Контакт

Популарно

32 интернационални тимови дел од Светскиот шампионат во „Фудбал за пријателство”

Објавено пред

Интернационалната општествено одговорна програма за деца „Фудбал за пријателство“ на компанијата „Гаспром“ повторно ја почна својата еколошка иницијатива. Како дел од оваа иницијатива, 32 интернационални тимови на пријателство се именувани по ретки и загрозени видови животни кои се дел од црвената листа на загрозени животински видови.

Традиционално, интернационалните тимови за пријателство ќе бидат формирани според главниот принцип на проектот „Фудбал за пријателство“ и ќе бидат составени од млади фудбалери на 12-годишна возраст од различни националности, различен пол и физички способности. Оваа година, Светското првенство во Фудбал за пријателство ќе се одржи во Мадрид од 28 мај до 2 јуни, а дел од него ќе бидат тимовите именувани како: Азиски слон, Калифорниски кондор, Тасмански ѓавол (месојаден торбар, загрозен вид од Тасманија), Ориентален штрк, Фоса (карнивор со изглед на мачка, ендемичен вид од Мадагаскар), Филипински крокодил, Снежен леопард, Албатрос од Амстердам, Чинчила, Црвена панда, Сунда Панголин (попознато како малајански или јавански панголин), Тату-канастра (џиновско армадило) и други. Целата листа на имињата на интернационалните тимови можете да ја погледнете на https://myteam.footballforfriendship.com/.

Еколошката иницијатива на програмата е насочена кон зголемување на свеста за животната средина. За првпат во 2018 година меѓународните тимови за пријателство беа именувани според загрозени видови животни. Како дел од оваа екоиницијатива, за време на завршните настани на минатогодишната сезона на проектот, превозот на учесниците се реализираше со помош на еколошки автобуси кои работат на гориво од природен гас.

Воедно, на оваа иницијатива се приклучија национални паркови и резервоари од целиот свет, меѓу кои од Русија, САД, Непал, Велика Британија. Оваа година, како дел од интернационалниот камп на пријателството и Школата за деветте вредности, претставници на различни меѓународни еколошки организации ќе спроведат едукативни работилници за младите учесници на тема екологија. Финалните настани од овогодишната сезона ќе се одржат во Мадрид од 28 мај до 1 јуни, за времетраење на финалето на Лигата на шампиони.

„Минатата година ни претставуваше големо задоволство што бевме поканети од страна на Организацискиот комитет на проектот ‘Фудбал за пријателство’ да ги едуцираме децата од 211 земји и региони на тема екологија. Од голема важност е да се разговара со децата за заштита на природните ресурси, обединувајќи ги младите учесници од овој проект од различни земји кои поддржуваат исти вредности. Се надеваме дека програмата, како и екоиницијатива, и понатамошно ќе продолжат да се развиваат, а бројот на учесниците ќе се зголеми” – вели Сергеј Арамилев (Sergey Aramilev), генерален директор на центарот Amur Tiger.

(ПР објава)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Уште 10 дена до затворање на пријавувањето на Skopje Run 10K

Објавено пред

Третата по ред Skopje Run 10K е повторно организирана од искусниот тим на „Визер – Скопски маратон“ и Сојузот на спортовите на Скопје.

Минатата година речиси 1.600 тркачи излегоа на патеката на прекрасното време и целосно ја пренесоа пораката дека спортот и спортскиот начин на живеење е значаен дел од секојдневието во Скопје и Македонија.

Skopje Run 10K ќе се одржи в недела, 6 октомври 2019 година, со почеток во 9 часот. На агендата се две трки, и тоа 10 км и штафетна трка 2 х 5 км, каде што двајца тркачи трчаат по 5 км и каде што секој штафетен тим треба да има уникатно име, а тимовите може да бидат мешани, машки и женски.

Стартните пакети ќе се подигаат на 4 и 5 октомври во кугланата во „А1 арената“ СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. На 4 октомври (петок) подигањето на стартните пакети ќе биде од 12 до 18 часот, а на 5 октомври (сабота) од 10 до 18 часот. При подигање на стартниот пакет, учесниците ќе треба да покажат документ за идентификација.

Сите заинтересирани треба да се пријават на www.skopje.run или www.smartrace.club.

Самата трка оваа година е малку променета и стартот е од фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк по што се трча по булеварот Илинден до улицата Никола Парапунов, каде што се врти назад повторно до финишот, кој е кај фонтаната „Лотус“.

3Д-мапата е поддржана од Pic2Go, кој и оваа година е дел од Skopje Run 10K и од каде што секој може да ги сподели своите фотографии на социјалните мрежи по завршување на трката. За повеќе детали посетете го следниов линк.

Генерален покровител на трката е Агенцијата за млади и спорт, покровител е Град Скопје, а огромна помош има и од партнерите и спонзорите. Оваа трка е влезена во календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската атлетска асоцијација (ЕАА).

Организатор на трката е Сојузот на спортовите на Скопје во соработка со АК „Работнички“ и Атлетската федерација на Македонија и со помош на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

 

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Популарно

Руска атлетичарка пронајдена мртва покрај патот каде што тренирала

Објавено пред

Руската атлетичарка Маргарита Плавунова (25) била пронајдена мртва покрај пат, откако ѝ се слошило за време на тренинг.

Трагедијата се случила додека трчала во местото Мошанск, каде што била во посета на нејзината баба.

Телото покрај патот го пронашле случајни минувачи.

Локалниот атлетски сојуз соопшти дека причина за смртта е срцев удар, додека извештаите на локалните медиуми тврдат дека причината за нејзината ненадејна смрт е големото оптоварување за време на тренингот, пренесува британскиот „Дејли мирор“.

Според очевидци, Плавунова одеднаш паднала за време на тренингот во регионот каде што била на летување. На местото на трагедијата ја пронашле локални жители, кои повикале брза помош, но лекарите не можеле да направат ништо за да ѝ го спасат животот.

Маргарита била повеќекратна студентска и регионална шампионка во дисциплината 60 метри со пречки, а се натпреварувала и на 100 и 400 метри со пречки.

Покрај атлетиката, таа се занимавала и со манекенство.

 

Прикажи повеќе...

Популарно

Планинскиот тркач Кирковски го совлада највисокиот швајцарски врв за помалку од 5 часа

Објавено пред

Македонскиот планинар и планински тркач, Александар Кирковски, вчера (9. август) реализира успешно брзинско искачување на највисокиот врв во Швајцарија – Дуфуршпиц (4.634 мнв).

Поаѓајќи од домот Монте Роса на 2.880 метри надморска височина во 5 часот наутро, до врвот и назад на Кирковски му беа потребни вкупно 4 часа и 28 минути.

Врвот Дуфуршпиц се наоѓа на Пенинските Алпи на границата помеѓу Швајцарија и Италија, а за првпат е искачен во 1855 година.

Рутата до врвот има долг пристап со минување по глечери и карпест гребен во завршниот дел, а се искачуваат 1.800 висински метри.

Претходно Кирковски во ваков стил има реализирано брзински искачувања на Мон Блан (4.810 мнв), Елбрус (5.642 мнв), Аконкагва (6.962 мнв) и други врвови.

Трендот на брзо искачување со минимум на опрема во високите планини се нарекува „скајранинг“ и станува популарен во последните 20-тина години, а овој спорт е дел од програмата на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 часа

Вечерва нов земјотрес во Албанија

Нов земјотрес со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, вечерва ја стресе Албанија. Земјотресот е на длабочина од 30...

Регион10 часа

Десетици повредени во земјотресот во Албанија, граѓаните вознемирени истрчаа на улиците

Најмалку 49 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,8 степени што денеска го стресе западниот дел од Албанија,...

Македонија12 часа

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Топ13 часа

Нападнат вработен на Kомплексот клиники „Мајка Тереза“

Вчера во полициската станица бил пријавен физички напад што се случил на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот го пријавил 61-годишен...

Топ14 часа

Фатени двајца крадци кои ограбиле пет маркети во Охрид

МВР соопшти дека поднеле кривични пријави против две лица кои се сомничат за пет кражби во Охрид. Едниот е на...

Топ17 часа

(Видео) Во координирана полициска акција во 24 градови пронајдени и одземени поголеми количества дрога и оружје

По претходно изготвен план за преземање на конкретни мерки и активности, со наредби од судија на претходна постапка, вчера од...

Свет19 часа

Зариф: САД се очајни, со санкциите сакаат да ги спречат Иранците да добиваат лекови

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф ги обвини САД дека со новите санкции против иранската централна банка сакаат...

Свет19 часа

„Фејсбук“ укина илјадници апликации

Компанијата „Фејсбук“ објави дека укинала десетици илјади апликации, кои биле потенцијална опасност за приватноста на корисниците, а тоа го покажала...

Топ19 часа

Кривична пријава против Јосифовски поради хакирање на Централниот регистар

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник од Нова содицијалдемократска партија, Љубомир Јосифовски, поради...

Топ19 часа

Автомобил удри во жена во Маџари

Тешко повредена 41-годишна жена од Скопје, откако во неа удрил автомобил „Фолксваген пасат“ на ул.„Перо Наков“. Б.Ѓ. се здобила со...

Свет20 часа

Трамп одобри распоредување на воени трупи во Саудиска Арабија и ОАЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри распоредување американските сили во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, после нападот врз саудиската нафтена...

Македонија1 ден

Советот за реформи во правосудството: Избор на шеф на обвинителство предложен од партија отвора врата за политизација

Избор на шеф на кое било јавно обвинителство на предлог на политичките партии, вклучувајќи ја опозицијата, е решение кое отвора...

Интервју/Дебата1 ден

(Видео) Поповска од ДОМ: Оптимист сум дека на следните избори ќе гласаме во една изборна единица

Пратеничката од партијата ДОМ, Лилјана Поповска, во интервју за „Макфакс“ изјави дека очекува да помине иницијативата за една изборна единица...

Свет2 дена

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Топ2 дена

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија2 дена

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Македонија2 дена

(Видео) Одложено судењето на Латас, предметот „Тотал“ сѐ уште во доказна постапка

Денешното рочиште за случајот „Тотал“, каде што обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 17 октомври...

Свет2 дена

Во светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во...

Свет2 дена

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа, еден загинат и петмина повредени

Еден човек загина, а петмина се повредени при пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Не...

Свет2 дена

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска, ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп....

Досие