Спорт
Камерун поразен од Габон

Фаворитот за освојување на трофејот на Купот на африкански нации, фудбалската репрезентација на Камерун, загуби во воведниот натпревар од репрезентацијата на Габон, со единствениот гол од Даниел Коусин
Фаворитот за освојување на трофејот на Купот на африкански нации, фудбалската репрезентација на Камерун, загуби во воведниот натпревар од репрезентацијата на Габон, со единствениот гол од Даниел Коусин.
Во вториот натпревар од групата Д, фаворитот Тунис исто така потфрли откако одигра нерешено 1:1 со репрезентацијата на Замбија.
Џејкоб Миленда погоди за водство на Замбија во 19-та минута, но Зоухеир Дауади израмни на почетокот во второто полувреме. На првото место во групата Д се наоѓа репрезентацијата на Габон со три бода, пред Замбија и Тунис со еден, додека Камерун е на последното место без бодови.
Денеска на програмата се два натпревари од групата А: Мали ќе игра против Алжир, а Ангола против Малави. /крај/афк/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Гобер им пресуди на Лејкерси – Минесота ги елиминира „езерџиите“

Кошаркарите на Минесота се пласираа во полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата, откако во петтиот натпревар од првото коло од плејофот ги совладаа Лејкерс во ос Анџелес со 103:96 на гостински терен.
Тимбервулвс ја добија серијата со вкупен резултат од 4:1.
Најефикасен во тимот на Минесота беше Руди Гобер со 27 поени, заедно со 24 скока (девет офанзивни). Џулиус Рендал додаде 23 поени, Ентони Едвардс имаше 15 поени, 11 скока, осум асистенции и три украдени топки, додека Никел Александар-Вокер постигна 10 поени.
Во тимот на Лејкерси, словенечкиот плејмејкер Лука Дончиќ беше најефикасен со 28 поени, на кои придодаде девет асистенции и седум скока.
Руи Хачимура додаде 23 поени, Леброн Џејмс запиша 22 поени, седум скока и шест асистенции.
Во полуфиналето на Западната конференција, Минесота ќе игра против победникот од серијата од првото коло помеѓу Хјустон и Голден Стејт, во која Рокетс вечерва намалија на 2:3, откако победија со 131:116 на домашен терен.
Спорт
Инзаги: Моравме тројца да ставиме на Јамал

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, на прес конференцијата по ремито со Барселона 3:3, го пофали настапот на Ламин Јамал.
Јамал постигна гол и двапати ја погоди гредата.
„Не сум видел играч како Јамал во последните осум или девет години. Моравме да ставиме тројца играчи до него, што отвори простор во другите делови од теренот. После тоа, неговото ниво малку падна“, рече Инзаги.
„Стратегијата на Барселона е ризична, но се исплати. Тие постигнаа повеќе од 150 гола, освоија два трофеи и сè уште се борат за два. Нашата изведба беше на многу високо ниво“, дополни тренерот на Интер.
Реваншот е закажан за вторник во Милано.
Спорт
Ракитиќ: Јамал не би бил стартер во нашата Барселона

Иван Ракитиќ (37) е играч на Хајдук, но со оглед на неговата феноменална кариера во Барселона и Севилја, тој е чест гостин на шпанските медиуми. Затоа даде интервју за Радио Марка.
„Ракитиќ ја освои тројната круна со Барселона во 2015 година и е легенда на Севилја со брилијантна меѓународна кариера. Сега е во Хрватска, од каде што внимателно следи сè во Ла Лига, особено неговите два омилени клуба“, вака го напиша „Марка“ воведот за печатеното издание, каде што емитуваше и интервју со Ракитиќ.
Тој играше за Барселона од 2014 до 2020 година. Освои четири првенства и купови и една Лига на шампиони. Тој одигра 310 натпревари за Барселона, постигна 35 гола и асистираше за 42 гола.
Ламин Јамал е одличен иако има само 17 години. Пике изјави дека сепак не би бил стартер во вашата генерација?
„Се согласувам. Ламин е неверојатен, но нападот на нашата Барселона беше најсилниот во историјата: Меси, Нејмар и Суарез. Но, Ламин е одличен и може да игра секаде во нападот. Ми се допаѓа неговата самодоверба и што можете да видите дека ужива во играта“, рече меѓудругото Ракитиќ.