Спорт
Алегри сакал да плаќа помала алиментација бидејќи бил „невработен“!

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри е на „мета“ на италијанските медиуми, откако се наоѓа во грда легална битка со својата поранешна девојка, обидувајќи се да ја намали алиментацијата која ја плаќа бидејќи бил „невработен“.
Алегри со својата поранешна партнерка, Клаудија Уги има 11-годишен син и според „Ла газета дело спорт“, во јануари 2021 се обидел да ја намали алиментацијата од 10.000 евра месечно на 5.000 евра месечно биејќи се сменила неговата финансиска состојба. Алегри беше отпуштен од Јувентус во мај 2019 година, иако клубот му плаќаше плата уште цела една сезона, по што во јули 2021 година се врати на клупата на клубот од Торино.
Неговото барање за намалување на алиментацијата било отфрлено, но сега преку своите адвокати ја обвинув Уги дека ги користела парите кои ги добивала за лична корист, односно дека плаќала студии за дете кое го имала од претхдна врска.
Ова не е првпат љубовниот живот на Алегри да биде погодна тема за италијанските таблоиди, откако една девојка остави пред олтарот, а минатото лето ТВ-презентерката Амбра Анџиолини го обвини дека без причина ја прекинал нивната врска. Алегри има уште една ќерка, Валентина, од бракот со поранешниот модел на „Плејбој“, Глорија Патрици.
Allegri denuncia la ex: "Ha speso per sé i soldi destinati a nostro figlio" #Juventus https://t.co/dbEbZmTqqt
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) June 22, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал без отштета го „подари“ Лука Јовиќ на Фиорентина
Српскиот интернационалец Лука Јовиќ го напушта Реал Мадрид и се сели во Серија A каде ќе го носи дресот на Фиорентина. Интересни е дека „кралевите“ нема да бараат отштета само за да се ослободат од неговата плата и комплетно да го продадат.
Првата сезона, Реал Мадрид ќе има обврска да плаќа половина од неговата годишна плата, но потоа тој комплетно ќе биде член на Фиорентина.
Лука Јовиќ е едно од најголемите трансферни промашувања во историјата на Реал Мадрид. Дојде пред три години од Ајнтрахт Франкфурт за 65 милиони евра. За споредба, Реал Мадрид плати 18 милиони евра повеќе обештетување за Јовиќ отколку за Винисиус Жуниор, кој дојде во клубот една сезона порано. Сепак, Србинот за две и пол години во Реал имаше мизерен ефект од три постигнати гола и пет асистенции на 51 натпревар.
Спорт
Јошко Миленкоски на клупата на ПАОК

Поранешниот селектор на одбојкарската репрезентација на Македонија, Јошко Миленкоски, следната сезона ќе го води грчкиот клуб ПАОК.
Тој имаше блескави резултати минатата сезона во грчката одбојка со тимот на Финикас, па моќниот ПАОК посака да го има на својата клупа.
Миленкоски на почетокот на годината седна на кормилото на Црна Гора, а претходно како селектор работеше и со Македонија и со Турција. Тој ги водеше Работнички, Нико Доага, Борец, Мили Пијанго, Циратбанк, Сфакс.
Спорт
„Предавство“ на столетието: Кристијано Роналдо се понудил на Барселона?!

Кристијано Роналдо мина девет години во Мадрид носејќи го дресот на Реал. Португалецот освои четири титули во Лигата на шампионите на Бернабеу, одигра речиси 300 натпревари и постигна 311 голови.
По помалку од една деценија во Мадрид, тој се пресели во Јувентус во 2018 година, а минатата година се врати во Манчестер Јунајтед.
Роналдо заедно со Јунајтед се мачеше минатата сезона, „црвените ѓаволи“ не успеаја да се пласираат во Лигата на шампионите, па сега сака да си замине. Во последните неколку недели беше поврзуван со Јувентус, Челси и со Баерн Минхен.
Но, шпанскиот весник „АС“ го открива „предавството“ на столетието. Роналдо би можел да ја продолжи кариерата, ни помалку ни повеќе, туку во Барселона. Неговиот менаџер Жорге Мендеш се сретнал со претседателот на Барса, Жоан Лапорта и наводно го понудил својот клиент на каталонскиот клуб.
Барселона лани покажа интерес да го доведе Роналдо, но ништо не се случи. Можеби сега е вистинското време, особено доколку пропадне толку очекуваниот договор со Роберт Левандовски.
Сепак, и самите контакти и преговори на релација Барселона – Роналдо ќе предизвикаат многу емоции во Мадрид.