Контакт

Спорт

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Објавено пред

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил, патувајќи со воз наместо со авион.

Тимот на Ерик Тен Хаг ги очекува двоен дуел со Челси, пред патувањето до Лил на 27 ноември, но веќе си резервирале патување со воз наместо вообичаено за големите тимови, патување со авион. Генералниот директор на клубот, Едвин ван дер Сар вели дека се надеваат дека ќе постават позитивен пример.

„Благодарение на ’Еуростар’ обезбедивме вакво патување. Ова е време во кое сите треба да бидеме свесни за еколошките последици и сакаме да поставиме добар пример. Лил е совршена дестинација за патување со воз и така ќе заштедиме и време и ресурси“, вели Ван дер Сар.

Лет од Амстердам до Лил трае околу 3 часа и 20 минути, додека со воз тие ќе стигнат за 2 и пол часа.

Спорт

Циципас го „смачка“ Зверев и се пласираше во полуфиналето во Лондон

Објавено пред

Дебитантот на АТП финалето, грчката тениска сензација Стефанос Циципас го забележа вториот триумф во натпреварите во „Андре Агаси“ групата, „нокаутирајќи“ го Александер Зверев со 6:3/6:2 за да обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот за осумте најдобри тенисери на светот.

Со втората победа, откако во првиот меч првпат во кариерата го совлада Данил Медведев, грчкиот тенисер, не само што се пласираше во полуфиналето, туку во исто време го елиминираше Медведев, кој одличната форма во вториот дел на 2019 не успеа да ја реализира во „О2 Арената“, губејќи практично добиен меч против Надал попладнето.

Прикажи повеќе...

Спорт

Златан се збогуваше со Галакси: Дојдов, видов, освоив!

Објавено пред

Златан Ибрахимовиќ го потврди своето заминување од МЛС лигата и Лос Анџелес галакси следниот месец, откако во негов стил на Твитер ја искористи фразата на Цезар: „Дојдов, видов, освоив!“.

„Дојдов, видов, освоив! Благодарам на Ел-Еј Галакси што ме направи да се чувствувам жив повторно. За сите фанови на Галакси – го сакавте Златан, ви го дадов Златан. Молам убаво. Приказната продолжува. Сега да продолжам да гледам безбол“, напиша 38-годишниот Швеѓанец на Твитер.

Златан не освои титула во МЛС, но си заминува со 53 постигнати голови во 58 мечеви. Сега, шпекулациите го поврзуваат со враќање во Италија, каде што за неговите услуги се заинтересирани Милан, Наполи и Болоња, но не е неверојатен и кам-бекот во Манчестер јунајтед.

Прикажи повеќе...

Спорт

Кил му „врати“ на Порто со победа со гол во последна секунда! (видео)

Објавено пред

Само три дена откако во најголемото изненадување во ЕХФ Лигата на шампионите оваа сезона загубија дома од Порто, лидерите во групата Б (каде што е и Вардар), Кил стигнаа до драматичан победа од 30:29 на гостувањето кај португалскиот клуб со гол во последната секунда од мечот.

Во неделата, Порто стигна до сензационална победа во Германија со гол во последната секунда, а сега, германскиот гигант му се одмазди на Порто со сличен триумф со голот на Харалд Рајнкинд, за ТХВ да се одвои на врвот на табелата во групата Б со 13 поени, пред Монпелје и Вардар со 9 и Веспрем, Кјелце и Порто со 8 поени, најавувајќи супер-интересен финиш на натпреварувањата по групи.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПА Б

Порто – Кил 29:30 (16:14)

Табела: 1.Кил 13, 2.Монпелје 9, 3.Вардар 9, 4.Веспрем 8, 5.Кјелце 8, 6.Порто 8, 7.Мешков 2, 8.Мотор 1

Прикажи повеќе...

Најново

Регион10 часа

Полициско куче откри рекордна количина хероин во Словенија, вредна речиси 90 милиони евра

Словенечката полиција и цариниците заплениле 730 килограми хероин во пристаништето Копер, што е најголема количина хероин запленета во историјата на...

Свет11 час

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија11 час

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион12 часа

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија13 часа

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија16 часа

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија18 часа

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Македонија20 часа

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија20 часа

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија21 час

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија22 часа

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Европа22 часа

(Видео) Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските...

Македонија23 часа

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб...

Македонија23 часа

Заев: Побогатите граѓани да ги сменат системите за греење за да помогнат против загадувањето

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред почетокот на вчерашната владина седница во Тетово даде одговор на новинарски прашања...

Македонија23 часа

Пендаровски во Париз предаде копија од книгата на Глигоров „Македонија е се што имаме“

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата во Париз, во библиотеката на Парискиот мировен форум дал копија од книгата „Македонија е...

Свет23 часа

Хилари Клинтон : Под голем притисок сум да го предизвикам Трамп на изборите

Поранешниот државен секретар на САД и кандидат на последните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон, вели дека е „под голем...

Свет24 часа

Жанин Анес и официјално стана наследник на Моралес во Боливија

Уставниот суд го призна решението опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на Боливија. Таа синоќа во...

Македонија24 часа

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Скопје

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас во текот на денешната работна посета на Северна Македонија е планирано да...

Спорт24 часа

Лука Модириќ е „Golden Foot“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрвтаска Лука Модриќ во Монте Карло доби уште едно големо признание во кариерата, наградата „Golden...

Македонија1 ден

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Досие