Спорт
Ањели: Супер лигата беше потребен проект, а не преврат
Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, повторно го бранеше проектот на Супер лигата посочувајќи дека и покрај пропаста на проектот, на европскиот и светскиот фудбал му е потребен целосен ремонт.
Јувентус, заедно со Реал Мадрид и Барселона, остана зад проектот на Супер лигата откако другите девет клуба се повлекоа и сега им се заканува казна од УЕФА, која најавува исфрлување од Лигата на шампионите. Ањели вели дека мора да има промени.
„Се сеќавам на предлогот од 2019 помеѓу Европската асоцијација на клубовите (ЕЦА) и УЕФА, кој сметав дека е фантастичен и беше поддржан од сите клубови во втората, третата и во четвртата лига. Но, ништо од тоа не беше исполнето. Морате да признаете дека европскиот фудбал е концентриран на монопол на извршна, економска и на правна моќ, која останува кај УЕФА. Системот е неефикасен. Супер лигата не беше проект за преврат, туку очајнички обид да се смени системот кој беше на граница на колапс и пред пандемијата, а сега е на пат до банкрот“, вели Ањели.
Тој не стравува од казни за Јувентус, Барса и за Реал Мадрид.
„Клубовите постојано бараа комуникација со УЕФА, кои постојано реагираат со затворање на вратата и со арогантни закани кон трите клуба игнорирајќи ја одлуката на судот во Мадрид и на европскиот трибунал. Ние сме сигурни дека легалната страна на нашиот проект е солидна. Со ваков пристап УЕФА не е подготвена за реформи. Другите спортови го сменија својот начин во минатото, како кошаркарската Евролига, која донесе големи работи за фановите, клубовите и за играчите“, објаснува Италијанецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

