Спорт
Алиоски: Не се плашиме од Челси, ќе се надигруваме со нив

Лидс јунајтед попладнево ќе гостуваат кај Челси, на „Стенфорд Бриџ“. Македонскиот репрезентативец, Езгијан Алиоски, за британските медиуми изјавил дека Лидс во Лондон ќе се надигрува со Челси.
„Челси е силен тим, ги гледавме во Лигата на шампионите. Не се плашиме од нив, веруваме во нашите квалитети, одиме во Лондон да се надигруваме со нив. Ние сме среќни што можеме да играме против најсилните екипи во Англија. Против Ливерпул и Манчестер сити, а сега потоа и против Арсенал и Евертон покажавме дека можеме да играме против најсилните екипи.
Натпреварот на 2Стенфорд Бриџ“ ќе започне во 21 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дали Меси ќе добие суспензија од 12 меча?

Правилата на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) велат дека Лионел Меси може да добие драстична казна од 12 меча суспензија откако го доби првиот црвен картон во дресот на Барселона по бруталниот напад на напаѓачот на Атлетик Билбао, Асиер Вилјалибре.
Меси, исфрустриран откако неговиот тим прими гол во 90-тата минута, и потоа во продолжението од финалето на Шпанскиот Суперкуп, го удри Вилјалибре без топка, и според РФЕФ ако тој е обвинет за „агресивно однесување“, тогаш може добие казна од 4 до 12 меча. Со 12 меча казна, капитенот би бил отсутен од голем дел од домашниот шампионат. Доколку биде проценето дека инцидентот не е „агресивен“, тогаш казната е од еден до 3 меча.
Самиот Вилјалибре не сакаше многу да зборува за фаулот.
„Мислам дека нема потреба да правиме контроверзи, сите тимови прават фаули, клучот е да не се предадеш потоа. Зошто се налути? Го ставив телото напред, а тој реагираше бесно“, вели Вилјалибре.
Messi sees red for an off-the-ball swing. pic.twitter.com/PAW8cm95OR
— ESPN FC (@ESPNFC) January 17, 2021
Спорт
Франција, Португалија и Шведска „совршени“, Словенците ги победија Белорусите

Репрезентациите на Франција, Португалија и Шведска ќе пренесат максимални 4 поени во следната фаза на Светското првенство во ракомет во Египет, откако денеска ги забележаа третите победи во третото коло од првата рунда.
Словенија, пак, во интересна битка беше подобра од Белорусија за да го освои второто место во групата Х, од каде тие две репрезентации, заедно со Русија одат во нашата група во втората фаза.
Французите, пак, беа неубедливи, овој пат против упорните Швајцарци, но на крајот предводени со осумте гола на Кентин Мае стигнаа до тешка 25:24 победа за максимални 4 поени во втората рунда. Португалците лесно со 26:19 ги совладаа Алжир за да се најпријатното изненадување на турнирот, додека Египет во нашата група, пропушти големо водство за на крајот да загуби со 24:23 од Шведска.
Словенија, предводена од Блаж Јанц (8 гола) и Јуре Доленец (7 гола) во второто полувреме го скршија отпорот на Белорусија за второ место во групата зад Русија.
СП РАКОМЕТ ЕГИПЕТ 2021
ГРУПА Е
Франција – Швајцарија 25:24 (14:14)
Норвешка – Австрија 20.30 ч.
Табела: 1.Франција 6, 2.Норвешка 2, 3.Швајцарија 2, 4.Австрија 0
ГРУПА Ф
Португалија – Алжир 26:19 (14:9)
Исланд – Мароко 20.30 ч.
Табела: 1.Португалија 6, 2.Исланд 2, 3.Алжир 2, 4.Мароко 0
ГРУПА Г
Македонија – Чиле 32:29 (16:17)
Шведска – Египет 24:23 (9:12)
Табела: 1.Шведска 6, 2.Египет 4, 3.Македонија 2, 4.Чиле 0
ГРУПА Х
Русија – Јужна Кореја 30:26 (15:15)
Белорусија – Словенија 25:29 (15:15)
Табела: 1.Русија 5, 2.Словенија 4, 3.Белорусија 3, 4.Ј.Кореја 0
Фото: СП Египет 2021
Спорт
Мустафи се прости со Озил: Брату, не ти помогнавме кога требаше

Шкодран Мустафи очигледно смета дека Арсенал многу погрешиле со случајот со својот близок пријател Месут Озил, кој е пред потпис со Фенербахче откако го раскина договорот со „топчиите“ бидејќи беше „замрзнат“ од март од страна на менаџерот Микел Артета.
Навивачите на Арсенал се подолени околу однесувањето кон Озил, но Мустафи е верен на поранешниот соиграч од германската репрезентација со емотивна порака на социјалните мрежи.
„Брату, ти беше најнесебичниот играч на теренот и надвор од него, секогаш кога делев соблекувална со тебе. Ќе бидеш запаметен како крал на асистенциите, но, за жал, ние како тим не успеавме да ти асистираме кога ти требавме најмногу. Се најдобро“, напиша Мустафи.
Bro, you have been the most unselfish player on and off the pitch, I have ever shared the dressing room with. You will be always remembered as the #AssistKing. Unfortunately we as a team haven’t been able to assist you when you needed us the most. All the best ❤️ #SM20 pic.twitter.com/gEfl6AWzZj
— Shkodran Mustafi (@MustafiOfficial) January 18, 2021
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира