Спорт
Алиоски едвај чекал да се сретне со „пријателчето“ Пепе

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски едвај чекал да се сретне повторно со Никола Пепе, тврди неговиот соиграч од Лидс јунајтед, напаѓачот Патрик Бамфорд, по контроверзниот минат меч со Арсенал кога Французинот доби црвен картон откако го удри со глава Алиоски.
И покрај ова, во ноември Алиоски беше обвинет дека прелесно паднал во дуелот, но Бамфорд вели дека тоа само го кренало духот на македонскиот репрезентативец.
„Знаете што кажа во соблекувалната пред некој ден? Ми кажа: ‘Едвај ја чекам неделата’. Го прашав зошто, тој ми одговори: ‘Повторно играм со мојот пријател Пепе’“, открива Бамфорд.
Дуелот со Арсенал на „Емиратите“ ќе биде шанса „топчиите“ да ја прекинат лошата низа од три меча без победа во Премиер лигата и само еден освоен поен. Лидс е малку подобар – три победи во последните четири меча, во кои Алиоски беше стартер.
Bamford contó que Alioski en el vestuario estaba contento porque el domingo volvía a jugar contra “su gran amigo Pepe” ?. La última vez lo volvió loco con la marca personal, no lo dejó arrancar nunca y Pepe desesperado le terminó pegando un cabezazo que le valió la roja ?? pic.twitter.com/AAKX0dD5Dv
— Leeds United ARG???? (@Leeds_argentina) February 11, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Случаен гол на Грилиш за прв пораз на Палас во новата сезона

Во Премиер лигата повеќе нема непоразени тимови. Кристал Палас загиби на гостувањето кај Евертон (2:1) и го доживеа првиот пораз по речиси шест месеци, односно ја прекина серијата од 19 натпревари без пораз во сите натпреварувања.
Евертон стави крај на успешната серија на Кристал Палас со случајниот гол на Џек Грилиш во 93.минута. Палас сами се виновни за овој пораз, имаа предност од 37.минута псо голот на Муњоз, а пота промашија неколку зрели шанси за гол.
Кога не успеаја да го решат натпреварот ги стигна казната. Ендиај погоди од пенал во 76., а потоа во 93.минута Грилиш со првиот гол во дресот на Евертон им ја обезбеди победата на „карамелите“.
Резултати:
Астон Вила – Барнли 2:1 (1:0)
(Мален 25.63 – Угочукву 78)
Евертон – Кристал Палас 2:1 (0:1)
(Ендиај 76п, Грилиш 90+3 – Муњоз 37)
Њукасл – Нотингем Форест 2:0 (0:0)
(Гимареш 58, Волтемаде 84п)
Вулверхемптон – Брајтон 1:1 (1:0)
(Вербруген 21аг – Ван Хеке 86)
17:30 Брентфорд – Манчестер Сити
Спорт
Вардар и Струга одиграа нерешено во дербито на колото

Дербито меѓу Вардар и Струга, во деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига заврши без победник. Натпреварот на „Арена Тодор Проески“, заврши 2:2. Вардар од пораз се спаси со гол во судиското надополнување на времето.
Гостите од Струга два пати водеа, но не успеаја да победат. Шабани во 19. минута, го постигна првиот гол,
Во второто полувреме Мато промаши пенал, гостинскиот голман Ангелети го одбрани неговиот удар.
Мато набрзо успеа да постигне гол и да изедначи на 1:1. Четири минути подоцна Компаоре погоди за ново водство на Струга.
Сепак лидерот на табелата не успеа да победи, бидејќи во 92. минута Јанкулов го постави конечниот резултат.
Силекс со минималната победа над Тиквеш ја прекина низата лоши резултати. . Стрелец на единствениот гол во Кратово беше Ади Алиќ во деветтата минута од натпреварот.
Спорт
(Видео) Рома среќно победи во Фиренца и ја продлабочи кризата на Фиорентина

Фудбалерите на Рома ја победија Фиорентина на стадионот „Артемио Франки“ со 2:1, во натпреварот од шестото коло на Серија А.
Екипата на Џанпјеро Гасперини оствари победа по пресвртот во првото полувреме, а некако успеа да ја одбрани победата во вториот дел.
Кен им донесе водство на „виолетовите“ во 14-та минута, но „волчицата“ набрзо возврати и, како што се покажа, го обезбеди триумфот. Изедначи Суле во 22-та минута и Кристанте во 30-та минута.
Српскиот голман Миле Свилар имаше голема среќа во продолжението, бидејќи домашните ја погодија стативата и пречката, а одлична шанса во финишот пропушти Госенс, кој шутираше многу лошо од неколку метри.
Рома повторно се искачи на врвот на табелата со 15 бода, но и натпревар повеќе од Милан и Наполи, кои, исто како и Интер, имаат по 12 бода.
Фиорентина сè уште чека на својата прва победа во сезоната. Тие моментално се наоѓаат на 17-то место на табелата со три бода.
Во истиот период, Болоња ја декласираше Пиза со резултат од 4:0.
Сè беше решено веќе во првото полувреме, откако Камбијаџи постигна гол во 24-та, Моро во 38-та и Орсолини во 40-та минута.
Точка на натпреварот стави Одгар во 53-та минута, за 10-от бод на Болоња оваа сезона. Пиза, која играше со десет играчи поголемиот дел од натпреварот, остана на дното со само два бода.