Спорт
Фудбалерите на Барселона доминантни во тимот на годината на УЕФА

Дури шест фудбалери на Барселона се најдоа на листата на идеалниот тим на ФИФА за 2009 година. Изборот е организиран од интернет сајтот на ФИФА.
Дури шест фудбалери на Барселона се најдоа на листата на идеалниот тим на ФИФА за 2009 година. Изборот е организиран од интернет сајтот на ФИФА. Во идеалниот им на УЕФА се најдоа: Икер Касилјас (Реал Мадрид), Даниел Алвеш (Барселона), Џон Тери (Челзи), Карлос Пујол (Барселона), Патрис Евра (Манчестер Јунајтед),Чави (Барселона), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Кака (Реал Мадрид), Андрес Иниеста (Барселона), Лионел Меси (Барселона) и Златан Ибрахимовиќ (Барселона).Како што соопшти од УЕФА, во гласањето учествувале повеќе од 320.000 луѓе./крај/уефа/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милан го победи Комо

Фудбалерите на Милан успеаја да врзат две победи. Како и во минатата рунда, Милан победи по пресврт. Во минатото коло родосонерите победија во Лече, а вечерва на домашен терен го совладаа Комо.
По израмнетото прво полувреме, Комо успеа да замине на пауза со гол предност. Гостите поведоа преку Да Куња, кој му донесе водство на својот тим во 33. минута, со удар со левата нога од околу 18 метри.
Милан делуваше безопасно и загуби во првиот дел од натпреварот, па беше вистински благослов што не примија уште еден гол. Се радуваа и играчите на Ком во 49. минута. Да Куња повторно беше стрелец, но по ВАР проверка голот беше поништен поради милиметарски офсајд.
Казната Комо го стигна две минути подцна. Леао и Рејндерс комбинираа, а нивната акција во гол ја претвори Кристијан Пулишиќ. Овој гол како да им даде „крилја“ на фудбалерите на Милан. Тие успеаја целосно да го свртат резултатот, а Рејндерс го постигна вториот гол во 75. минута од натпреварот.
Рејндерс можеше да стави точка на натпреварот во 85. минута, шутираше дијагонално од левата страна, а топката заврши крај голот.
На крајот, Комо во последната минута остана со играч помалку на теренот. Деле Али беше исклучен поради груб фаул, кој влезе во игра само девет минути порано на местото на стрелецот на Комо, Да Куња. Инаку, претходно црвен картон доби и тренерот на Комо, Сеск Фабрегас.
Во следното коло Милан игра против Наполи, додека Комо ќе го пречека Емполи.
Спорт
(Видео) Муричи си даде автогол, промаши пенал, па и донсе победа на Мајорка во 97.минута

Фудбалерите на Мајорка го совладаа Еспањол со 2:1 (0:0) во 28. коло од шпанската Ла Лига.
Еспањол поведе како гостин во 53. минута. Ведат Муриќи со автогол му донесе предност на Еспањол.
Само 10 минути подоцна Муриќ можеше да ја исправи грешката, но во 63. минута промаши пенал за израмнување.
Само 120 секунди подоцна, Такума Асано сепак успеа да го изедначи резултатот. Се чинеше дека тоа ќе биде конечниот резултат се до судиското надополнување.
Се играше 97. минута кога Муриќ конечно успеа да ги поправи сите грешки од овој меч, бидејќи овојпат искористи пенал и и донесе победа на Мајорка.
Спорт
Ван Бастен за контроверзниот пенал на Атлетико: УЕФА има обврска да ја исправи грешката

Се уште траат дебатите од неверојатната ситуација за време на пенал рулетот меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Во втората серија беше поништен голот на Хулијан Алварез. Според ВАР собата, Аргентинецот двапати ја допрел топката.
Реал Мадрид на крајот победи, од Атлетико не ја прифаќаат одлуката, сметаат дека се оштетени. Многумина од фудбалскиот свет се на нивна страна. Во саботата се огласи легендарниот холандски фудбалер Марко ван Бастен, смета дека Атлетико е оштетен..
Тој вели дека не видел втор допир од Алварез за време на ударот.
„Јас не сум навивач на Реал Мадрид или Атлетико. Хулијан Алварез еднаш ја допре топката. УЕФА има обврска да го поправи тоа“, изјави Ван Бастен, кој моментално е вработен во ФИФА како директор за технички развој.
Како доказ за своите тврдења објави две видеа од спорниот момент, од два агли.