Спорт
Работнички домаќин на Еуроинс Црно Море

Работнички денеска во салата Градски Парк ќе биде домаќин на Еуроинс Црно Море во деветата рунда од Библ балканската лига.
Работнички денеска во салата Градски Парк ќе биде домаќин на Еуроинс Црно Море во деветата рунда од Библ балканската лига.
Денешниот натпревар ќе биде прв натпревар за Работнички од 16 декември 2009 година, а Еуроинс доаѓа во Скопје по победата над Рилски Спортист од 91:90 и ќе ја бркаат втората победа по ред.
Работнички сеуште има шанси да се квалификува во наредната фаза, бидејќи покрај денешниот натпревар треба да одиграат уште два заостанати натпревари.
Во првиот натпревар помеѓу Еуроинс и Работнички одигран во Варна на 2 декември минатата година, Еуроинс го порази Работнички со резултат 86:76.
Спартак Плевен денеска ќе го пречека Фени Индустри и ќе се обиде да стави крај на серијата од три натпревари без победа а Фени Индустри ќе се обиде да дојде до третата победа по ред, откако последниот пат во Бар го победија Морнар со резултат 69:88.
Спартак нема победено на натпревар од 15 декември кога го победија ЦСА Стеауа Турабо на домашен теренРилски Спортист денеска во Самоков ќе игра против Ловчен, а на 23 февруари Рилски ќе биде домаќин на Работнички../крај/библ/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Норвешка за полувреме ја победи Италија

Италија доживеа тежок пораз во Осло во квалификациите за пласман на Светското првенство. Норвешка славеше со 3:0, со головите постигнати во првото полувреме. Норвашка во третиот меч во квалификациите ја забележа третата победа, додека Италија со пораз го стартуваше квалификацискиот циклус.
Италија одигра еден од најлошите натпревари во последните неколку години, биквално беа прегазени од Норвешка во првиот дел. Ова е големо предупредување за нив пред останатите натпревари во квалификациите. За среќа на Италија, тие играа против најтешкиот ривал во групата во која се и Израел, Молдавија и Естонија.
Стрелци за Норвежаните беа Серлот, Нуса и Халанд.
Спорт
Синер го запре Ѓоковиќ на Ролан Гарос

Јаник Синер ќе му се спротивстави на Карлос Алкараз во финалето на Ролан Гарос. Првиот носител во полуфиналето го победи Новак Ѓоковиќ со 6:4, 7:5, 7:6.
Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека може да игра на врвно ниво дури и на 38 години. Дури имаше три сет-топки во третиот сет, но Синнер сепак за Србинот е енигма во овој момент.
Италијанецот едноставно немаше слаба точка што Србинот можеше да ја експлоатира. Големата поддршка од трибините, од публиката, која повеќе беше наклонета кон српскиот ас, исто така не му помогна.
Првиот сет беше решен во петтиот гем. Синер дојде до брејк и не го испуштидо крајот на сетот.
Вториот сет беше драматичен во финишот, откако Синер направи брејк во седмиот гем и поведе со 4:3. Ѓоковиќ успеа да се врати во гемот, во кој Синер сервираше за водство од 2:0. Изедначи на 5:5, но во 11.гем лесно го „продаде“ својот сервис, во ситуација кога водеше 40:15.
Тратиот сет донсе кулминација на драмата. На сервис на Синер, Ѓоковиќ имаше три сет топки, не успеа да ги икористи, а во тај-брејот Италијанецот издоминира. Клучен беше третиот поен, кога Ѓоковиќ не успеа да го врати мини-брејкот, чист смеч лансираше во мрежата.
Ова беше нивни деветти натпревар, а Синер сега води со 5:4, со напомена дека ги доби последните четири дуели. Италијанецот го чека ден за одмор, а птооа финалето против Алкараз, додека Ѓоковиќ ќе ги започне подготовките за Вимблдон.
Спорт
(Видео) Спектакуларен гол на Алиоски, Македонија освои бод против Белгија

Фото/ Фото/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без победник 1:1 (0:1) во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Во рамките на Ј групата, Белгија го имаше поседот, повеќе удари кон голто на Димитиревски и повеќе корнери, но Македонија имаше повеќе зрели шанси и еден поништен гол, поради минимален офсајд.
Де Кујпер го отвори резултатот во 29.минута и на тој начин сурово ги казни промашувањата на македонските репрезнетативци.
Maxim De Cuyper | 🇲🇰 North Macedonia 0-1 Belgium 🇧🇪 pic.twitter.com/SwSvqwFKss
— JONERO♏♂️ (@JONERO10) June 6, 2025
Ударот на Барди со крајни напори го одбрани голманот Селс, а во 27.минута најпрвин Елмас ја погоди стативата со одличен удар од 18 метри, топката се одби на ногата на Алиоски кој од 7-8 метри наместо празната мрежа ја погоди стативата.
Во вториот дел Елмас постигна гол во 48.минута, ВАР веднаш се јави, долго траеше прегледувањето на ситуацијата, на крајот пресудата беше дека Илиевски бил во офсајд и влијаел на играта.
Конечно македонските фудбалери беа наградени за борбената игра во 87.минута, кога Чурлинов му асистираше на АЛиоски, а овој постигна брилијантен гол.
Македонија за три дена ќе гостува во Астана, кај Казахстан, а Белгија ќе го пречека Велс.
!function(r,u,m,b,l,e){r._Rumble=b,r[b]||(r[b]=function(){(r[b]._=r[b]._||[]).push(arguments);if(r[b]._.length==1){l=u.createElement(m),e=u.getElementsByTagName(m)[0],l.async=1,l.src=”https://rumble.com/embedJS/u4″+(arguments[1].video?’.’+arguments[1].video:”)+”/?url=”+encodeURIComponent(location.href)+”&args=”+encodeURIComponent(JSON.stringify([].slice.apply(arguments))),e.parentNode.insertBefore(l,e)}})}(window, document, “script”, “Rumble”);
Rumble(“play”, {“video”:”v6s7qq9″,”div”:”rumble_v6s7qq9″});