Спорт
Евро 2020: Шпанците останаа „совршени“ во Романија, Финците со „шок“ за Грција (видео)

Шпанската фудбалска репрезентација остана „совршена“ и по петтото коло во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, додека Финска со 1:0 ја победи Грција и дојде на чекор до прв пласман на едно големо натпреварување и во исто време драстично ги намали шансите на Грците.
Серхио Рамос во 29. минута беше прецизен од белата точка да донесе водство на „фуријата“ во Букурешт, а Пако Алкасер во 47. минута зголеми на 2:0. Сепак, домаќините во 59. минута намалија на 1:2 преку Флоријан Андоне по што имаше тензичен финиш на мечот, во кој Дани Карвахал доби црвен картон во 79. минута. Романците ги очекува тесна битка со Шведска и Норвешка (кои денеска имаа убедливи победи) за второто место во групата.
Финска, пак, успеа со голот од пенал на Тему Пуки да ја совлада Грција со 1:0 и изненадувачки да биде најблизок конкурент на Италија во груапта Ј. Италија има 15 поени, Финска 12, додека Босна и Херцеговина е трета со 7 откако со 5:0 го победи Лихтенштајн. Грците се само петти со 4 поени.
ЕВРО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Д
Гибралтар – Данска 0:6
Ирска – Швајцарија 1:1
Табела: 1.Ирска 11, 2.Данска 8, 3.Швајцарија 5, 4.Грузија 3, 5.Гибралтар 0
ГРУПА Ј
Ерменија – Италија 1:3
Босна и Херцеговина – Лихтенштајн 5:0
Финска – Грција 1:0
Табела: 1.Италија 15, 2.Финска 12, 3.БиХ 7, 4.Ерменија 6, 6.Грција 4, 5.Лихтенштајн 0
ГРУПА Ф
Фарски Острови – Шведска 0:4
Норвешка – Малта 2:0
Романија – Шпанија 1:2
Табела: 1.Шпанија 15, 2.Шведска 10, 3.Норвешка 8, 4.Романија 7, 5.Малта 3, 6.Фарски Острови 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.