Спорт
Контардо и Петерхансел триумфираа во осмата етапа

Фелисијано Лопез Контардо е победник на осмата етапа од релито Дакар во категоријата мотори на две тркала која се возеше од Антофагаста до Копиапо во Чиле со вкупна должина од 568 километри
Фелисијано Лопез Контардо е победник на осмата етапа од релито Дакар во категоријата мотори на две тркала која се возеше од Антофагаста до Копиапо во Чиле со вкупна должина од 568 километри.
Контардо ја заврши трката со време од 5 часа, 29 минути и 25 секунди, пред минатогодишниот победник Марк Кома и Пал Андрес Улевалселтер кој задоцни само една минути зад Контардо.
„Возев брзо, особено откако лошо ја завршив претходната етапа, па денес по паузата сакав да имам добар финиш, за сите луѓе кои ме чекаа на целта.“ изјави Контардо по победата.
Кома повторно беше казнет овојпат со 6 часа одземање од времето во вкупниот пласман поради недозволено менување на гумата за време на седмата етапа. Ваквите обвиненија тој ги негираше.
Стефан Петерхансел ја забележа третата победа во досегашниот тек од релито во категоријата автомобили, овојпат со време од 5 часа, 6 минути и 5 секунди. Втор до целта дојде Карлос Саинз, а трет Американецот Марк Милер. Маркос Патронели дојде до четвртата победа во категоријата мотори на четири тркала. Патронели ја извозе етапата со време од 7 часа, 25 минути и 28 секунди.
Втор беше Алехандро Патронели, а трет Французинот Кристоф Деклерк. Владимир Чагин остана неприкосновен во категоријата камиони со новата победа во осмата етапа, но и во генералниот пласман. Чагин ја заврши трката за 5 часа, 41 минута и 35 секунди, пред тимскиот колега Фирдаус Кабиров и Илгизар Мардеев исто така од Камаз.
Деветата етапа од релито Дакар ќе се вози од Копиапо до Ла Серена во Чиле со вкупна должина од 547 километри./крај/дак/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Погба оди во МЛС, еден клуб има ексклузивни права за преговори

Францускиот фудбалер Пол Погба, чија суспензија поради допинг неодамна истече, преговара со Ди Си Јунајтед од Вашингтон, клуб кој има ексклузивни права за разговори со светскиот шампион од 2018 година, објавија американските медиуми.
Според „Вашингтон пост“ и „Атлетик“, тимот на Погба преговара со клубот од американската престолнина, поради таканареченото правило за „откривање“ во рамките на МЛС, специфично за северноамериканското првенство.
Еден клуб може да стави до пет играчи на „листата на откритија“ со кои има ексклузивни права на преговори. Барањето за ставање на играч на оваа листа го одобрува МЛС, која мора да процени дали клубот има финансиска можност и доволно простор во тимот да го доведе играчот.
„Клубот во овој момент нема коментар за шпекулациите за трансфери“, изјави претставник на Ди Си Јунајтед за агенцијата „Франс Прес“.
Погба, поранешен играч на Манчестер Јунајтед и Јувентус, не играл фудбал од септември 2023 година, кога беше суспендиран поради позитивен тест на забранет тестостерон.
32-годишниот француски фудбалер живее во Мајами, каде што работи индивидуално во очекување на трансферот.
Спорт
Уште еден проблем за Анчелоти – сезоната заврши и за Менди

Фудбалерот на Реал Мадрид, Ферланд Менди, ќе отсуствува од теренот до крајот на сезоната поради повреда на квадрицепсот на десната нога.
„По тестовите извршени врз нашиот играч Ферланд Менди од страна на медицинската служба на Реал Мадрид, му беше дијагностицирана руптура на проксималната тетива на во квадрицепсот на десната нога“, се вели во соопштението на Реал Мадрид, во кое не е прецизирано колку долго Менди ќе отсуствува од теренот.
Добро познатиот инсајдер Фабрицио Романо објави дека францускиот бек ја завршил сезоната поради оваа повреда.
Фудбалерите на Реал Мадрид, Давид Алаба, Едуардо Камавинга и Антонио Ридигер, нема да се вратат на теренот до крајот на сезоната поради повреди.
Менди дојде во Реал Мадрид во 2019 година од Лион, а оттогаш одигра вкупно 201 натпревар за шпанскиот клуб.
Реал Мадрид е втор на табелата во шпанската Ла Лига со 72 бода, четири помалку од првопласираната Барселона.
Спорт
Ненадејно почина Николче Здравески

Николче Здравески, легендата на Победа, починан ненајдено на 54-годишна возраст. Здравевски беше дел од најголемите успеси на клубот од Прилеп.
Здравески како капитен ја предводеше Победа до првата шампионска титула, а беше тренер кога клубот втор пат стана шампион на Македонија.
Николче Здравески целата кариера ја мина во клубот од Прилеп. како фудбалер, тренер и координатор на младинската школа. Во еден период беше тренер на 11 Октомври, кога овој тим се натпреваруваше во Првата лига.
Во 2007 година Фудбалската федерација на Македонија го прогласи за тренер на годината.
Здравески во кариерата забележа два настапи за националниот тим. Го носеше дресот на Македонија на пријателските натпревари против Албанија и Азербејџан.