Спорт
Николовски – Хаџи Ристески се става над законот

Кандидатот за претседател на ФФМ Благоја Николовски го обвини неговиот против кандидат Харалампие Хаџи – Ристески дека манипулира со делегати, кои немаат легитимитет да гласаат на претстојното Изборно собрание.
Кандидатот за претседател на ФФМ Благоја Николовски го обвини неговиот против кандидат Харалампие Хаџи – Ристески дека манипулира со делегати, кои немаат легитимитет да гласаат на претстојното Изборно собрание.Николовски на прес конференција попладнево посочи дека станува збор за вкупно 11 делегати од четири општински сојузи, за кои нема решенија од Агенцијата за млади и спорт (АМС).Обвинувајќи го Хаџи Ристески и неговите соработници дека се ставаат над законот, Николовски праша, зошто во спротивно во статутот на ФФМ не е вметната одредбата дека сите општински фудбалски сојузи, кои немаат решенија од АМС немаат право да делегираат свои претставници.Николовски, кој е единствен против кандидат на актуелниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Хаџи-Ристески, изнесе детали од одговорот на дописот до АМС дека во случај Изборното собрание да се одржи со овој состав на делегати, легитимноста на изборот ќе биде сериозно доведена во прашање.Тој најави дека очекува да го добие потребниот број гласови на Изборното собрание и по два мандати да го смени од чело на ФФМ Хаџи Ристески.„Моите сознанија се дека имам доволен број на гласови да победам“, изјави Николовски, одговарајќи на новинарско прашање.Николовски е единствениот противкандидат на Хаџи Ристески во трката за претседател на ФФМ; откако кандидатурата на Масар Омерагиќ беше отфрлена како спорна./крај/ег
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ станува ко-сопственик на фудбалски клуб

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде еден од инвеститорите во фудбалскиот клуб Ле Ман. Претставници на клубот одржаа конференција во петокот за да ги претстават новите финансиски партнери.
Станува збор за бразилскиот инвестициски фонд „Аутфилд“, кој ќе има малцински удел, а во проектот се вклучени, меѓу другите, Новак Ѓоковиќ, како и возачите на Формула 1 Кевин Магнусен и Фелипе Маса.
Тука е и Џорџ Франгулис, момчето на Арина Сабаленка, кој е и извршен директор на компанијата „Оукбери“, која влегува во клубот преку бразилскиот фонд.
Ле Ман игра во втората лига, Лига 2, оваа сезона, а претседателот Тиери Гомез неодамна потврди дека сака да види доаѓање на нови финансиски партнери во клубот.
Основан во 1985 година, клубот помина шест сезони во највисоката француска лига во првата деценија од 21 век, но не играл во највисоката лига од сезоната 2009/10.
Спорт
Интер на Меси му нуди договор „да игра до кога сака“

Фудбалскиот клуб Интер Мајами е во преговори со Лионел Меси за продолжување на договорот.
Доколку не се случат непредвидени настани, Аргентинецот ќе остане во Мајами. Се зборуваше за негово можно заминување со цел подобро да се подготви за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се игра во Канада, Мексико и САД, а би било лош публицитет за Американците ако Лео одлучи да си замине кога ќе му истече договорот на крајот од годината.
Се шпекулираше дека сака да игра во посилна лига, но Интер прави сè за да го задржи, па затоа по негова волја беше доведен и Родриго де Пол од Атлетико Мадрид. Интер за овој трансфер издвои 15 милиони евра.
Покрај тоа, тие размислуваат за договор од најмалку три години, па дури и подолг доколку Лео го сака тоа. Ќе се обидат да постигнат договор според кој Аргентинецот ќе може да избере кога сака да стави крај на својата кариера, односно тоа да не е временски ограничено.
После тоа, Меси би се фокусирал повеќе на учество во управувањето со Интер Мајами, каде што има и акции, но не би било изненадувачки ако се посвети на одредени операции во Барселона.
Спорт
Њукасл јунајтед одбил вистинско богатство за Исак

По неколку недели шпекулирање, Ливерпул конечно одлучи да испрати официјална понуда до Њукасл за најдобриот стрелец на тимот, Исак. „Страчките“ ја одбиле понудата.
„Њукасл одби понуда од 120 милиони фунти, или речиси 140 милиони евра и одредени бонуси, испратена до нив од Ливерпул“, објави новинарот на „Атлетик“ Дејвид Орнштајн.
Наместо да ја прифати понудата, Њукасл му понуди на 25-годишниот напаѓач нов договор со клаузула за заминување што може да се активира следното лето, но тој остана цврст во својата одлука да го напушти клубот.
Неговата желба е да се пресели во Ливерпул, но она што е сигурно е дека клубот од „Сент Џејмс Парк“, нема да го пушти шведскиот репрезентативец сè додека, односно, не најде соодветни засилувања.
Њукасл претходно изрази интерес за Јоан Виса од Брентфорд, кој одби да тренира (за што ќе биде строго казнет), револтиран што клубот не му дозволува трансфер.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN