Спорт
Алисон нема да си оди дома за паузата, се плаши од короната
Бразил е една од најпогодените земји со пандемијата на коронавирусот, па е многу ризично таму да се патува.
Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер не планира да се врати во Бразил за време на паузата токму поради можноста од зарази.
„Ми предложија да го избегнам патувањето во Бразил, затоа што во земјата е врвот на пандемијата. Нема да одам, дури и ако ми дозволат, затоа што тоа би бил ризик за моето семејство. Ќе почекаме работите да се поправат пред да ги посетиме роднините и пријателите“ рече Алисон.
Ливерпул сезонава по пауза од 30години ја освои титулата во Англија. Голманот смета дека тренерот Клоп е заслужен за револуцијата во клубот. Тој го пофали и капитенот Хендерсон за способноста на вистински начин да го води клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сабаленка го освои Бризбејн
Арина Сабаленка ја отвори новата сезона со трофеј на турнирот во Бризбејн.
Белоруската тенисерка рутински славеше во финалето против Марта Костјук со 2:0 (6:4, 6:3).
Арина ја освои својата 22-ра титула во кариерата и прва од Отвореното првенство на САД во 2025 година. Ова е нејзина шеста титула на турнирите од Серијата 500.
Сабаленка ги отвори двата сета со 3:0 и брзо стави до знаење во која насока оди овој натпревар, и дека ќе го освои купот во Бризбејн без премногу проблеми.
Следниот предизвик за Сабаленка е Отвореното првенство на Австралија, каде што освои два трофеи во последните три години. Минатата година, во финалето беше поразена од Медисон Кис.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Шарлот со 55 поени разлика ја декласира Јута
Кошаркарите на Шарлот убедливо ја победија Јута со 150:95, изминатата ноќ во НБА лигата. Ова е втората најголема победа во историјата на франшизата и најубедлива на гостински терен.
Веќе по првата четвртина, беше јасно дека Јута Џез ќе доживее дебакл, гостите погодија апсолутно сè и го добија првиот период со неверојатни 45:14.
Јута не можеше да се опорави од тоа, а Шарлот само продолжи да ја зголемува својата предност, која достигна максимум +56 во текот на третата четвртина.
Хорнетс постигнаа дури 16 тројки во текот на првото полувреме, во споредба со само една на домаќините.
Најефикасни кај Шарлот беа Тре Мен со 20, Брендон Милер со 18, Ламело Бол со 17, Мајлс Бриџис и Колин Секстон со по 15, Џош Грин со 13, Рајан Калкбренер и Кон Кнуепел со по 12 и Муса Диабате со десет поени и десет скока.
Кај Јута најдобар беше Брајс Сенсебо со 26, односно Ајзеа Коли со 17 поени.
Резултати:
Кливленд – Минесота 146:134
/Мичел 28 – Едвардс 25/
Индијана – Мајами 123:99
/Е. Нембхард 29 – Хиро 21/
Детроит – ЛА Клиперс 92:98
/Робинсон 20 – Леонард 26/
Бостон – Сан Антонио 95:100
/Вајт 29 – Вембањама 21/
Чикаго – Далас 125:107
/Вајт 22 – Р. Нембхард 16/
Спорт
Гундоган го убедува Силва да се пресели во Галатасарај
Галатасарај, во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе во Истанбул, Бернардо Силва (31).
Догороворт на Португалецот со Манчестер Сити истекува во јули, а познато е дека клубот нема да му понуди нов. Ова значи дека Бернардо веќе може да преговара со заинтересираните клубви.
Галатасарај, преку Илкај Гундоган (35), стапил во контакт со Португалецот.
Улогата на Илкај Гундоган е важна, бидејќи тој е еден од најдобрите пријатели на Силва и негов поранешен соиграч во Сити.
Гундоган разговарал со Силва и му го претставил турскиот клуб во многу добро светло, открива инсајдерот Николо Скира.
Бернардо Силва е легенда на Сити, со кого освои 18 трофеи од 2017 година.

