Спорт
Алмирон, втор најбрз стрелец на Њукасл во историјата на Премиер лигата

Њукалс јунајтед успеаја да го победат ВБА со 2:1 Екипата на Стив Брус го запиша петтиот триумф во сезоната, додека ВБА го забележаа осмиот пораз.
Натпреварот на „Сент Џејмс парк“, го обележа Парагваецот Алирон, кој предност на Њукасл им донесе по само 19,98 секунди игра. Ова е вторито најбрз гол што го постигнале играчите на Њукасл, во историјата на премиер лигата.
Помалку време за да постигне гол му било потребно само на клупската легенда Алан Ширер. Во 2003 година, Ширер, постигнал гол против Манчестер сити, по само 10,52 секунди.
Најбрзиот гол во Премиер лигата е постигнат на 23.април 2019 година на натпреварот помеѓу Вотфорд и Саутемптон. Напаѓачот на Саутемптон Шејн Лонг го совладал противничкиот голман по само 7,69 секунди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тонесен заминува од Веспрем, се сели во Пик Сегед

Репрезентативецот на Норвешка, Кент Робин Тонесен, од наредната сезона ќе го смени клубот но ќе остане да игра во Унгарија. Тонесен дресот на Веспрем ќе го замени со оној на Пик Сегед.
Тонесен ја игра четвртата сезона за Веспрем. Кариерата во клубот му ја обележаа повредите, поради што не го покажа вистинскиот потенцијал. На позцијата десен бек, предност кај тренерот Давид Дејвис, имаат Хорхе Македа и Египќанецот Јахиа Омар.
Норвежанецот во Пик Сегед ќе го замени Чехот, Станислав Кашпарек.
Тонесен во кариерата покрај во Веспрем играл и во Вецлар и Фуксе Берлин.
Спорт
Велеслаломот во Крањска Гора за Марта Басино

Марта Басино од Италија, победи на трката во велеслалом во Крањска Гора. За Басино ова е трета победа сезонава во оваа дисциплина, претходно победи во Зелден и Куршевел.
24-годишната Италијанка доминираше во двете трки, забележа вкупно време од 2:04.15 минути. Басино за 80 стотонки беше побрза од Теса Ворли, која го забележа најдобриот резултат уште од 2019 година.
Најдобрата тројка ја комплетираше Мишел Гисин од Швајцарија.
Микаела Шифрин која победи во Куршевел и на слаломот во Флахау, направи грешка во втората трка, поради што заврши на шестото место. Пред Шифрин беа Федерика Брињоне и Петра Влхова.
Басино води во поредокот во велеслалом со 300 бодови, 50 помалку има нејзината сонародничка Брињоне. Во генералниот пласман прва е Влхова со 749 бода, вотра е Гисин со 635, а трета Шифрин со 525.
Спорт
Озил по седум години го напушти Арсенал

Арсенал и Месут Озил спогодбено ја прекинаа соработката. Поранешниот германски репрезентативец, кој речиси десет месеци нема одиграно натпревар за Арсенал, го напушта клубот по седум и пол години. Озил кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче.
Озил, без обесштетување, ќе се пресели во редовите на турскиот великан. Двете страни се задоволни од овој расплет, Арсенал ќе се ослободи од платата на Озил (350.000 фунти неделно), а фудбалерот како слободен играч ќе замине од Лондон.
Англиските и турските медиуми пренесуваат дека Озил утре ќе биде промовиран во нов играч на Фенербахче.
Месут Озил, во летниот преоден рок во 2013 година од Реал се пресели во Арсенал, за сума од 47 милиони евра. За Арсенал одиграл 184 натпревари, постигнал 33 гола и забележал 58 асистенции.
Озил со Арсенал освоил четири трофеи во ФА купот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира