Спорт
Адвокат шокиран – среде пандемија ќе играат пред 10.000 луѓе во Загреб
Трофејниот тренер Дик Адвокат, кој е кормилар на холандски Феенорд, е шокиран од одлуката првиот меч од новата сезона во Лига Европа меѓу Динамо Загреб и Феенорд да се игра пред публика и тоа во ек на пандемијата на коронавирусот.
Организаторите на мечот донеле одлука на трибините на „Максимир“ да има 10.000 навивачи.
На Адвокат не му е јасна таквата одлука на „модрите“, особено што Холанѓаните на својот стадион ќе настапуваат без публика.
„Тоа е луда одлука. На `Максимир` ќе има публика, а кај нас не. Секако дека повеќе сакам да се игра со навивачи, но кога ги има од двете страни. За нас, оваа ситуација е многу негативна и тоа ќе потрае“, рече тренерот.
Мечот меѓу Динамо и Феенорд се игра вечерва со почеток во 21 часот.
Over naar Stadion Maksimir… ?️
‘???????? ??? ?????? ?????? ?? ?? ?????? ??? ?? ?? ??????? ?????’
– ???? ????????#dinfey • #Feyenoord pic.twitter.com/jbnRxKbJEg— Feyenoord Rotterdam (@Feyenoord) October 21, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
