Спорт
АБА: Будуќност не „паѓа“ во Подгорица – намали на 1:2 против Звезда

Будуќност остана во игра за одбрана на титулата од АБА лигата и заддржување на местото во Евролигата, откако со 80:72 ја победи Црвена звезда користејќи го неверојатно слабото второ полувреме на српскиот клуб. Четвртиот меч повторно се игра во „Морача“ во петок.
Во пеколна атмосфера, Будуќност и Црвена звезда одиграа рамноправно во првото полувреме, но во второто постигнаа само 22 поени за да го „заслужат“ поразот.
Норман Кол имаше 20 поени за црногорскиот клуб, 14 додаде Кларк, а 10 Џексон, додека за гостите, кои ги добија првите два меча убедливо, Риверс постигна 19 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ВИДЕО: Фарски Острови ја победија Чешка, а тоа отвора пат Хрватска директно да се пласира на СП 2026

Фарските Острови приредија вистинска фудбалска сензација — во Торшавн го совладаа фаворитот Чешка со 2-1 и ѝ направија голема услуга на Хрватска во борбата за врвот на групата и директен пласман на Светското првенство 2026.
Овој неочекуван исход целосно ја расипа ситуацијата за Чесите, кои важеа за главен конкурент на „коцкестите“. По натпреварот, и двете селекции имаат по 13 бодови, но Хрватска има два меча помалку, што ѝ отвора широка врата кон Мундијалот доколку ги освои максималните поени.
Средбата во Торшавн започна внимателно, без голови во првиот дел, но второто полувреме понуди вистинска драма. Соренсен во 67. минута донесе предност за домаќините, Карабец израмни во 78., но само три минути подоцна Агнарсон повторно ја врати радоста кај Фарските Острови со удар што значеше конечни 2-1. До крајот, Чесите нападоа со сите сили, но без резултат.
Во другите натпревари, Холандија ја демонстрираше својата моќ против Финска, победувајќи со убедливи 4-0. Головите ги постигнаа Мален, Ван Дајк, Депај и Гакпо, а Мемфис Депај испиша историја — со двете асистенции на овој меч стана најдобар асистент во историјата на репрезентацијата со 36 додавања.
Шкотска лесно се справи со Белорусија (2-1), додека Кипар без проблеми го совлада Сан Марино со 4-0.
Спорт
Славеничка победа против Динамо Букурешт: Пелистер прослави 80 години постоење

Фудбалскиот клуб Пелистер на најдобар можен начин го одбележа големиот јубилеј – 80 години од своето постоење. На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, „зелено-белите“ славеа со 2-0 против реномираниот романски клуб Динамо Букурешт во пријателски натпревар исполнет со одлична атмосфера.
По израмнето прво полувреме, домашниот состав беше поагилен во продолжението и искористи една грешка на гостите. Во 75. минута, дефанзивецот Тоадер несреќно си постигна автогол, со што Пелистер поведе со 1-0.
Во завршните минути, капитенот Александар Ристевски беше прецизен од белата точка и го постави конечниот резултат 2-0, со што беше заверена славеничката победа.
Јубилејот го следеа бројни навивачи, тука беа и популарните „Чкембари“ кои исто така слават 40 години постоењето, имаше богата програма, а Пелистер со оваа победа уште еднаш потсети дека традицијата и љубовта кон фудбалот во Битола живеат и по осум децении.
Спорт
Мегваер одбива половина милион евра неделно, само за да остане во Јунајтед

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, е подготвен да одбие фантастична сума од Саудиска Арабија, бидејќи сака да остане во тимот од Олд Трафорд, но има еден услов.
Мегваер ќе одбие неделна плата од половина милион евра, односно 25 милиони евра годишно од Саудиска Арабија. Сепак, треба да се нагласи дека тој ќе го стори тоа само ако клубот му понуди гаранции и нов договор.
Мегваер е мета на клубови од Саудиската професионална лига, Ал-Наср и Ал-Етифак, кои се подготвени да му понудат највисока плата во светот за стопер. Договорот на поранешниот капитен на Јунајтед истекува во јуни, а веќе во јануари ќе може слободно да преговара со други клубови.
Мегваер се пресели од Лестер во Јунајтед во 2019 година за тогаш неверојатни 80 милиони евра, со што ја доби титулата најскап дефанзивец во светот.
Во овие шест години, тој често правеше катастрофални грешки, а противничките навивачи во Англија „често“ го потсетуваат на тоа со наменски песни.