Спорт
Абрамович досега за фудбалери потрошил 2,34 милијарди евра

Ова лето лондонски Челси во своите редови за сума од 115 милиони евра го доведе Белгиецот, Ромелу Лукаку. И минатото лето „сините“ се засилија со напаѓач, од Лајпциг во Лондон се пресели Тимо Вернер за 53 милиони евра.
Во 2003 година рускиот милијардер Роман Абрамович одлучи од просечен англиски клуб Челси да го направи европски и светски гигант, и успеа во тоа.
Во неговата ера Челси освои 5 титули во Премиерлигата, пет трофеи во ФА купот и двапати го освои пехарот во Лигата на шампионите.
Со последните пари платени (на Интер) за Лукаку, Челси во ерата на Абрамович за нови играчи потрошиле 2,34 милијарди евра. Со тоа, според податоците на „Трансфермаркт“ го претркаа Манчестер Сити кој во овој период за играчи потроши 2,24 милијарди евра.
На третото место на оваа листа е Барселона со 1,98 милијарди евра, додека Реал Мадрид е зад нив, со 1,91 милијарди евра.
Топ 5 листата ја затвора Манчестер Јунајтед кој за играчи потроши 1,82 милијарди евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Синер му предаде на Алкараз, Шпанецот го освои Синсинати

Шпанецот Карлос Алкараз ја освои титулата на Мастерсот во Синсинати.
Во финалето, Алкараз славеше по само дваесет минути игра против најдобриот тенисер во светот и бранител на титулата Јаник Синер.
Синер го предаде натпреварот при водство на Алкараз 5:0 во првиот сет. Се уште не е познато за каква повреда станува збор.
Италијанецот се држеше во неколку наврати во пределот на стомакот, па може да станува збор и за вирус. Како и да е, тој донесе одлука дека е подобро да се предаде и да не го загрози својот настап на Отвореното првенство на САД.
Што се однесува до самиот натпревар, тие дваесетина минути минаа во целосна доминација на Алкараз.
За краток период, тој направи дури три брејка против противник кој, во најголем дел, само статираше на теренот.
Пред последниот гем во првиот сет, во кој Алкараз требаше да сервира, Синер седна на клупата и му рече на судијата Мохамед Лајани дека му е жал за навивачите, но дека не може да продолжи.
Тој исто така нагласи дека морал да се обиде, што имплицира дека здравствените проблеми се појавиле пред почетокот на мечот.
Foto/ X
Спорт
Интер сака да го врати Онана

Интер наводно повторно ја следи ситуацијата со својот поранешен голман Андреа Онана откако Манчестер јунајтед го изостави од составот за отворањето на сезоната во Премиер лигата.
Според „Сан“, италијанскиот клуб внимателно го следи неговиот статус бидејќи има сè повеќе шпекулации за иднината на Камерунецот на „Олд Трафорд“. Се додава дека Интер е заинтересиран за враќање на 29-годишникот, кој замина во Јунајтед во 2023 година.
Од неговото доаѓање, тој не ја оправда отштетата од 56 милиони евра, а со оглед на тоа што тренерот на Интер бара нов голман, додека Јан Сомер во моментов е прв избор, враќањето би можело да стане реална опција.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Лукаку ќе го пропушти првиот дел од сезоната

Тежок удар за Наполи пред почетокот на сезоната во Серија А во која ја бранат титулата. Ромелу Лукаку се повреди и го очекува подолга пауза.
Напаѓачот кој минатата сезона забележа дабл-дабл учинок од 14 гола и 11 асистенции го повреди квадрицепсниот мускул и ќе му биде потребна операција. Се очекува да отсуствува четири до пет месеци.
Огромен проблем за Конте и Наполи. Бидејќи сега Наполи како класичен напаѓач го има само Лоренцо Лука засилувањето од Удинезе.
Затоа е јасно дека Наполи ќе мора да се активира на пазарот. Според првите информации, целта е Расмус Хајлунд од Манчестер јунајтед. Идејата на Наполи е да го доведе на позајмица.
Сепак, Наполи не е единствениот што е заинтересиран за Данецот. Милан е во игра веќе некое време и преговара со „црвените ѓаволи“ и го сака Хојлунд во случај да не постигнат договор со Душан Влаховиќ. Како што стојат работите, Хојлунд е на добар пат да се врати во Серија А.