Спорт
Алкојано го елиминира Леванте – Голманот Фигуерас херој во пенал рулетот
Кризата во која се наоѓа Леванте, дополнително се продлабочи со елиминацијата од Купот на Шпанија. Левенте, синоќа, доживеа елиминација по изведувањето на пенали од членот на Третата лига, Алкојано.
Алкојано се специјалисти за натпреварите во Купот. Минатата сезона сензационално успеаја да го елиминираат Реал Мадрид, претходно славеа и против Уеска, а во осмина-финалето за еден гол подобри од нив беа фудбалерите на Атлетик Билбао.
Мотивираноста на Алкојано на своја кожа ја почувствуваа и фудбалерите на Леванте. Имаа домаќините предност од 3:1, Леванте израмнија на 3:3, но не успеаја да победата.
Леванте имаше играч повеќе на теренот од 83.минута, но не успеаја да го скрашт домашниот тим, на чии гол блескаше Хосе Хуан Фигуерас.
Во пенал серијата тој одбрани два пенали, додека Роџер Марти го промаши голот. Еден од од играчите кои не успеаја да го совладаат Фигуерас беше и Енис Барди.
Фигуерас успеал да одбрани 22 од 29 удари во Купот против клубовите од Ла Лига. Во јануари, кога Алкојано го победи Реал Мадрид, Фигуерс одбрани 10 од 11 удари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дрилон Ганиу е нов делегат на листата на УЕФА: „Благодарност до Фудбалската федерација на Македонија“

Дрилон Ганиу е нов делегат од Македонија на листата на УЕФА.
Ганиу кој е актуелнен заменик генерален секретар во Фудбалската федерација на Македонија, се заблагодари за поддршката на социјалните мрежи.
„Благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Масар Омерагиќ“, напиша Ганиу.
Спорт
Чаби Алонсо ќе го наследи Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид

Чаби Алонсо ќе го наследи Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид.
Анчелоти претходно објави дека по оваа сезона ќе го напушти клубот со кој освои 15 трофеи во кариерата и застана до најдобрите тренери кои го воделе овој тим во историјата.
Нов предизвик за Италијанецот, најверојатно, ќе биде клупата на бразилската репрезентација, која треба да ја предводи на претстојното Светско првенство 2026.
Спорт
Тешко без Кари, Минесота изедначи на 1:1

Кошаркарскиот тим на Минесота го изедначи резултатот во полуфиналната серија на Западната конференција против Голден Стејт Вориорс на 1:1.
Минесота славеше во вториот натпревар на нејзин паркет со 117:93.
„Вориорс“ направија пробив во првиот натпревар, но беше јасно дека нема да биде лесно по повредата на Стеф Кари, на кого Стив Кер веројатно нема да може да смета во следните два натпревари, a серијата се сели во Сан Франциско.
Бидејќи најважниот играч на „Вориорс“ не беше на паркетот, Џејден МекДениелс успеа да го насочи целото свое внимание кон запирање на Џими Батлер, кого го „сведе“ на само 17 поени. Ги запреа и Тимбервулвс и Бади Хилд и победата дојде.
Тимбервулвс до победата ги предводеа Џулиус Рендл со 24 поени и 11 асистенции, Ентони Едвардс и Никел Александар Вокер со по 20 поени. Едвардс ги исплаши навивачите кога незгодно слета во текот на втората четвртина и накратко се чинеше дека го повреди глуждот, но продолжи да игра во второто полувреме без никакви проблеми.
Тројцата најефикасни играчи за домашниот тим ги следеше МекДениелс со 16 поени.
Кај „Вориорс“, Донатан Камингс беше најефикасен со 18 поени, Батлер, како што веќе споменавме, имаше 17, Хилд и Трајс Џексон Дејвис постигнаа по 15.
Третиот натпревар од серијата ќе се игра ноќта помеѓу сабота и недела, во 2:30 часот по средноевропско време.