Спорт
Академија Пандев се ребрендира во Брера Струмица

„Брера Холдингс“, неодамна купи 90 отсто од акциите на фудбалскиот клуб Академија Пандев. Новиот газда го повлече првиот конкретен чекор од превземањето на клубот, го смени името. Од наредната сезона клубот ќе настапува под името „Брера Струмица“.
„Брера Струмица е за нас стратешки клуб и прв прволигашки клуб во Европа, јадро за пазарот на светскиот фудбал. Затоа ние правиме напори за брзо да го вратиме клубот на водечките позиции“, изјави Серџо Скалпели, извршниот директор на „Брера Холдингс“.
Со клубот влезе во подготвките за новата сезоната. Најпрвин во клубот ќе пристигне нов тренер, откако од клубот си замина Александар Васоски.
Македонската легенда, Горан Пандев за 600.000 евра продаде 90 отсто од акциите на „Брера Холдингс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(ВИДЕО) Серхио Рамос си даде автогол, Барса ја победи Севилја

Барселона оствари минимален успех над Севилја славејќи со 1-0. По ова каталонскиот тим се наоѓа на врвот на табелата со бод предност пред Џирона.
Барселона долго се обидуваше да го скрши отпорот на Андалузијците, а во 76.минута автогол си постигна Серхио Рамос. Тој сакаше да блокира, а топката заврши во мрежата на Севилја.
Спорт
(ВИДЕО) Борусија Дортмунд го победи Хофенхајм

Борусија Дортмунд оствари триумф на гости против Хофенхајм со 1:3 и се искачи на првата позиција на табелата во Бундеслигата.
Никлас Фулкруг во 18.минута донесе предност за „милионерите“, но израмни Андреј Крамариќ од пенал само седум минути подоцна.
Сепак, Борусија Дортмунд замина на одмор со водство од 1:2 откако во 45.минута погоди Марко Ројс.
Во финишот од мечот, во судиското продолжение, Џулијан Риерсон го постави конечниот епилог на овој меч.
Спорт
Лисандро Мартинез ја обнови повредата, го чека долга пауза

Аргентинскиот фудбалер Лисандро Мартинез долго време ќе отсуствува од фудбалските терени.
Веста ја потврди неговиот клуб Манчестер јунајтед на официјалниот сајт.
„Лисандро Мартинез ќе паузира подолг период поради влошување на повредата на стапалото која го мачи од април, а која ја обнови на неодамнешниот натпревар против Арсенал. Сега му треба одреден период на рехабилитација и ќе отсуствува подолг период“.
И покрај повредата на мечот со Арсенал, Аргентинецот сепак ги одигра натпреварите против Баерн и Брајтон, а според англиските медиуми сега го очекува пауза од најмалку два месеци.
Јунајтед ќе биде и без бекот Серхио Регилон за саботниот натпревар против Кристал Палас на „Олд Трафорд“.
Сепак, кај него не се работи за сериозна повреда и наскоро ќе му биде на располагање на Ерик тен Хаг.