Контакт

Спорт

Андреску ќе ја предизвика Серена во финалето на САД опен

Објавено пред

Бјанка Андреску од Канада и Серена Вилијамс од САД на 7 септември ќе играат во финалето на последниот тениски гренд слем во сезоната, САД опен.

Андреску на американската турнеја игра во извонредна форма, што покажува и нејзиниот пласман во финалето на турнирот во Њујорк. Претходно, таа победи на Роџерс-купот во Канада.

Канаѓанката, инаку 15-та носителка на турнирот, во полуфиналето успеа да ја совлада Швајцарката Белинда Бенчиќ во два сета со 7/6, 7/5.

Противничка на Андреску во финалето ќе ѝ биде освојувачката на 23 гренд слем титули, Серена Вилијамс.

„Потполно луда работа е да се игра против Серена во финалето на САД опен. Не знам, можеби сонувам“, рекла 19-годишната Андреску.

За разлика од Андреску, Серена немаше никакви проблеми во полуфиналениот меч против Елина Свитолина. Американката победи во два сета 6/3, 6/1.

Серена ја забележа својата 101. победа на САД опен, каде што првата титула ја освоила пред 20 години. Според бројот на победи, таа се израмни со легендарната Крис Еверт.

Во финалето против Андреску двојно повозрасната Серена ќе се обиде да ја освои 24. гренд слем титулата во кариерата. Инаку, Серена нема гренд слем трофеј уште од 2017 година кога победи во Австралија, а последен пат во Њујорк победила во 2014 година.

Спорт

Кирјос преку Хачанов до осмина-финале со Надал

Објавено пред

Ник Кирјос во пет сета го победи Карен Хачанов во третото коло на Австралија опен. Австралиецот успеа да победи по четири часа и 26 минути игра што е негов најдолг меч во кариерата.

Кирјос славеше над Хачанов со 6/2, 7/6, 67, 6/7, 7/6 (10:8). Рускиот тенисер спаси меч топка пред да го освои четвртиот сет, а во супер тај-брејкот во петтиот сет имаше водство од 8:7.

На крајот Кирјос имаше 97 винери и 52 неизнудени грешки, додека тој однос кај Хачанов беше 75/44. Австралиецот беше поуспешен и на сервисот, забележа 32 ас-сервиси имаше и четири дупли грешки, додека Хачанов на сервис имаше 21/5.

Кирјос во наредната рунда ќе се сретне со првиот носител на турнирот Рафаел Надал.

Прикажи повеќе...

Спорт

Италијанска доминација во Банско

Објавено пред

Италијанката Елена Кутрони победи на спуст трката која се возеше во Банско, Бугарија. За Кутрони ова е прва победа во кариерата, во Светскиот куп.

28 годишната Кутрони во кариерата три пати била на подиумот, последен пат во Кран монтана во 2017 година. До првата победа таа стигна со време 1:29.31 минута. На второто место со само една стоинка послабо време се пласира нејзината сонародничка Марта Басино.

Совршениот ден на Италијанските во спуст трката го надополни Федерика Брињоне која со 14 стотинки задоцнување го освои третото место.

Зад Италијанките на четвртото место трката ја заврши победничката од вчерашниот спуст Американката Михаела Шифрин.

Утре во Банско на програмата е трката во супер-велеслалом.

Прикажи повеќе...

Спорт

Максимални победи на Медведев и Зверев

Објавено пред

Четвртиот и седмиот носител на првиот гренд-слем во сезоната Австралија опен, Данил Медведев и Александар Зверев се пласираа во осмина-финалето.

Медведев со максимален резултат (6/4, 6/3, 6/2) го надигра Австралиецот Алексеј Попирин. Русинот направи пет брејка во целиот меч, а ниту еднаш не го загуби својот сервис.

Медведев во наредната рунда ќе игра против Стен Вавринка, на кого Џон Изнер му го предаде мечот.

Пласман во осмина-финалето во три сета избори и Зверев. Германецот го победи Фернандо Вердаско од Шпанија (6/2, 6/2, 6/4). Зверев во првите три меча не загуби ниту еден сет што е негов најдобар резултат на турнирите од гренд-слем серијата.

Во осмина-финалето Зверев ќе игра против Андреј Рубљов.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

(Видео) Мицкоски: Ќе продолжиме со разговорите за законот за Јавното обвинителство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања денеска кажа дека ќе продолжат со разговорите за законот за Јавното...

Македонија3 часа

Дескоска: Жалам што ВМРО-ДПМНЕ избега од разговорите за законот за Јавното обвинителство

Министерката за правда, Рената Дескоска на социјалните мрежи напиша дека жали што преговарачката тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното...

Топ4 часа

Возило прегази 10-годишно дете на булевар во Скопје

Синоќа на булеварот „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ патничко моторно возило управувано од 32-годишниот Д.Д. од Скопје удри во дете пешак на...

Свет5 часа

(Видео) Вознемирувачки снимки по земјотресот во Турција, луѓето панично бегаат на улиците

Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди Турција порасна на 21 лице, а над 900 се повредени. Земјотресот...

Свет6 часа

Проширен регионот што е во карантин во Кина, пријавени нови 15 смртни случаи поради вирусот

Дополнителни 15 смртни случаи се пријавени во кинеската провинција Хубеи, со што бројот на починати од новиот коронавирус се зголеми...

Свет6 часа

Австралија и Малезија потврдија први случаи на заразени со коронавирусот

Австралија и Малезија ги потврдија првите случаи на новиот коронавирус на нивната територија, додека од Кина стигна информација дека досега...

Европа6 часа

Во Франција потврден трет случај на новиот корона вирус

Во Франција е потврден трет случај на новиот смртоносен корона вирус, што се први пријавени случаи од ова заболување на...

Македонија6 часа

Пендаровски и Спасовски со сочувство до турскиот народ поради земјотресот

Претседателот Стево Пендаровски и техничкиот премиер, Оливер Спасовски, преку социјалните мрежи изразија сочувство до турскиот народ поради силниот земјотрес во...

Свет6 часа

(Видео) Во земјотресот во Турција загинаа 20, повредени се 920 лица

Бројот на загинати од силниот земјотрес што вчера го погоди источниот дел на Турција се искачи на 20, со 920...

Македонија17 часа

(Видео) Пендаровски: Посетата на Шарл Мишел уверува дека имаме силна поддршка на европскиот пат

Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој престојува во работна посета на земјава. На...

Македонија21 час

(Видео) Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ го користи Јовески како лошо алиби за напуштање на преговорите

ВМРО-ДПМНЕ очекувано ја напушти средбата, по вчерашната изјава на Христијан Мицкоски, кој кажа дека има забелешки и од сите 9...

Македонија22 часа

Еден месец притвор за заканувачот Емил Јакимовски

Кривичниот суд му го продолжи притворот на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар, за закани упатени кон новинарката Мери...

Македонија22 часа

(Видео) Милошoски: Не преговараме за законот за Јавно обвинителство без присуство на Јовески

ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата на работните групи за законот за Јавно обвинителство во Собранието, откако министерката за правда, Рената Десковска,...

Македонија22 часа

(Видео) Дебата: Како во законот освен производителите, корист да имаат и консументите на канабисот

Пациентите на кои им е потребно маслото од канабис се сосема заборавени во предлог-законот за опојни дроги и психотропни супстанции,...

Македонија1 ден

Заев: ВМРО-ДПМНЕ да го прифати законот за Јавното обвинителство и да се надмине себе си

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара од ВМРО-ДПМНЕ да се надминат себе си и да го прифатат законското решение за...

Македонија1 ден

Поповска: Во институциите има луѓе заинтересирани за бизнис со отпад, увозот не се врши контролирано

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Попвска, која е една од иницијаторите на законот за забрана за увоз на отпад, рече дека...

Македонија1 ден

УХМР објави оглас за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди

Управата за хидрометеоролошки работи го објави јавниот оглас „Услуги за модификација на време со авионско засејување“. Се работи за нов...

Свет1 ден

Словачки министер пијан демолирал кинески ресторан, најави оставка

Словачкиот министер за животна средина објави дека поднесува оставка кога наводно пијан со својот брат учествувал во демолирање кинески ресторан...

Свет1 ден

Вухан гради болница за заболените, планира да ја заврши за 5 дена

Градот Вухан, кој е жариште на новиот корона вирус, забрзано гради болница со 1.000 кревети за лекување на заразените пациенти....

Македонија1 ден

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во посета на земјава

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска ќе допатува во посета на Македонија. Мишел ќе оствари средби со високи претставници...

Досие