Спорт
Алвеш е осуден на четири и пол години затвор, но за три месеци може да биде слободен човек
Дани Алвеш (40), еден од најтрофејните фудбалери во историјата е осуден на четири и пол години затвор за силување. Судот во Барселона пресуди дека на 30 декември 2022 година силувал 23-годишна жена во ВИП делот на ноќен клуб во Барселона. Судењето на поранешниот фудбалер заврши на 7 февруари годинава, а 15 дена подоцна Алвеш ја дозна пресудата.
Обвинителството побара затворска казна од девет до максимум 12 години. Адвокатите на Алвеш го бранеа со фактот дека бил пијан. Сега имаат право да поднесат жалба, што значи дека случајот се уште не е затворен, а фудбалерот останува во затвор.
Кауцијата беше одбиена поради стравувањата дека ќе побегне во Бразил, кој не ги екстрадира своите граѓани осудени на затвор во други земји. Бразилските медиуми по пресудата објавија дека Нејмар, неговиот поранешен соиграч и голем пријател имал клучна улога во намалувањето на казната.
Казната е намалена бидејќи била применета олеснителна околност на штета, со оглед на тоа што на оштетената пред судењето и биле исплатени 150.000 евра. Тие пари ги дал Нејмар.
Но шпанските медиуми откриваат дека ова не е единствената голема помош за Дани Алвеш. Втората е одредба од шпанскиот Кривичен законик. Алвеш е во притвор од 20 јануари 2023 година. Тоа значи дека таму поминал една година, еден месец и пет дена.
Тоа време се смета во издржување на казната на која е осуден. Ова значи дека Алвеш и покрај тоа што пред само три дена беше осуден на четири и пол години затвор за тешко кривично дело, веќе во мај годинава може да биде на слобода.
Имено, според споменатиот закон, по отслужување на една третина од казната, која ќе биде за неполни три месеци, може да побара предвремено ослободување. Ако судот не му го одобри тоа, тој може да добие значително ублажување на казната, односно преку дена да биде слобода, а да преспива во затворот, или пак да мора да поминува осум часа дневно зад решетки.
Во корист на Алвеш оди уште една одредба од Кривичниот закон, која вели Шпанија ги депортира странците осудени на затворска казна помала од пет години, откако одредено време ќе поминат во притвор или затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Тиквеш го освои Купот на Македонија
Foot/ ffm.mk
Фудбалерите на Тиквеш испишаа историја и за прв пат во историјата го освоија Купот на Македонија. Исто така, оваа победа им овозможи на кавадарчани првпат да учествуваат во европските купови, тие ќе играат во квалификациите во Конференциската лига.
Во финалето кое се одигра на Националната Арена националниот стадион „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада Воска Спорт со 2:1.
Тиквеш поведе преку Кристијан Стојкоски, кој постигна одличен гол од слободен удар во 41. минута.
Tikves markiert in der 41. Minute das 1:0 per Freistoß https://t.co/nOamIuabKS pic.twitter.com/GoNMIrOQ4K
— Makedonien.mk (@makedonien_mk) May 22, 2024
По еден час игра, Бразилецот Луан Силва зголеми на 2:0, за голема радост на 10.000 навивачи кои од Кавадарци дојдоа во главниот град да го бодрат својот тим.
#Tikves erhöht in der 59. Minute nach Eckball auf 2:0 https://t.co/ZgXE2lTKNk pic.twitter.com/pneNaK7TJI
— Makedonien.mk (@makedonien_mk) May 22, 2024
Голот за надеж за Воска го постигна Никола Саркоски во 77. минута, но охриѓани немаа сили да се вратат во мечот.
Со ова Тиквеш ја заокружи најуспешната сезона во клупската историја, во првенството овој тим го освои четвртото место.
Спорт
(Видео) Гасперини го надмудри Алонсо, Лукман со хет-трик го растури Баер, Аталанта ја освои Лига Европа
Фудбалерите на Аталната го освоија првиот европски трофеј во клупската историја. „Ла Деа“, во финалето во Даблин, го победи Баер Леверкузен со 3:0. Хет-трик постигна Адемола Лукман, кој го совлада Ковар во 12., 26. и 75.минута. Аталанта со победата во финалето стави крај на европскиот рекорд на Баер, играчите на Чаби Алонсо до овој меч немаа пораз на 51 натпревар.
Спорт
Борусија сите вработени ќе ги носи на финалето со Реал
Борусија Дортмунд на 1 јуни на „Вембли“ ќе го игра финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, а челниците на германскиот тим покажаа зошто популарните „милионери“ се голем клуб и колку се грижат за луѓето, кои се дел од целиот проект.
Сите вработени во клубот, на број се 519, ќе бидат специјални гости на мечот за највредниот трофеј во клупскиот фудбал. Сите трошоци ќе бидат на товар на Борусија.
На трибините ќе бидат сите од хигиеничарките до директорите.
На овој начин клубот сака да изрази благодарност за сето она што го прават секојдневно и придонесуваат за успехот на Борусија.
Освен тоа, „милионерите“ во Лондон ќе ги однесат сите членови на нивната младинска школа од 12 до 19 години, за да бидат дел од големиот спектакл.
Борусија Дортмунд последен пат беше во финалето на Лигата на шампионите во 2013 година кога токму на „Вембли“, загуби од Баерн (2:1).