Спорт
Алиоски асистираше Лидс го „згазија“ Тотенхем

Лидс јунајтед, во 35.коло во Премиер лигата, го победија Тотенхем со 3:1. Македонскиот репрезентативец, Џани Алиоски, беше асистент за вториот гол на Лидс јунајтед, кој во 42.минута го постигна Бамфорд.
Лидс јунајтед го надиграа Тотенхем, постигнаа три гола, а Иго Љорис ќе спречи да постигнат уште три. Мечот го обележа уште една контроверзна ВАР одлука, кога на Кејн му беше поништен гол при резултат 1:1.
Првиот гол на мечот го постигна Далас, кој ја искористи лошата реакција на Регуилон во 13.минута. Тотенхем израмнија во 25.минита со голот на Сон,
Во финишот на првиот дел, асистенцијата на Алиоски, Бамфорд ја претвори во гол.
Во второто полувреме двата тима пропуштија по неколку добри шанси за гол, се до 79.минта кога Родриго го совлада Љорис.
Тотенхем со овој пораз ги губат шансите за пласман во Лига Европа. Спарси се шестти со 56 поени, имаат два бода и два натпревари повеќе ид Ливерпул. Лидс јунајтед скокнаа на деветтото место со 50 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.