Спорт
Анри ги напушта социјалните мрежи поради расизмот

Легендата на Арсенал, Тјери Анри, објави дека ќе ги напушти социјалните мрежи додека „Фејсбук“ и „Твитер“ не направат нешто во врска со „насилното однесување, расизмот и менталната тортура“, која е премногу токсична за да се игнорира.
Анри, кој го напушти тренерското место во МЛС-клубот, ЦФ Монтреал, на „Инстаграм“ реагира по многуте расистички пораки што ги добиваа црните фудбалери во 2021.
„Од утре наутро ќе се отстранам од социјалните мрежи додека одговорните не ги регулираат платформите со истиот жар и бес што го покажуваат за прекршување на медиумските права. Количината расизам, насилното однесување и менталната тортура за луѓето се преголеми за да се игнорираат. Мора да има одговорност. Лесно е да се направи профил, да се малтретира некој без последици и да се остане анонимен. Додека ова не се смени, ќе ги исклучам сите социјални мрежи“, напиша 43-годишниот Французин.
Фудбалот, особено во Англија, има голем проблем со пораките што фудбалерите ги добиваат на социјалните мрежи. Фред од Манчестер јунајтед беше цел на расистички напади по неговата грешка по која Јунајтед загуби од Лестер во ФА-купот, а оваа сезона цел беа и неговите соиграчи Маркус Рашфорд, Антони Марсијал и Аксел Туанзебе. Ѕвездата на Кристал палас, Патрик ван Анхолт, неодамна објави дека бил нарекуван мајмун на социјалните мрежи, а легендата на Арсенал, Јан Рајт, објави дека тинејџер, кој расистички го навредувал на социјалните мрежи, не добил кривична пријава.
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.