Спорт
Англичаните и Германците пристигнаа во Катар со авиони со боите на виножитото
Англиската фудбалска репрезентација пристигна во Катар за Светското првенство со посебен авион на авио-компанијата „Вирџин“ кој промовира ЛГБТ права, во јасна порака до домаќините на Мундијалот, каде што хомосексуалноста уште е забранета со закон, а слична порака ќе пратат и Германците со својот авион на „Луфтханса“ со порака „Разлчноста победува“.
Тимот на Герет Саутгејт пристигна во Доха со авионот со име „Виножито“, официјалниот „Геј прајд“ авион на компанијата „Вирџин“. На него се појавува лик со име Оскар, кој го држи британското знаме, а носи патики во боите на виножитото. Регистрацијата на авионот е „GV-PRD“, односно „Gay Pride“.
Германската авио-компанија „Луфтханса“ пак во своето соопштение објасни дека: „Луфтханса значи отвореност, толеранција, различност и зближувње на луѓето, место каде што сите се добредојдени без раззлика на полот, возраста, етничката припадност, религијата, идентитет или сексуална ориентација“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Мајами, сезонава има шест од шест
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои својата шеста пол-позиција на исто толку трки оваа сезона. Холанѓанецот беше најбрз во квалификациите за трката на Големата награда на Мајами. За Ферстапен ова е седма пол-позиција по ред и сега е на само еден до израмнување на рекордот на Аиртон Сена.
Ферстапен, кој неколку часа претходно триумфираше во спринтот на Флорида, ја забележа 38. пол-позиција во кариерата со круг од 1:27.241 минути. Тој за 141 илјадитинки беше побрз од Шарл Леклер во Ферари.
Двајцата ги следеше вториот возач на италијанскиот тим, Карлос Саинц Јуниор, кој заостануваше помалку од една десетинка зад својот тимски колега. Шпанецот за само пет илјадити делови од секундата беше побрз од Серхио Перез во Ред Бул.
Најдобар меѓу останатите беше Ландо Норис во Мекларен, пред тимскиот колега Оскар Пјастри и двоецот на Мерцедес Џорџ Расел и Луис Хамилтон. Топ 10 беше комплетиран од Нико Хилкенберг во автомобилот на Хас и возачот на тимот РБ Јуки Цунода.
Траката за Големата награда на Мајами утре ќе започне во 22 часот по средно-европско време.
Спорт
(Видео) Сасуоло повторно го победи Интер
Фудбалерите на Сасуоло славеа минимална победа над италијанскиот шампион Интер. Сасуоло сезонава забележа седум победи, две од нив се против Интер. Интересно ова се единствените порази на Интер сезонава во Серија А.Сасуоло остана на 19.место со 29 бода. Пред овој тим се Удинезе (29), Емопли (31), фросиноне (31), Верона (31), Каљари (32), но сите имаат натпревар помалку.
Стрелец на единствениот, гол беше Арманд Лориен во 20. минута откако Џош Доиг му ја одзеде топката на незаинтересираниот Дензел Дамфрис практично на гол-линијата и потоа му асистираше на Французинот во срцето на шеснаесетникот.
До крајот на сезоната Сасуоло ќе гостува кај Џенова, ќе го пречека Каљари и потоа ќе гостува во Рим кај Лацио.
Спорт
Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид
Тенисерката број еден во светот Ига Швјонтек ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид. Таа во финалето ја победи Арина Сабаленка во три сета. За Швјонтек ова е 20-та титула во кариерата, а прва во Мадрид.
Резултатот по три часа и 14 минути борба беше 5:7, 6:4, 7:6 (9:7).
Спектакуларниот меч на двете најдобри во светот, кулминација доживеа во тај-брејкот во третиот сет кој Швјонтек го доби со 9:7.