Спорт
Абрамович тајно купувал фудбалери кои не биле на Челси
Газдата на Челси, Роман Абрамович, правел тајни инвестиции во фудбалери што не биле сопственост на неговиот клуб, покажува последната истрага на американската Мрежа за финансиска контрола (Фин ЦЕН).
Абрамович имал компанија регистрирана на Британските Девствени Острови со назив „Леистон холдингс“, која купувала удели во фудбалери преку сопственост на трето лице – процедура во која инвеститори купуваат акции во идниот трансфер на потенцијално квалитетни фудбалери од финансиски слаби клубови. Оваа практика беше забранета од Премиер лигата во 2008 година, но ФИФА ја забрани дури во 2015 година.
Ова се открива од новите обелоденети документи од Фин ЦЕН, каде што се покажува дека Перуанецот Андре Карилјо, кој играше против Челси во меч од ЛШ во 2014 за Спортинг Лисабон, бил фудбалер во сопственост на Абрамович.
Според документите, во декември 2016 било забележана сомнителна активност во врска со сметките на Абрамович со исплата преку офшор-компании од речиси милијарда долари. Парите кружеле околу неколку компании, а деветпати било исплатено на компанија од Кипар, средства што подоцна биле расцепкани на четири компании и од кои 156 милиони долари влегле во „Леистон холдингс“. „Леистон“ исто така била вклучена во уште двајца фудбалери на Спортинг – Гаел Еток (кој играше од 2012 до 2013) и Валентим Виола (од 2012 до 2016).
Портпаролот на Абрамович не ги демантира информациите, но посочува дека немало криминални активности бидејќи во тој период таква сопственост била дозволена.
„Фактот што трансакциите биле доверливи не значи дека биле незаконски или дека прекршувале некакви закони. Тоа се случувало пред ФИФА да ги промени своите правила“, вели портпаролот на Абрамович.
Роман Абрамович има богаство од 12,9 милијарди долари (според магазинот „Форбс“), пари што ги заработи во трговија со нафта и гас кога претходно бил сопственик на компанија за производство на кукли. Тој беше гувернер на областа Чукотка во Русија пред да го купи Челси во 2003 година. Во 2018 година Велика Британија не му ја продолжи „инвеститорската“ виза и оттогаш тој живее во Израел.
Ова лето, во период на економска криза на фудбалските клубови поради коронавирусот, Челси потроши над 200 милиони фунти на засилувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Даглас Луиз се врати во Астон Вила
Астон Вила мораше да реагира, на зимскиот пазар, поради големиот број повреди, па Унаи Емери сега повторно го доби Даглас Луиз.
Бразилецот не доби посебна шанса на позајмица во Нотингем Форест од Јувентус, поради што тој ги напушти „шумарите“, а Јувентус му дозволи да се врати во Астон Вила.
Даглас Луиз на овој начин се враќа во тимот на Емери по 18 месеци и трансферот во Јувентус, каде не се прослави.
Тој се пресели од Вила во Јувентус во летото 2024 година за дури 51.500.000 евра. Претходно го носеше дресот на Вила пет полни години, а интересно е што пристигна во Бирмингем од Манчестер Сити, каде што никогаш не доби вистинска шанса.
Вила сега го донесе на позајмица со опција за откуп во лето, но бројката не е позната.
Ова е големото враќање на капитенот, кој одигра дури 204 натпревари за Астон Вила, со улинок од 22 гола и 25 асистенции.
Луиз е ангажиран бидејќи сезоната заврши за Бубакар Камара, додека Мекгин и Тилеманс ќе бидат надвор од теренот неколку недели.
Foto/ depositphotos
Спорт
Шавјацарија го запре Исланд, натпреварот во Малме заврши без победник
Ракометната репрезентација на Швајцарија одигра нерешено со Исланд 38:38 (19:19) и ја искомплицира ситуацијата во борбата за полуфиналето во групата 2 на Европското првенство.
Швајцарија, која нема шанси да се пласира во полуфиналето, одигра одличен натпревар против Исланд и речиси дури триумфираше против фаворитите.
Предноста беше на страната на Швајцарците во поголемиот дел од натпреварот, најголемата разлика беше во два наврати во второто полувреме (26:23, 28:25, 35:32). Во исклучително драматичен финиш, Исланѓаните прво ја надоместија негативата од два гола, а потоа, кон крајот, имаа напад за победа на околу триесет секунди пред крајот.
За среќа на Швајцарија, Исланд не го искористи најважниот напад на натпреварот и натпреварот заврши без победник.
Леополд Ноам беше подобар за Швајцарците со седум гола од седум шута, Џино Стенертс постигна шест од исто толку обиди, Феликс Ален придонесе со пет.
За Исланд, Елији Видјарсон и Ори Фрајт Боркелсон беа најефикасни со по осум гола.
Нерешениот резултат на Исланд е добра вест за нивните ривали, Шведска, Хрватска и Словенија, репрезентации кои имаат по четири бода и до крајот ќе одиграат по два натпревари.
Спорт
Најмалку седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајна несреќа
Страшна сообраќајна несреќа, се случи во Романија. Во несреќата загинаа седум навивачи на фудбалскиот клуб ПАОК.
Група навивачи на ПАОК кои патуваа во Франција на натреварот од последното коло во Лига Европа, против Лион доживеаја трагична судбина.
Според првите информации објавени од романските и грчките медиуми, во несреќата загинаа седум лица, од кои пет се грчки државјани.
Навивачите патуваа од Александрија до Франција за да го бодрат својот тим во последното коло од Лигата на Европа, кое ПАОК го игра против Лион во четврток. За жал, нивното патување беше прекинато на романски автопат во една од најлошите сообраќајни трагедии во последно време.
Несреќата се случи на патот ДН6-E70, еден од главните патишта во тој дел од земјата. Мал автобус, кој доаѓаше од Грција и одеше кон Франција со вкупно десет патници, се обиде да престигне друго возило.
Враќајќи се во својата лента, возилото удрило во цистерна, по што биол фрлено во спротивната лента каде што се судрило со камион.
Во страшната несреќа учествувале вкупно четири возила – камион, минибус и два патнички автомобили.
Οχι ρε πο@στη , όχι …#PAOK pic.twitter.com/NkpLiwf8vp
— Veni,vidi,vici (@venividivici444) January 27, 2026
Покрај седумте загинати, како што објавија грчките медиуми, уште три лица се повредени и итно префрлени во болници. Според властите, состојбата на двајца од повредените е критична, додека третото лице е во болница со сериозни повреди.

