Спорт
Академија Пандев ја торпедира Шкендија!

Академија Пандев стигна до убедлива 4:2 победа над Шкендија во клучната пресметка за второто место на табелата во Првата лига во дербито на 31. коло.
Фарук Бихорац ги донесе домаќините во водство уште во втората минута од мечот за Томислав Илиев со гол од пенал во 23. минута да зголеми на 2:0. Шкендија одговори со голот на Јан Кривак на почетокот на второто полувреме по што пандевци ја вратија предноста од два гола со уште еден гол од пенал на Илиев во 63. минута пред Пепи Ѓорѓиев да зголеми на 4:1 во 79. минута од мечот. Шкендија во 83. минута, исто така од пенал, намали на 4:2 со голот на Сидрит Гури.
ПРВА ЛИГА, 31. КОЛО
Академија Пандев – Шкендија 4:2
Шкупи – Македонија Ѓорче Петров 1:1
Скопје – Пелистер 4:2
Работнички – Борец 2:1
Струга – Брегалница 1:0
Тиквеш – Ренова 0:1
Фото: ФК Академија Пандев
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1950-37708”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бекер префрлен во затвор за странци, му следува депортирање од Британија

Германската тениска легенда, Борис Бекер е префрлен во затвор за странци, што е сигнал дека ќе биде депортиран од Обединетото Кралство по отслужување на затворската казна, тврдат британските медиуми.
Бекер доби затворска казна од две и пол години во април откако беше прогласен за виновен за прикривање на 2.5 милиони фунти за да избегнеда плати долг откако прогласи банкрот. Германецот првично беше испратен во затвор од „категорија Б“ во Вендсворт, но според „Тајмс“, сега ќе биде префрлен во „затвор од категорија Ц“ во Хантеркомб. Ова значи дека иако се работи за затвор со помало обезбедување, во Хантеркомб од 2021 се затвораат само странски државјани.
54-годишниот Бекер живее во Британија од 2012 година, но според „Тајмс“, никогаш не добил британско државјанство, поради што е „квалификуван“ за автоматско депортирање бидејќи добил казна подолга од 12 месеци.
Спорт
Тебас: Ал-Хелаифи е „човек со многу шапки“, ПСЖ ја убива француската лига

Претседателот на шпанската Ла лига, Хавиер Тебас, продолжи со војната на зборови со Пари Сен-Жермен и нивниот претседател Насер Ал-Хелаифи, посочувајќи дека се работи за човек со „многу конфликти на интереси“ и објаснувајќи дека ПСЖ ја „убива“ француската лига, а УЕФА не презема ништо.
По одлуката на Килијан Мбапе да остане во Париз, Тебас ги пријави ПСЖ до УЕФА за прекршување на финансискиот ферплеј и сега уште еднаш побара да се преземат активности против францускиот клуб.
„Насер Ал-Хелаифи е претседател на ПСЖ, претседател на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА), член на извршниот комитет на УЕФА и претседател на ‘БеИН спортс’, една од најголемите ТВ-компании на светот која купува ТВ-права во фудбалот. Тој е човек со многу шапки, тука има премногу конфликти на интереси кои не смеат да постојат во 2022. Еден човек не може да биде во сите овие организации и да води ТВ-канал кој купува права за Ла лига, Лигата на шампиони, репрезентативните мечеви. Ќе поднесеме формална жалб до УЕФА оваа недела, но и тужба во Франција и уште една пред ЕУ во Брисел. Ќе видиме и за во Швајцарија“, најави Тебас.
Тој повторно ги критикуваше ПСЖ и Манчестер сити за прекршување на финансискиот ферплеј.
„ПСЖ ја убива француската лига. Има правила на УЕФА за да се спречат такви ситуации, но ако не дојде до тоа, ПСЖ ќе ја убие лигата. Меси дојде во ПСЖ и француската лига доби 70 милиони евра од меѓународните ТВ-права, додека ние добиваме 900 милиони евра без Меси и без Кристијано Роналдо“, посочи Тебас.
Ал-Хелаифи: Во Шпанија се љубоморни бидејќи француската лига е посилна
Спорт
Полицијата го најде глупавиот крадец, Пиоли го доби својот медал

Тренерот на новиот италијански шампион, Милан, Стефано Пиоли го доби назад својот шампионски медал кој му беше украден за време на прославата на „Мапеи“ во Реџо Емилија.
По 0:3 победата кај Сасуоло, „росонерите“ ја потврдија својата 19. шампионска титула, меѓутоа Пиоли остана без медал во хаотичните сцени со стотината навивачи на Милан на теренот. Покрај тоа, крадецот глупаво реши да се пофали на Инстаграм праќајќи порака „Благодарам, Пиоли“, со фотографија на медалот.
Токму оваа грешка дозволила полицијата во Реџо Емилија да го пронаје крадецот и да му го врати меадалот на тренерот, негов прв трофеј во тренерската кариера.
Му го украде медалот на тренерот, па му пиша на Инстаграм: Фала, Пиоли!