Спорт
Алаба објави – По 13 години заминува од Баерн

Давид Алаба објави дека по 13 години, на крајот од сезоната ќе го напушти Баерн Минхен.
„Решив да искусам нешто ново. По завршувањето на сезоната ќе го напуштам клубот. Не ми беше лесно да ја донесам оваа одлука, тука минав 13 години, овој клуб е важен дел од мојата кариера“, рекол Алаба.
Давид Алаба, на 16-годишна возраст, во 2008 година, стана член на Баерн Минхен.
?️ @David_Alaba: "I have made the decision to leave #FCBayern at the end of this season and try something new. It obviously wasn't an easy decision – I've been here for 13 years and the club means a lot to me."#MiaSanMia pic.twitter.com/XJXIkSvYzb
— ???FC Bayern English??? (@FCBayernEN) February 16, 2021
Според медиумите, Алаба се договорил со Реал Мадрид и дека наскоро ќе го стави својот потпис на договорот со „кралскиот клуб“. Новинарот Фабрицио Романо, објави дека Алаба ќе потпише договор до 2025 година со Реал.
Наспротив оваа објава на Романо, порталот „90мин“, тврди дека официјална понуда до Алаба досега доставиле луѓето од Челси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Се за пари – Виљареал и Барселона ќе играат во Мајами

Натпреварот од 17-то коло од шпанската Ла Лига помеѓу Виљареал и Барселона треба да се игра на 20 декември во Мајами, беше објавено на официјалната веб-страница на натпреварувањето.
„Одборот на директори на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) денес го одобри барањето на Виљареал и Барселона натпреварот од 17-то коло од Ла Лига да се игра во Соединетите Американски Држави“, се вели во соопштението.
Формален домаќин на овој дуел ќе биде Виљареал. „Марка“, известува дека по ова одобрување, RFEF ќе поднесе барање до Европската фудбалска унија (УЕФА) за започнување на процесот на одобрување од страна на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) натпреварот помеѓу Виљареал и Барселона да се игра на 20 декември оваа година на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, во согласност со меѓународните прописи на ФИФА и имплементациските прописи одобрени од RFEF.
Истиот извор понатаму наведува дека ова ќе биде прв пат во историјата натпревар од Ла Лига да се игра надвор од Шпанија.
Финансиските детали за проектот не се објавени, но се претпоставува дека станува збор за поголема сума за Ла Лига и клубовите.
Новата сезона во Примера започнува веќе следниот викенд, на 15 август.
Спорт
Роналдо ќе се жени

Кристијано Роналдо наскоро ќе застане пред олтарот, објавуваат сите влијателни медиуми во Шпанија и Португалија.
По толку години „бегање“ од брак, суперѕвездата конечно ќе се ожени со својата долгогодишна партнерка Џорџина Родригез.
Токму таа се пофали со големиот прстен што го добила од него на социјалните мрежи и така информацијата стигна до јавноста.
Џорџина, која е по потекло од Аргентина, го запознала Роналдо додека работела во бутикот „Гучи“ во Мадрид, кога фудбалерот го носеше дресот на Реал Мадрид.
Од 2016 година, двојката е неразделна, а во меѓувреме добија две деца.
Фото/ Принтскрин
Спорт
ПСЖ го отстрани Донарума од екипата

Иднината на Џанлуиџи Донарума во Пари Сен Жермен е под голем знак прашалник.
Италијанскиот голман не е вклучен во составот на „Светците“ за натпреварот во среда против Тотенхем во Европскиот Суперкуп.
Донарума имаше една од клучните улоги во освојувањето на Лигата на шампионите, но Луис Енрике и клупските челници решија да го отстранат откако тој одби да го продолжи договорот. Договорот на Донарума со ПСЖ истекува наредното лето.
За 40 милиони евра, ПСЖ го донесе Лукас Шевалие од Лил, кој ќе биде прв избор, а тука се и Матвеј Сафонов и Арно Тенас.
Менаџерот на Донарума, Енцо Раиола е во контакт со гиганти како Манчестер јунајтед, Челзи и Интер, кои внимателно ја следат ситуацијата.
Минатата сезона, Донарума прими 43 гола на 47 натпревари, а во 17 од нив не прими гол.