Контакт

Спорт

Ватерполо: Македонија- Русија 3:4

Објавено пред

Македонската машка ватерполо репрезентација загуби од репрезентацијата на Русија со конечен резултат 3:4

Македонската машка ватерполо репрезентација загуби од репрезентацијата на Русија со конечен резултат 3:4.

Третиот натпревар од златната лига, Македонија го одигра во базенот Младост во Скопје пред речиси 1000 љубители на ватерполото.

На самиот почеток на натпреварот Кречковиќ имаше шанса да го отвори резултатот, но ја погоди стативата. Првата четвртина Македонија за заврши со резултат 1:1.

Единствениот гол за Македонија, го постигна капитенот Ненад Петрович а израмни русинот Одинсов веднаш потоа.

Ниту една од репрезентациите не постигна ниту еден гол во втората четвртина а ја одбележаа дури 6-те исклучувања во македонскиот состав, и одличните одбрани на голманот Перчиниќ.

Во третата четвртина, Одинсов го постигна својот втор гол на натпреварот, Еди Бркиќ израмни за Македонија, но имаше и контроверзен момент кога српскиот судија не призна гол за Македонската репрезентација, бидејќи топката се одби од рускиот голман, но влезе за момент во голот.

Последната четвртина започна гол од Новосенов, но Македонија израмни преку Даниел Бениќ. Конечните 4:3 за Русија ги постигна повторно Новосенов. /крај/сл

Фото:Филип Поповски/Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Зидан: Покажавме карактер! Ќе ја поминеме групата

Објавено пред

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е задоволен од реакцијата на неговите играчи, кои во Менхенгладбах успеаја да освојат бод против Борусија, иако до 87 минута губеа со 2:0.

„Покажавме карактер! Горд сум на играчите“, рекол Зидан и дополнил.

„Игравме добро, дури и во моментите кога губевме верувавме дека можеме да се вратиме. Резултатот не ги задоволува нашите амбиции, ние секогаш одиме на победа, но задоволен сум од играта“.

Реал во првите две кола, во Б-групата, има освоено само еден бод и се наоѓаат на последното место на табелата.

„Ќе поминеме во наредната фаза. Иако сега не победивме, игравме добро. Ако продолжиме вака, ќе направиме големи работи. Видов добра претстава на мојот тим“, заклучил Зидан.

Реал во наредните две кола ќе игра со Интер, најпрвин во Мадрид, а потоа во Милано.

Прикажи повеќе...

Спорт

ЛШ: Касемиро го спаси Реал од нов пораз, гол-шоу на Аталанта и Ајакс

Објавено пред

Маркус Турам, синот на француската фудбалска легенда Лилијан, постигна два гола за Борусија Менхенгладбах, но тоа не беше доволно да се извлече победа над Реал Мадрид, откако Касемиро со асистенција и гол во последните три минути извлече 2:2 реми.

За Зидан ова е уште еден незгоден резултат,  по поразот во првото коло од Лигата на шампионите дома од (2:3), и притисокот се зголемува на тренерот и покрај тоа што го доби „Ел класико“ на „Ноу Камп“.

Турам стрелаше во 33. и 58. минута за „ждребињата“ да стигнат до 2:0 водство, кое до крајот на мечот, „кралевите“ прво успеаја да го намалат преку Карим Бензема во 87. минута, пред Касемиро во 93-тата минута да спаси голем поен за „кралевите“.

Супер-интересно беше на првиот меч од ЛШ во Бергамо, каде што Аталанта губеше со 0:2 од Ајакс откако прими два гола за осум минути во првото полувреме, но Дуван Запата со два гола врати за 2:2 реми. Во истата група, Ливерпул со 2:0 го совлада данскиот аутсајдер Митјиланд со головите на Диого Жота и Мохамед Салах (од пенал) , но најголемата грижа беше повредата за Фабињо, уште една главоболка за Јирген Клоп.

Жоао Феликс со два гола ги „спаси“ Атлетико Мадрид, носејќи им возбудлива 3:2 победа на „Ванда метрополитано“ над Ред бул Салцбург, додека Манчестер сити без мака со 3:0 го совлада Марсеј на „Велодром“.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КОЛО

ГРУПА А

Локомотив Москва – Баерн Минхен 1:2

Атлетико Мадрид – Салцбург 3:2

ГРУПА Б

Шахтјор Доњецк – Интер 0:0

Борусија Менхенгладбах – Реал Мадрид 2:2

ГРУПА Ц

Марсеј – Манчестер сити 0:3

Порто – Олимпијакос 2:0

ГРУПА Д

Аталанта – Ајакс 2:2

Ливерпул – Митјиланд 2:0

БОРУСИЈА МЕНХЕНГЛАДБАХ – РЕАЛ МАДРИД

АТАЛАНТА – АЈАКС

ЛИВЕРПУЛ – МИТЈИЛАНД

МАРСЕЈ – МАНЧЕСТЕР СИТИ

АТЛЕТИКО МАДРИД – САЛЦБУРГ

ПОРТО – ОЛИМПИЈАКОС

Прикажи повеќе...

Спорт

Руски милијардери со фудбалска страст – Челси и Абрамович на „гости“ кај Галицки во Краснодар

Објавено пред

Кога утревечер Краснодар ќе го пречека Челси во Лигата на шампионите, ќе има интересен дуел на двајца руски милијардери со големи фудбалски соништа. Секако, првиот е Роман Абрамович, човекот кој го направи Челси голем клуб, а вториот е Сергеј Галицки, кој ќе го прослави првиот домашен меч во елитното натпреварување.

Краснодар е клуб формиран на пепелта на стариот Кубан Краснодар во 2008 година, и Галицки, кој направи богатство во малопродажба, во градот во јужна Русија направи вистински бум, градејќи го импресивниот стадион и најавувајќи уште поголеми амбиции.

Скромноста не е една од одликите на 56-годишниот Галицки, кој околу стадионот го изгради „Галицки паркот“, трошејќи над 100 милиони долари во фудбалска академија, каде што има 300 млади фудбалери од регионот. Се верува дека Галицки има потрошено над 400 милиони долари на клубот, а со богатство од над 3.5 милијарди евра, тој може да си го приушти тоа.

Роден како Сергеј Арутјунјан во Лазаровское, село во близината на Сочи на брегот на Црното Море, тој го смени своето ерменско презиме кога се ожени. Откако го отслужил воениот рок, студирал економија на универзитетот во Краснодар, по што работел во банка. Во 1998 година тој ја отвора својата прва продавница во градот под име „Магнит“, која сега е една од најголемите приватни компании во Русија.

Фудбалскиот клуб Краснодар влезе во руската Премиер лига во 2011 година, и иако имаат големи амбиции највисок пласман им е третото место минатата сезона. Тие ги победија ПАОК во септември за влез во ЛШ, откако двапати играа во осминафиналето на Лига Европа.

Галицки претходно изјавуваше дека не се познава со Абрамович, но дека би било „интересно“ да зборуваат за фудбал со уште еден милијардер. Галицки, за разлика од Абрамович е почитуван од широката руска јавност, која му забележува на газдата на Челси што парите кои ги заработи во Русија ги троши во Англија.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет41 минута

Блумберг донираше уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донираше дополнителни 15 милиони долари на претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет46 минути

Со коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени со коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет51 минута

Русија ја поднесе својата вакција во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за „забрзана регистрација и претквалификација“ на својата прва вакцина против новиот коронавирус...

Европа1 час

Ватикан најави божиќна прослава на папата на интернет

Божиќната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет1 час

Хакирана веб-страницата на кампањата на Трамп

Официјалната веб-страница на претседателската кампања на Доналд Трамп беше хакирана на една недела пред претседателските избори во САД. „Оваа страница...

Свет12 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија12 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа14 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија15 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија16 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија16 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт19 часа

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет19 часа

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет20 часа

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија20 часа

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Наука22 часа

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија22 часа

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија23 часа

„Фронт 21/42“: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

„Фронт 21/42“ се приклучува кон манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации, со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија23 часа

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Досие