Контакт

Спорт

Ферари го претстави болидот за сезона 2010

Објавено пред

Формула 1 тимот на Ферари го претстави новиот болид за претстојната сезона

dobivaj vesti na viber

Формула 1 тимот на Ферари го претстави новиот болид за претстојната сезона. Болидот ќе го вози  двојниот Формула 1 шампион, Фернандо Алонсо, кој дојде од Рено на местото на Кими Раиконен.

Новиот болид за првпат, пред стартот на сезоната го возеше  Фелипе Маса, на приватен тест во Формула 1 патеката Фориано во Италија.

Дизајнот на болидот е многу поагресивен од претходниот, носот има многу сличности со тој на Бул од минатата сезона, задниот дел изгледа многу  тесен со чисти линии, а спојлерите се дизајнирани да го максимализираат протокот на воздух.

Од Ферари се надеваат дека со новиот болид ќе имаат и подобри резултати по разочарувачката измината сезона.

Презентирањето на новиот болид претставува и нов почеток за Маса кој доживеа тешка несреќа на ГН на Унгарија минатата година кога амортизер од болидот на Рубенс Баричело се откачи и му нанесе тешка повреда на главата, по што беше речиси една  недела  во кома./крај/ббс/сл



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Гризман ќе го напушти Атлетико

Објавено пред

Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман по крајот на сезоната ќе го напушти клубот, бидејќи сака да ја продолжи играчката кариера во Лос Анџелес, пренесува Релево.

dobivaj vesti na viber

Гризман има договор со Атлетико до јуни 2026 година.

Шпанските медиуми пренесуваат дека францускиот фудбалер планира да одржи состанок со клупските челници до крајот на март, на кој ќе ги извести дека сака да ја продолжи кариерата во МЛС лигата.

Според овој извор, Гризман од семејни причини сака да се пресели во Лос Анџелес, клуб во чии дрес го носат неговите поранешни соиграчи од репрезентацијата на Франција, Оливие Жиру и Уго Лорис.

Релево истакнува дека клубот ќе му дозволи на францускиот напаѓач да го напушти Атлетико на крајот од сезоната без обештетување.

Гризман (33) оваа сезона за Атлетико одигра 41 натпревар во сите натпреварувања и постигна 16 голови.

Прикажи повеќе...

Спорт

Хаотична трка во Мелбурн – Норис победи пред Ферстапен и Расел

Објавено пред

Возачот на Мекларен, Ландо Норис славеше на трката за ГН на Австралија, со која започна овогодинешниот шампионат во Формула 1.

dobivaj vesti na viber

Британецот го постигна петтиот триумф во кариерата на патеката Алберт Парк, со девет десетинки предност пред Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул. На третото скалило на подиумот се најде возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, кој заостануваше седум и пол секунди.

Првата трка сезонава беше одбележана со променливи услови, бројни инциденти, одложен старт (Исак Хаџир се изврте и удри во заштитната ограда во загревачкиот круг) и три периоди на безбедносното возило.

Додека Норис беше победник на денот, најголем губитник беше неговиот тимски колега Оскар Пјастри, кој беше на пат кон подиумот кој направи грешка кога почна дождот.

Норис во Мелбурн ја забележа една од најважните победи во кариерата, по одличното возење во исклучително тешки услови. Во поголемиот дел од трката Пиастр беше тој што го притискаше, а таа улога во финишот ја презеде Ферстапен, но британскиот возач успеа да се справи со притисокот. На овој начин, тој му го донесе првиот триумф на Мекларен на отворањето на сезоната по 2012 година, кога Џенсон Батон славеше на Алберт Парк.

Одлична трка имаше и Ферстапен, во моментите кога дождот пристигнуваше во финишот, неговите ривали погрешија, а тој остана присебен и со тоа имаше можност да се бори за триумф. Расел возеше прилично осамена трка, но благодарение на грешката на Пјастри, стигна до место на подиумот, пред тимскиот колега на Андреа Кими Антонели и возачот на Вилијамс, Алекс Албон.

Младиот Италијанец дефинитивно е еден од хероите на денот, бидејќи стартуваше од 16.местово еден момент се изврте на патеката, а беше и казнет поради небезбедниот пит-стоп, со што се најде на петтото место, иако целта ја мина како четврти. Сепак, по трката, таа казна беше поништена, што значи дека Антонели своето деби го заврши на четвртото место.

Возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон трката ја завршија на осмото односно десеттото место. Меѓу нив се пласира Пјастри.

Прикажи повеќе...

Спорт

Дрејпер го победи Алкараз: Цела недела го анализирав, знаев дека можам да го победам

Објавено пред

Британскиот тенисер Џејк Дрејпер го победи Карлос Алкараз и се пласира во финалето на првиот Мастерс во сезоната, Индијан Велс.

dobivaj vesti na viber

Џек Дрејпер го совлада фаворизираниот шпански тенисер со 6:1, 0:6, 6:4. Од понеделник ќе биде рангиран меѓу 10. најдобри во светот.

„Играм тенис со левата рака, но јас сум деснак. Тоа е голем плус за мене, бидејќи постојано ги подобрувам моите удари, особено мојот форхенд и сервисот. Мојот бекхенд отсекогаш бил подобар, можев да го играм со затворени очи, но сега станувам подобар и со другата страна. Затоа немам проблем кога со форхенд дијагонали го напаѓаат мојот бекхенд. За останатите тоа слабост, но за мене тоа е предност“, изјави Дрејпер.

Алкарас откри дека го загубил полуфиналето бидејќи не ги контролирал добро емоции, а Дрејпер откри дека му помага кога има трема, бидејќи тоа подобро го мотивира.

„Исто така, имав сомнежи за тоа што ќе се случи на овој меч. На ова ниво, секогаш се плашам дека ќе загубам од толку добри ривали. Цела недела гледав дека Карлос игра добро, но бев сигурен дека можам да му направам проблеми. Сигурен сум дека многу тенисери излегуваат да играат против него без надеж дека можат да победат. Во такви ситуации, вербата во себе е многу важна“, рече Дрејпер.

Дрејпер во првото мастерс финале за противник ќе го има Данецот Холгер Руне.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Двајца пациенти се на респиратор, а уште двајца може да завршат на респиратор во „Св. Наум Охридски“, некои се со 60 отсто изгореници

Двајца од хоспитализираните 29 лица во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ по пожарот во дискотека во Кочани се...

Македонија58 минути

Тошковски: 59 загинати, 155 повредени во пожарот во дискотека во Кочани

59 лица загинаа во големиот пожар што утрово се случи во дискотека во Кочани. Повредени се 155 лица, изјави пред...

Македонија60 минути

(Видео) Благојчо Георгиев од Кочани: Кој даде дозвола таа шупата таму да работи, дискотека да се нарекува

Благојчо Георгиев од здружението „Хендикеп“ во видео-снимка објавена на социјалните мрежи кажа дека изолацијата во дискотеката во Кочани била направена...

Македонија2 часа

(Видео) Пред болницата Св. Наум Охридски се читаат имиња на повредените и ги пуштаат родителите да ги видат во групи од по неколкумина

Во моментов пред болницата Св. Наум Охридски се читаат имиња на повредените и ги пуштаат родителите да ги видат во...

Македонија2 часа

Во моментот 118 лица се згрижени низ болниците во државата, вели Таравари

Министерот за здравство Арбен Тараври кажа дека повредени од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени низ државните болници и...

Македонија2 часа

Истрагата за пожарот во кочанската дискотека е почната од 5 обвинители

Државниот обвинител Љупчо Коцевски утринава по состанокот со колегите од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани и со министерот за внатрешни...

Македонија2 часа

Министерството за здравство објави телефонски броеви за информации за состојба на пациентите, 152 лица се хоспитализирани

Министерството за здравство изразува солидарност и поддршка во овие тешки моменти. Веднаш по несреќата, здравствениот систем беше целосно мобилизиран, а...

Македонија2 часа

Црвениот крст отвори сметки за донации

Црвениот крст со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции дава придонес во обезбедување на потребната поддршка за...

Македонија3 часа

Објавени списоци на пренесените повредени во скопските болници

Објавен е список на пренесени повредени лица од дискотеката во Кочани во скопските болници. Список од „8 Септеври“: Список од...

Македонија4 часа

Мицкоски: Владата е целосно мобилизирана, ги повикувам сите надлежни институции да преземат итни мерки за помош на повредените

Премиерот Мицкоски се огласи на социјалните мрежи по големата трагедија во Кочани. „Со длабока тага ја примив веста за страшната...

Македонија4 часа

Тошковски: Најмалку 51 лице загина во пожарот во кочанската дискотека, има приведени

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти детали за страшната трагедија во Кочани. Тошковски кажа дека бројката на загинати изнеснува...

Македонија4 часа

Филков: Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност!

Министерот за правда Игор Филков изрази сочувство за десетиците млади животи кои загинаа во пожар во дискотека во Кочани и...

Македонија5 часа

(Фото+видео) На социјалните мрежи се бараат информации за лица кои биле во дискотеката во Кочани

Роднини и пријатели преку социјалните мрежи ги бараат своите блиски кои вчера биле на концертот во кочанската дискотека која се...

Топ5 часа

Најмалку 50 загинати во пожар во дискотека во Кочани

Најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната...

Македонија21 час

(Фото) Спасени се двете лица на кои им се преврте чамецот во Мавровското езеро

Спасени се двете лица на кои денеска попладне им се преврте чамецот во водите на Мавровското Езеро, информираат од Центарот...

Македонија22 часа

Мицкоски за големиот протест во Србија: Ја следиме состојбата и не се мешаме во внатрешни работи на други земји

Нормално е да ја следиме состојбата во Србија. Неодговорно би било да не ја следиме состојбата со нашите соседи и...

Македонија23 часа

Над 160 веб-страници за нелегално коцкање ќе бидат забранети, најави Андоновски

Измените на Законот за електронски комуникации поминаа изминатата недела, потребни се седум дена да стапат на сила и да се...

Македонија23 часа

(Видео) Петрушевски: Народот на минималец, а Трендафилов синдикалецот на батерии од СДС и Левица со плата од 75.000 денари

Работниците се револтирани, затоа што додека ги манипулира Слободан Трендафилов, тој и луѓето околу него имаат месечни примања од над...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Мицкоски не сака реформи, туку судство по своја мерка

Заканите на премиерот дека ќе му се случел народ на судството е порака дека тој признава само судство по своја...

Македонија1 ден

(Видео) Стојаноски: Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години

Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години, рече денеска на...