Спорт
Англиски клуб по грешка именува трибина по сериски убиец
Англискиот петтолигаш Саутенд јунајтед се најде во засрамувачка ситуација откога потврди дека ќе го смени името на нивната трибина „Гилберт и Роуз Вест“ кога на социјалните мрежи беше посочено дека на ваков начин трибината носи име на една од најозлогласените сериски убијци во британската историја.
Роуз Вест заедно со својот сопруг Фред уби непознат број луѓе во нивниот дом во Глостер во период од 20 години во 60-тите години. Роуз е во затвор од 1995 година, кога била осудена за 10 убиства во 1995 година, а Фред се самоуби во затвор истата година.
Проблемот на Саутенд бил спонзорскиот договор со компанијата за недвижности „Гилберт и Роуз“ и како дел од промоцијата тие го сменија името на нивната „Рутс хол трибина“ во „Гилберт и Роуз Вест“. Претседателот на клубот, Рон Мартин, потврди дека името нема да остане.
„Ова беше вистинска несреќа. Можам да замислам дека Гилберт и Роуз се воодушевени од публицитетот што го добија, но за клубот ова не е добро. Мислам дека нашите луѓе од комерцијалниот сектор воопшто не биле родени кога се случиле тие трагедии и не знаеле што ќе предизвика. Сега ќе го смениме името на трибината во ‘Вест стенд спонзорирано од Гилберт и Роуз’“, вели Мартин, кој потври дека името на трибината ќе остане на 3.000 сезонски билети што ги продале поради превисокиот трошок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.