Спорт
Шведска поразена од Словенија во воведниот натпревар
Репрезентацијата на Шведска е поразена во воведниот натпревар од деветото Европското ракометно првенство за мажи што од 19 до 31 јануари се одржува во Австрија
Репрезентацијата на Шведска е поразена во воведниот натпревар од деветото Европското ракометно првенство за мажи што од 19 до 31 јануари се одржува во Австрија.
Шведската репрезентација неочекувано го претрпе првиот пораз во воведниот натпревар од репрезентацијата на Словенија со резултат 25:27, иако на полувремето водеше со 13:7.
Натпреварот од групата Ц се одигра во Олимпијаворлд арената во Инсбург, пред 4.800 посетители. Ракометарот Лука Жвижеј беше најефикасен во словенечката репрезентација со осум голови.
Во истата група Германија која пред две години се пласираше на 4-то место со истиот резултат 25:27 беше поразена од Полска. Германската репрезентација на полувремето губеше со резултат 8:12, од Полска, а најефикасен ракометар кај полската репрезентација беше Карол Биелечки.
Вицешампионот од 2008 репрезентацијата на Хрватска во групата А триумфираше над репрезентацијата на Норвешка со 25:23 во Грац, а Русија ја победи Украина во истата група со резултат 37:33.
Шампионот Данска го победи домаќинот Австрија со 33:29 во групата Б, а Исланд одигра нерешено со Србија 29:29.Во групата Д Шпанија ја торпедираше Чешка со 37:25, а бронзената репрезентација од пред две години Франција, одигра нерешено 29:29 со Унгарија. /крај/еуро/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

