Спорт
Адетокумбо доби супер-макс од 228 милиони долари!

Двократниот МВП на НБА лигата, „Грчкиот ѕвер“ Јанис Адетокумбо се обврза на долгогодишен договор со Милвоки бакс, добивајќи супер-максимален договор од 228 милиони долари за пет години, најбогат договор возможен во НБА лигата.
„Ова е мојот дом, ова е мојот град. Благословен сум што сум дел од Милвоки бакс и во следните пет години. Да ги направиме вредни“, напиша Адетокумбо на Инстаграм.
Доколку не ја прифатеше понудата, следното лето Адетокумбо ќе можеше да биде слободен агент. Тој доаѓа по сезона во која стана само третиот кошаркар во историјата кој освои МВП и награда за најдобар дефанзивен кошаркар во иста сезона по Мајкл Џордан и Хаким Олајџувон. Тој имаше 29.5 поени, 13.6 скокови и 5.6 асистенции по натпревар минатата сезона.
Со него, Милвоки ја завршија регуларната сезона со најдобар скор во лигата последните две сезони, но двапати не стигнаа до финалето. Во 2019, Бакс имаа 2:0 водство против Торонто во конференциското финале, пред да загубат со 4:2, додека минатата сезона, загубија од Мајами хит во пет натпревари во полуфиналето на Истокот.
This is my home, this is my city.. I’m blessed to be able to be a part of the Milwaukee Bucks for the next 5 years. Let’s make these years count. The show goes on, let’s get it. 🤎🙏🏽 pic.twitter.com/895tCBE9RK
— Giannis Ugo Antetokounmpo (@Giannis_An34) December 15, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Не ни дозволија да играме, не третираа како животни“

Некои репрезентации извршиле силен притисок врз ИХФ, селекцијата на Зеленортските острови да биде исфрлена од 27 Светско првенство, тврди во интервју за „Ла Нуева кроника“, капитенот на оваа репрезентација Леандро Семедо.
Дебитантите на Мундијалите, во првото коло, одиграа одличен меч против фаворизираната Унгарија, загубија со 27:34, но пред вториот меч со Германија, имаа двајца позитивни на коронавирусот. Видејќи немаа десет играчи и еден голман, ИХФ, мечот го регистрира со службен резултат 10:0 за Германија, а пред мечот со Уругвај, Зеленортските острови беа дисквалификувани од СП.
„Не третираа како животни. Сите не гледаа како вирус во движење. Да им се случеше тоа на Германија или Шпанија, односот на ИХФ ќе беше поинаков“, рекол Семедо.
Ракометарот на Адемар Леон потоа открил неколку интересни детали од подготовиките во Португалија.
„Не знам дали на некого му се случило на подготовките да биде позитивен, потоа на следното тестирање да биде негативен и потоа по доаѓањето во Египет повторно да биде позитивен. Не сум доктор и не знам колку тестовите се веродостојни. Сметам дека многу работи не беа во ред. Знаевме дека мечот со Уругвај ни носи пласман во вториот круг, бевме подготвени да играме, да победиме, но тие ни забранија да играме. Добивме неофицијално објаснување, дека селекциите што требаа да играат против нас во втората рунда извршиле голем притисок врз ИХФ“, заклучил Семедо.
Спорт
Јокиќ ја реши драмата во Финикс, Бруклин повторно поразени од Кливленд

Финикс и Денвер го одиграа најдраматичниот натпревар изминатата новќ во НБА лигата. Денвер, предводени од Никола Јокиќ, победија во продолжението со 130:126. Српскиот центар со поените во самиот финиш му обезбеди дополнителни пет минути на својот тим.
Јокиќ натпреварот го заврши со 31 поен, 10 скока и 8 асистенции. Покрај Јокиќ уште петмина играчи на Денвер постигнаа двоцифрен број на поени. Кај Финикс се истакна Девин Букер со 31 поен, Диандре Ејтон забележа 27 поени и 13 скокови, а ветеранот Крис Пол подели 15 асистенции и постигна 11 поени.
Бруклин Нетс во само неколку дена доживеаја нов пораз од Кливленд Кавалирс. Без Кевин Дурент, Нетс се поразени во Кливленд 113:125.
Колин Секстон постигна 25 поени, а по 19 кошеви ифрлија Диандре Драмонд и екс играчот на Бруклин Џеред Ален.
На спротивната страна се издвоија Кајри Ирвинг со 38 поени, односно Џејмс Харден со 19 поени и 11 асистенции.
Далас, во Сан Антонио, го добија дербито на Тексас со 122:117. Лука Дончиќ го предводеше Далас со 36 поени и по девет скока и асистенции.
Резултати:
Шарлот-Чикаго 110:123
Детроит-Хјустон 102:103
Индијана-Орландо 120:118
Кливленд-Бостон 125:113
Филалделфија-Бостон 122:110
Торонто-Мајами 101:81
Минесота-Атланта 98:116
Сан Антонио-Далас 117:122
ЛА Клиперс-Оклахома 120:106
Финикс-Денвер 126:130
Сакраменто-Њујорк 103:94
Спорт
Барди заигра по три месеци, Леванте со 2:2 реми против Валјадолид

Енис Барди по три месеци надвор од стројот поради повреда, доби шанса да влезе во последните десетина минути од мечот на неговиот Леванте со Валјадолид, кога резултатот беше 2:2, како што заврши мечот од 20-тото коло на шпанската Ла лига.
Даниел Гомез ги донесе Леванте во водство во 62. минута, но гостите направија пресврт за пет минути, преку Алкараз (73.) и Плано (78.), пред во 83. Роџер да израмни на 2:2. Барди влезе во игра во 84. минута, но Леванте не успеа да стигне до шестата победа оваа сезона.
Леванте се на 10. место во Ла лига со 23 поени, додека со три поени помалку Валјадолид се на 15-тото место.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот