Спорт
Македонија атакува на висок пласман на ЕП во шах

Пласман меѓу првите 15 е целта на машката шаховска репрезентација на Македонија на Европското првенство во Србија
Пласман меѓу првите 15 е целта на машката шаховска репрезентација на Македонија на Европското првенство (ЕП), што од 22 до 30 октомври ќе се одржи во Нови Сад, Србија.„Европските првенства секогаш се посилни од олимпијадата. Конкуренцијата и овој пат ќе буде исклучително силна.Нашите очекувања се да бидеме меѓу 20-те најдобри репрезентации на стариот континент, а пласман меѓу првите 15 ќе биде голем успех“, изјави на денешната прес конференција, селекторот на машката шаховска репрезентација Александар Кизов.Тој посочи дека формата на машкиот состав е во нагорна линија и оти особено радува добрата форма на велемајсторот Влатко Георгиев, кој ќе игра на првата табла.„Георгиев на неодамнешниот европски клупски куп во Охрид го освои златниот медал и најави повторување на успехот и на ЕП.“, додаде селекторот Кизов.Во составот на машката шаховска репрезентација се Влатко Георгиев, Никола Митков, Трајче Недев, Ѕвонко Станојовски и Филип Панчевски. Македонија е рангирана како 27 на официјалната листа, а вкупниот број репрезентации – учеснички на ЕП ќе биде познат во среда , пред свеченото отворање на Првенството во Нови Сад.На ова ЕП ќе нема слободен ден за шахистите, што според селекторот Кизов е хендикеп за сите репрезентации. Главни фаворити за освојување на медалите се Ерменија, Азербејџан и Русија. По подолга пауза, на ЕП во Нови Сад, Македонија ќе настапи и со женскиот национален состав, кој е рангиран на 28 од вкупно 32 репрезентации./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ ќе испрати понуда за дефанзивецот на Валенсија

Foto/ EPA-EFE/Ana Escobar
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, има намера да ја засили одбраната во летниот преоден рок.
Веднаш по завршувањето на сезоната, ПСЖ стапи во контакт со Борнмут во врска со украинскиот дефанзивец Иља Забарњи. Преговорите не вродија со плод, Борнмут не отстапува од сумата која ја одреди. Клубот од јужниот дел на Англија бара 60 милиони евра.
Свесни дека Борнмут нема да попушти, од ПСЖ се свртеа кон играчот на Валенсија, Јарек Гашоровски.
Иако е под договор до 2027 година, Валенсија би можела да прифати понуда од околу 12 милиони евра, што е далеку под откупната клаузула од 60 милиони евра.
Покрај ПСЖ, интерес за Гашоровски покажаа и Брајтон, ПСВ …
Спорт
Баерн заинтересиран за Маркус Рашфорд

Foto/ EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON
Фудбалскиот клуб Баерн е заинтересиран за напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд (27), откако Астон Вила потврди дека нема да го откупи неговиот договор за 47 милиони евра.
Германските медиуми објавија дека скаутите на Баерн ги следеле натпреварите на англискиот репрезентативец во Бирмингем минатата сезона.
„Рашфорд совршено се вклопува во профилот на играч што му е потребен на Баерн. Тој е способен да игра на левата страна и како напаѓач“, пишува „Билд“.
Некои британски медиуми објавија дека приоритет на Рашфорд е да ја продолжи кариерата во странство, бидејќи сака да оди во клуб кој ќе се бори за трофеи.
Деновиве тој изјави дека би сакал да игра со Ламин Јамал во Барселона, но иако Каталонците се заинтересирани, проблемот се парите.
Рашфорд ја започна кариерата во младинските категории на Манчестер јунајтед, а за првиот тим на клубот „од Олд Трафорд“ одигра 426 натпревари и постигна 138 голови.
Спорт
Дуран по само шест месеци го напушти Ал Наср

Foto/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN
Колумбискиот напаѓач Џон Дуран (21) по само шест месеци си замина од Ал Наср. Во јануари Астон Вила го продаде Дуран во Ал Наср за 77 милиони евра и потенцијални бонуси.
Во клубот од Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, играше со Кристијано Роналдо, но не успеа да ја освои титулата. Дуран постигна 12 гола на 18 настапи, а сега го напушта клубот и се враќа во Европа.
Иако потпиша договор до 2030 година, тој оди на позајмица во Фенербахче. Таму ќе ја преземе улогата на Един Џеко под водство на Жозе Мурињо.
Дуран се проби низ МЛС, од каде, по 27 натпревари и осум гола за Чикаго Фаер, замина за Астон Вила за нешто помалку од 18 милиони фунти. Имаше само 19 години.