Спорт
Објавен списокот за пријателскиот натпревар со Црна Гора
Селекторот на Македонската сениорска фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз го соопшти списокот на фудбалери за претстојниот пријателски натпревар со Црна Гора.
Селекторот на Македонската сениорска фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз го соопшти списокот на фудбалери за претстојниот пријателски натпревар со Црна Гора.
Единствено ново засилување во составот е фудбалерот на ФК РАД од Белград, 25- годишниот Александар Тодоровски, кој игра на десната бочна позиција.
Пријателскиот натпревар ќе се одигра на 3 март на Арената Филип Втори со почеток во 14.30 часот.
Комплетниот список на фудбалери за пријателскиот натпревар со Црна Гора:
Томе Пачовски (Жерминал Бершот), Един Нурединовски (Етникос Акнас), Гоце Седлоски (Матерсбург), Игор Митревски (ЦСКА Софија), Владе Лазаревска (Ријека), Николче Новевски (Мајц 05), Бобан Грнчаров (АПОЕЛ), Арменд Алими (Пула), Величе Шумуликовски (Престон Норт Енд), Филип Деспотовски (Ворскла), Горан Попов (Херенвен), Александар Тодоровски (Рад), Славчо Георгиевски (Етникос Акнас), Горан Пандев (Интер), Илчо Наумовски (Матерсбург), Ацо Стојков (Арау), Бесарт Ибраими (Шалке 04) и Душан Савиќ (Брашов)./крај/макфут/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

