Контакт

Спорт

Алисон нема да си оди дома за паузата, се плаши од короната

Објавено пред

Бразил е една од најпогодените земји со пандемијата на коронавирусот, па е многу ризично таму да се патува.

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер не планира да се врати во Бразил за време на паузата токму поради можноста од зарази.

„Ми предложија да го избегнам патувањето во Бразил, затоа што во земјата е врвот на пандемијата. Нема да одам, дури и ако ми дозволат, затоа што тоа би бил ризик за моето семејство. Ќе почекаме работите да се поправат пред да ги посетиме роднините и пријателите“ рече Алисон.

Ливерпул сезонава по пауза од 30години ја освои титулата во Англија. Голманот смета дека тренерот Клоп е заслужен за револуцијата во клубот. Тој го пофали и капитенот Хендерсон за способноста на вистински начин да го води клубот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Касилјас и официјално ја заврши кариерата

Објавено пред

Легендарниот шпански голман Икер Касилјас и официјално ѝ стави крај на фудбалската кариера. Касилјас има 39 години, во мај минатата година доживеа инфаркт на тренингот на Порто и оттогаш не настапил на ниту еден натпревар.

„Денес е еден од најважните и на некој начин еден од најтешките денови во мојата кариера. Дојде време да се простам од фудбалот. 30 години се занимавам со фудбал. Во текот на ова долго патување имаше убави и помалку убави моменти, имаше среќа и тага. Во овој период од животот и од оваа перспектива можам да кажам дека вредеше сѐ ова“, порачал, меѓу другото, Касилјас во отвореното писмо.

Икер Касилјас најголем дел од кариерата мина во Реал Мадрид, а дресот на Порто го носеше во последните пет сезони.

Со Реал освоил три титули во Лигата на шампионите, пет во Ла Лига, две во Купот на кралот, Суперкупот на УЕФА, Светското клупско првенство и Интерконтиненталниот куп, четири во Суперкупот на Шпанија.

Беше член на шпанската репрезентација, со која освои две европски (2008, 2012) и една светска титула (2010).

Прикажи повеќе...

Спорт

Извлечени се групите за традиционалниот турнир во Струга

Објавено пред

Извлечени се групите за традиционалниот ракометен турнир во Струга. Поради пандемијата на коронавирусот, годинава на турнирот ќе играат само екипи од Македонија. Натпреварите на отвореното игралиште „Горан Попоски-Гобец“ ќе се играат без присуство на публика.

Струшкиот ракометен турнир годинава ќе се одржи од 12 до 16 август.

Носители на ждрепката беа Вардар и Еурофарм Пелистер. Вардар за противници во А-групата ги доби Бутел, Охрид и Еурофарм Пелистер 2.

Во Групата Б, покрај Еурофарм Пелистер, ќе се натпреваруваат Металург, Прилеп и Струга.
Организаторите набргу треба да ги објават распоредот и термините за одигрување на натпреварите.

фото/ohridnews.com

Прикажи повеќе...

Спорт

Натпревар вреден 190.000.000 евра – Фулам и Брентфорд во борба за Премиер лигата

Објавено пред

Фудбалерите на Фулам и Брентфорд вечерва од 20.45 часот на „Вембли“ ќе решат кој ќе биде последниот патник во Премиер лигата. Фулам имаат можност експресно да се вратат елитата, додека Брентфорд никогаш не биле членови на Премиер лигата. Интересно ова ќе биде дуел на екипи од западниот дел на Лондон.

Финалниот меч за пласман во Премиер лигата се нарекува и „најскапиот меч во сезоната“. Победникот ќе добие финансиска инјекција од околу 190.000.000 евра во наредните три години, а според ревизорската куќа „Делојт“, во наредните пет години, доколку клубот опстане во Премиер лигата, приходите можат да достигнат и сума од 330.000.000 евра.

Колку пари се во игра на овој меч најдобро покажува податокот дека победникот во Лигата на шампионите за оваа сезона најмогу може да заработи 82.500.000 евра.

Фулам во полу-финалето го мина Кардиф со вкупен резултат 3:2, додека Брентфорд го елиминира вториот тим од Велс, Свонси, со вкупни 4:2.

Двата тима со најсилните состави ќе влезат во решавачкиот натпревар, во кој според резултатите од оваа сезона фаворити се Брентфорд.

Брентфорд, без примен гол, победија на двата натпревари кои се одиграа во Чемпионшип дивизијата (1:0, 2:0).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Мицкоски: Ќе се фокусираме на предлози кои значат борба против криминалот и корупцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека неговата партија ќе биде фокусирана да состави парламентарно мнозинство и да ја состави...

Македонија40 минути

Пронајдено телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро

По два дена трагање, пронајдено е телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро. Од МВР велат дека...

Македонија55 минути

Заев: За 10 до 15 дена ќе има исход од преговорите за влада, сите опции се отворени

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, посочи дека во деновите што следуваат ќе се разговара со сите...

Македонија56 минути

Петмина починати и 75 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на...

Македонија2 часа

Собранието им ги верификува мандатите на сите 120 пратеници

Со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан ниту, пак, против, верифицирани им се мандатите на сите 120 пратеници, со...

Македонија2 часа

42-годишен маж спасен на Клиниката за кардиологија со стентирање на трауматска трансекција на торакалната аорта

Маж на возраст од 42 години е спасен од сигурна смрт кога на Клиниката за кардиологија му било извршено стентирање...

Македонија2 часа

Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

Со интонирање на химната почна првата седница на новиот парламентарен состав, која се одржува во салата Голема купола, со засилени...

Свет4 часа

В година Русите ќе ја тестираат вакцината против коронавирусот врз деца

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да почне со тестирање на вакцината против коронавирусот врз деца во јануари-февруари в...

Регион5 часа

Грчките премини Дојрани и Ники ќе се отворат по 15 август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини Дојрани и Ники ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.8.2020...

Топ5 часа

Прегазена жена во Охрид

Деветнаесетгодишен скопјанец со „мерцедес“ на улицата Сирма Војвода во Охрид удрил во пешакот М. Т. (58) од Охрид. Жената била...

Свет6 часа

Гутереш: Коронавирусот ќе уништи генерации поради затворањето на училиштата

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди дека светот се соочува со генерациска катастрофа поради затворањето на училиштата во...

Свет7 часа

СЗО ќе распореди меѓународен тим експерти во Вухан

Светската здравствена организација соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирусот ја завршил својата мисија во Кина...

Европа7 часа

Расте бројот на тешко заболени од коронавирус во Франција

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во одделите за интензивна нега во Франција денеска се искачи на 384, што е...

Македонија19 часа

Привремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови. Како што информираат од...

Регион19 часа

Преглед на состојбата во регионот: Во Албанија почина уште еден лекар, во Србија пад на бројот на новозаразени

Преглед на состојбата со коронавирусот во регионот во изминатото деноноќие. Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус Во болницата...

Македонија21 час

Поранешни вработени во СЈО бараат од Пендаровски да им се извини: „Обвинителството не беше една личност“

Поранешни вработени во Специјалното јавно обвинителство реагираа на говорот на претседателот Стево Пендаровски во Пелинце. Тие велат дека СЈО не...

Топ23 часа

Лекар од Итната помош физички нападнат од татко на починато лице

Taтко на момче кое починало во сообраќајна несреќа, нападнал лекар од Итната медицинска помош. Лекарот бил на интервенција по претходно...

Македонија23 часа

Досега 500 лица починаа од коронавирус во Македонија

Бројот на починати од коронавирус во земјава достигна 500 лица, откако денеска беа потврдени 3 нови смртни случаи. Тројцата починати...

Македонија23 часа

Гостивар со најмногу новозаразени во изминатото деноноќие

Гостивар е на врвот на листата со најмногу новозаразени од коронавирус во земјава во изминатите 24 часа. Според податоците на...

Свет1 ден

СЗО: Mајките да ги дојат своите деца и кога имаат ковид-19

Светската здравствена организација денеска предупреди дека наспроти големите надежи за пронаоѓање на вакцина, можеби никогаш нема да има чудотворено решение...

Досие