Спорт
Викенд фудбалски преглед
Интер успеа да дојде до само еден бод од натпреварот против Сампдорија откако одигра нерешено без голови, а Јувентус стигна до својата трета последователна победа од 2:1 на гостувањето во Болоња.
Интер успеа да дојде до само еден бод од натпреварот против Сампдорија откако одигра нерешено без голови, а Јувентус стигна до својата трета последователна победа од 2:1 на гостувањето во Болоња.
Италијанска Серија А:
Џенова- Удинезе 3:0 (Аквафреска 30’, 53’п, Паласио 64’).Интер- Сампдорија 0:0Рома- Катанија 1:0 (Вучиниќ 18’).Аталанта- Киево 0:1 (Пелисие 44’).Болоња- Јувентус 1:2 (Диего 5’, Буске 50’, Кандрева 66’).Калјари- Парма 2:0 (Ѕакардо 6’, Матри 39’).Фиорентина- Ливорно 2:1 (Ривас 36’, Варгас 62’, Џилардино 78’).Палермо- Лацио 3:1 (Ернандез 1’, Миколи 28’, Ночерино 75’ Коларов 79’).Сиена- Наполи 0:0Бари –Милан 0:2 (Бориело 43’ Пато 69’).
Англиска премиер лига:
Евертон- Манчестр Јунајтед 3:1 (Бербатоб 16’, Билјатдинов 19’, Гослинг 76’, Родвел 90’).Арсенал- Сандерленд 2:0 (Бентнер 27’ Фабрегас 90’).Вест Хем- Хал Сити 3:0 (Бехрами 3’, Кол 59’, Фауберт 90’).Вулверхемптон- Челзи 0:2 (Дрогба 40’ 67’).Портмут- Стоук 1:2 (Пикуионе 35’ Хут 50’ Диао 90’)Блекбурн Болтон 3:0 (Калиниќ 41’ Робертс 73’ Гивет 84’)Астон Вила- Барнли 5:2 (Флечер 10’ Јанг 32’ Даунинг 56’ 58’ Хески 61’ Абгонлахор 68’)Фулам- Бирминхем 2:1 (Бајрд 3’аг, Даф 59’, Замора 90’)Манчестер Сити- Ливерпул 0:0Виган- Тотенхем 0:3 (Дефо 27’ Павличенко 84’ 90’).
Шпанска Ла Примера:
Депортиво ла Коруња- Ерез 2:1 (Гвардадо 3’п, Рики 6’ Бермехо 38’)Барселона- Расинг Сантандер 4:0 (Иниеста 7’ Анри 29’ Маркез 34’ Насцименто 84’)Малјорка- Севилја 1:3 (Сузарез 5’ Навас 23’ Драгутиновиќ 57’ Пероти 62’)Атлетик Билбао- Тенрифе 4:1 (Лоренте 18’п Токуеро 23’ Ираола 54’ Алфаро 59’ Габилондо 63’).Малага- Еспањол 2:1 (Фернадо 13’ Руиз 45’ Обина 75’)Осасуна –Ваљадолид 1:1 (Медунханин 80’ Камунас 90’)Зарагоса- Спортинг Хихон 1:3 (Билиќ 38’ Моран 63’ Барал 90’)Алмерија- Атлетико Мадрид 1:0 (Пиети 87’)Реал Мадрид- Вилјареал 6:2 (Роналдо 18’ Кака 21’п 79’, Игуаин 54’ 71’ Алонсо 87’ Сена 31’ Нилмар 66’./ крај/лс/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

