Спорт
Продолжува кампањата “Избери живот-избери спорт”
“Избери живот-избери спорт”, под ова мото Агенцијата за млади и спорт(АМС) во четврток ги промовираше новите пет спотови како продолжение на кампањата
“Избери живот-избери спорт”, под ова мото Агенцијата за млади и спорт(АМС) во четврток ги промовираше новите пет спотови како продолжение на кампањата за промоција на спортот во земјава.
Врбица Стефанов, Артим Шаќири, Томи Стефановски, Наталија Тодоровска и Вели Мумин се главните актери во кампањата насочена кон младите.
Од АМС, која го покрена проектот се горди што кампањата доживува второ издание.
“Опфативме повеќе спортови и целта ни е да упатиме силна порака до младите спортот секогаш да биде нивниот избор. Со оглед на одличниот прием што го имаше првата кампања се одлучивме да направиме продолжение и се надеваме дека овојпат ефектот ќе биде двојно поголем. Пораката е едноставна, младите да се држат настрана од пороците и секогаш да го избираат спортот”, рече директорот на Агенцијата, Драган Ѓурчевски и им се заблагодари на спортистите за соработката.
“Ова е одличен начин нашата енергија да им ја пренесеме на младите во Македонија и да им покажеме дека спортот секогаш треба да биде нивниот избор”, рече кошаркарот Врбица Стефанов.
Тој истакна дека снимањето на спотовите било исцрпувачко но најважен е ефектот што ќе се постигне.
Кампањата е предвидено да трае во следните три месеци со активно прикажување во медиумите./крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Пораз на Шкендија од Дрита
Фудбалерите на Шкендија го запишаа вториот пораз во Конференциската лига. На гостувањето во Косово, Дрита ја порази Шкендија со 1:0. По втроиот пораз во Конференциската лига, Шкендија остана на четири поени и се наоѓа на 25-то место на табелата.
Натпреварот не понуди некој врвен квалитет, се играше тврдо од двете страни. Пресуди голот на Манај во 20.минута. Впечаток е дека дефанзивците можеда да реагираат подобро во оваа ситуација.
Шкендија во наредната рунда ќе го пречека Слован од Братислава. Натпреварот се игра на 11 декември.
Инаку, Слован го направи најголемото изненадување во петтото коло, на домашен терен, по пресврт го победи Рајо Ваљекано (2:1).
Foto/ EPA, arhiva
Спорт
Македонија го растури Азербејџан
Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа ги отвори претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Скопје, Македонија го совлада Азербејџан со 87:49.
Македнија ја оправда улогата на фаворит и според очекувањата забележа лесна и убедлива победа.
Андреј Јакимовски беше најдобар со дабл-дабл (25 поени и 11 скокови). Двоен учинок од 16 поени и 11 скока реализираше и капитенот, Војдан Стојановски, Зеќири уфрли 17 поени.
На своето деби за репрезентацијата на Македонија, Омари Мур дојде до скор од шест поени, исто толку скокови и девет асистенции.
Во наредното коло од групата А, на 30.ноември, нашата најдобра селекција ќе гостува во Даблин кај Република Ирска.
Извор/ Кошаркарска федерација на Македонија
Спорт
(Видео) Лил го декласира Динамо Загреб
Фудбалерите на Лил го победија Динамо Загреб со 4:0 во петтото коло од Лигата на Европа.
„Догите“, успеаја да го заборават поразот од Црвена звезда и да се вратат на победничкиот колосек во ова натпреварување.
Натпреварот мина во целосна доминација на францускиот тим. Интересно е што таа ги постигна првите два гола по контранапад.
Кај првиот гол, одбраната на Динамо реагираше лошо, Харалдсон го искористи подарокот, му асистираше на Кореја во шеснаесетникот, кој рутински го совлада Филиповиќ.
Нгал’Ајел Мукау го зголеми резултатот на 2:0 во 36-та минута. Домашниот тим лесно ја измами одбраната на Дианмо, а Мукау беше сосема сам пред голот по вратена топка од левата страна.
Во второто полувреме, Лил имаше серија шанси, а искористи две. Хамза Игамане прв постигна гол во 69-та минута. Харалдсон повторно беше во улога на асистент.
Конечните 4:0 ги постигна Бенџамин Андре во 86-та минута.
Динамо има седум бода по пет кола и моментално е на 18-то место, но би можел дополнително да падне на табелата по одигрувањето на вечерните натпревари од Лигата на Европа. Лил е седми со девет бода.
Лига Европа на УЕФА, 5. коло
Рома – Митјиланд 2:1 (1:0)
/Ел Ајнауи 7, Ел Шарави 83 – Паулињо 90/
Астон Вила – Јанг Бојс 2:1 (2:0)
/Мален 27, 42 – Монтеиро 90/
Порто – Ница 3:0 (2:0)
/Веига 1, 33, Омородион 61пен./
Фенербахче – Ференцварош 1:1 (0:0)
/Талиска 69 – Варга 66/
Феенорд – Селтик 1:3 (1:2)
/Уеда 11 – Јан Хјун 31, Хате 43, Мек Грегор 82/
Лил – Динамо Загреб 4:0 (2:0)
/Кореја 21, Мукау 36, Игамане 69, Андре 86/
Лудогорец – Селта 3:2 (1:0)
/Станиќ 11пен, 49, 63пен – Дуран 70, Ел Абделауи 90+6/
ПАОК – Бран 1:1 (0:0)
/Иванушец 64 – Корвинг 89/

