Спорт
Ред Бул го претстави новиот болид
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/b7cfe6ba-2520-4312-9fea-cb334e80eff8.jpeg)
Формула 1 тимот Ред Бул го промовираше новиот болид под името РБ6 за претстојната сезона, а возачот на Ред Бул Марк Вебер, го опиша болидот како „лимузина“.
Формула 1 тимот Ред Бул го промовираше новиот болид под името РБ6 за претстојната сезона, а возачот на Ред Бул Марк Вебер, го опиша болидот како „лимузина“.
Новиот болид има специфичен изглед со пошилест преден дел од претходните модели на болидот, а дизајнер на новиот модел е повторно Адријан Невеј.
Ред Бул е последниот тим кој го претстави својот болид за новата сезона која ќе започне на 14 март со трката за Големата награда на Бахреин.
Минатата сезона тимот на Ред Бул се пласираше на втората позиција во класата на конструктори зад Браун ЏП, а исто така во делот на возачите Себастијан Ветел се најде на втората позиција зад шампионот Џенсон Батон./крај/ес/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Пикси: Не бевме вреќа за удирање
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12326792.jpg)
Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Дрган Стојковиќ Пикси, во првата изјава рече дека елиминацијата од ЕП не е неуспех.
„Жал ми е што не го направивме тој чекор понатаму. Исклучително сум горд на момците. Се бореа, дадоа се од себе, но така е во фудбалот“, започна Пикси и потоа го коментираше мечот со Данска.
„Тежок натпревар, 50-50 во сите параметри. Направивме се за да одием понатаму. Не се резилевме, никој не не победи со 5:0 па ни се смеат и да не навредуваат. Не заслуживме да загубиме од Англичаните. Другите два натпревари беа тешки, тактички и резултатски. Знаев дека вечерва нема да имаме шанси, кави што имавме против Словенија. Вечерва не постигнавме гол. Одиме понатаму со кренати глави. Момците ги заслужуваат сите честитки за нивниот напор’, рече Пикси со напомена дека еден гол решил кој ќе оди во нокаут фазата.
Спорт
Српските фудбалери со концерт од свирежи испратени од стадионот во Минхен
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12327019.jpg)
Фудбалската репрезентација на Србија го заврши настапот на Европското првенство. Во конкуренција на Англија, Данска и Словенија, Србите освоија два бода и завршија на последното место во групата.
Во последното коло, на Србите им требаш победа над Данска, но не успеаја. На крајот од натпреварот со концерт од свирежи беа испратени од околу 30.000 свои навивачи на стадионот во Минхен.
Репрезентативците на Србија по завршувањето на натпреварот сакаа да им се заблагодарат на повеќе од 30.000 српски навивачи кои ги бодреа, но добија свирежи, навреди, а во еден момент навивачите фрлаа пластични чаши кон нив.
Спорт
Ц групата го изедначи негативниот рекорд на ЕП
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12326963.jpg)
На шест натпревари во групата Ц, во која партиципираа Србија, Англија, Словенија и Данска, беа постигнати само седум гола, што на ЕП се случило само уште еднаш од воведувањето на групната фаза (1980).
Во првото коло Англија ја победи Србија (1:0), а Данска и Словенија ремизираа (1:1). Во второто Словенија и Србија, односно Данска и Англија одиграа 1:1. Последното трето коло во оваа група донсе два натпревари (Србија-Данска и Словенија-Англија) без голови.
Претходно, во 2016 година беа постигнати седум гола. Интересно и тогаш во прашање беше Ц групата. На ЕУРо 2016 во Франција во групата играа Германија, Полска, Северна Ирска и Украина.