понуди од 100 милиони евра за Белингем
Реал Мадрид се соочува со неочекуван сценарио околу една од своите најголеми ѕвезди. Џуд Белингем, доведен како стратешко засилување и клучен играч на проектот, оваа сезона не игра добро, едноставно не може да се вклопи во тимот.
Клубот е свесен дека англискиот играч за врска не поминува низ најдобриот период и, иако официјално не е на продажба, сериозна понуда би можела да го натера Флорентино Перез да се премисли, пишуваат шпанските медиуми.
Во последните недели, клубот добил понуди од Премиер лигата кои надминуваат 100 милиони евра.
Водечките англиски клубови веруваат дека британскиот репрезентативец е сè уште пазарна можност и се подготвени да инвестираат многу пари во летниот преоден рок.
Таа сума би му овозможила на Реал Мадрид да ја врати инвестицијата и да ослободи простор за реконструкција на средниот ред. Во моментов, ставот на раководството е цврст: Белингем не е на продажба, но целокупната ситуација во клубот внимателно ја следат.
Во клубот постои загриженост бидејќи фудбалерот не се чувствува целосно удобно во својата моментална улога. Неговите напаѓачки перформанси се намалени, барањата во одбраната се поголеми, а статусот во тимот се промени со доаѓањето на нови ѕвезди. Сето ова предизвикува одредена фрустрација кај него.
Реал Мадрид го поддржува, но ако не се подобри до крајот на сезоната, ниту една опција нема да биде исклучена. Клубот го цени неговиот талент, возраст и комерцијално влијание, но дава приоритет на рамнотежата во соблекувалната и спортската конзистентност на проектот.
Прифаќањето на продажба за повеќе од 100 милиони евра би му овозможило на Мадрид да зајакне неколку клучни позиции или да бара профил на играч кој подобро се вклопува во моменталниот систем.
Белигем постигна шест гола и забележа четири асистенции во 27 натпревари оваа сезона.
Foto/ depositphotos

