Контакт

Спорт

Анте Ребиќ повторно „златен“ за Милан (видео)

Објавено пред

Анте Ребиќ го постигна својот петти гол во Серија А во 2020 година, за на Милан да им донесе важна 1:0 победа над Торино со која „росонерите“ се искачија на осмото место на табелата и ја прекинаа низата од два меча без победа во Серија А (1:1 со Верона и 4:2 пораз од Интер).

Милан доминираше во играта во првото полувреме, откако Златан Ибрахимовиќ се закани уште во третата минута, но Салваторе Сиригу имаше одлична интервенција.  Ребиќ го отвори резултатот во 25. минута од мечот, откако Кастилехо успеа да го пронајде и тој од 12-тина метри немаше проблем да го постигне својот вкупно шести гол во 2020 (пет во Серија А и еден во Копа Италија).

Милан мораше да направи принудна замена во 44. минута, кога од игра излезе ветеранот Симон Кјер со очигледна повреда, а и покрај иницијативата до крајот на мечот не успеаја уште еднаш да ја затресат гостинската мрежа.

За Торино, сега под водство на новиот тренер Морено Лонго, ова е петти пораз во низа во Серија А и „биковите“ остануваат на 14. место со 27 поени.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Белгијците се премислуваат околу откажувањето на сезоната

Објавено пред

Белгиската Про лига го одложи состанокот за ратификување на крајот на сезоната 2019/20 по заканите од УЕФА дека нема да има места во европските натпреварувања за лигите кои предвреме ќе се откажат од опцијата за продолжување на лигата.

Минатата недела, Про лигата објави дека сезоната се прекратува, а Клуб Бриж е шампион, а Васланд-Беверен испаѓа од лигата, но сега повторно ќе се разговара за крајот на сезоната на 24 април

Во официјалната објава минатиот четврток, лигата оцени дека е тешко веројатно дека ќе може да се организираат фудбалски мечеви пред крајот на јуни и дека тоа е преголем ризик за фудбалерите.

Клуб Бриж се лидери во шампионатот со 15 поени предвторопласираниот Гент на само еден меч пред крајот на регуларната лига со 16 клуба и стартот на плејофот во кој топ 6 клубовите одредуваат кој ќе биде шампион, а кој ќе игра во европските купови.

Прикажи повеќе...

Спорт

Аргентинска ТВ-станица: Меси ќе ја напушти Барселона!

Објавено пред

Преговорите за нов договор на Лео Меси со управата на Барселона траат долго, но сè уште нема потпис, што наведе одредени медиуми да се запрашаат дали Аргентинецот ќе ја продолжи кариерата на „Камп ноу“.

„Знаејќи ја храброста на Женг, сигурно ќе размисли за тоа. Договорот на Меси истекува во 2021, би било сјајно да дојде, Серија А би живнала, а Интер би имал повеќе надеж“, рече неодамна поранешниот прв човек на милански Интер, Масимо Морати.

Во аргентинската ТВ-станица ТНТ исто така се уверени дека Меси би можел да ја напушти Барса. Тие тврдат и дека преговорите со првиот човек на Интер и аргентинската суперѕвезда почнаа и Женг прави сè да го доведе Меси на „Меаца“.

„Лео има понуда и да се врати дома, во матичниот клуб. Сепак, Интер се обидува на сите начини да го доведе, наголемо работи на тоа. На крајот, тоа ќе биде сепак негова одлука“, пренесува ТНТ.

Меси целата кариера е дел од Барселона и со Каталонците освои сè што можеше да се освои.

Прикажи повеќе...

Спорт

Македонија не ја пушта 68-та позиција на ФИФА ранг-листата

Објавено пред

Македонската фудбалска репрезентација останува на 68-та позиција на ФИФА ранг-листа објавена денеска. На истата позиција нашата селекција беше и минатиот месец.

За првпат откако ФИФА ја спроведува ранг-листата на фудбалските селекции во целиот свет се случува да има само една промена меѓу сите 210 земји од еден до друг месец.

Пандемијата на Ковид-19 го диктира распоредот на фудбалските селекции на светско ниво.

Откако опасниот коронавирус владее, одиграни се само 4 меѓународни натпревари. Селекцијата на Јужен Судан е единствената селекција која напредуваше на ранг-листата, па сега се на 168-та позиција.

И понатаму врвот и припаѓа на Белгија, пред Франција и Бразил.

Во најдобрата „десетка“ има место и за Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.
Противникот на Македонија во полуфиналниот бараж од Лигата на нации, селекцијата на Косово е на 115-та позиција.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

Намален условот за фирмите што користат субвенција – вработените ќе мора да ги задржат до јули, а не до септември

Фирмите што користат субвенција од Владата нема да смеат да отпуштаат работници до јули, а не до септември како што...

Македонија4 часа

Филипче: Следната недела почнуваат подготовки за олабавување на мерките за движење

Следната недела ќе почнат подготовки за олабавување на мерките за рестрикции на движењето и враќање на животот во нормала, извести...

Македонија4 часа

Мајка и бебе од Кочани позитивни на коронавирус примени на Инфективната клиника

Мајка и нејзиното четиримесечно бебе од Кочани се примени на Инфективната клиника, откако биле утврдени дека се позитивни на коронавирусот,...

Македонија4 часа

Притвореник кој вчера починал во скопскиот затвор позитивен на Ковид-19

Притвореник во истражниот затвор во Шуто Оризари вчера починал од срцев удар, а по извршената обдукција било утврдено дека тој...

Македонија5 часа

Откриен случај на болеста њукастел во земјава, АХВ најави засилени мерки

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение за воведување заштитни, контролни и дополнителни мерки, со цел контрола и спречување на...

Економија6 часа

Светска банка прогнозира рецесија од -0,4 до најмногу -2 отсто годинава

Економската активност во земјава годинава ќе се намали за -0,4% споредено со лани и тоа во најоптимистичкото сценарио што го...

Македонија6 часа

Нови 46 случаи на коронавирус, прв случај во Пробиштип

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје...

Европа8 часа

Данска идната недела ги отвора училиштата и градинките

Данската премиерка, Мете Фредриксен, најави дека државата ќе ги отвори градинките и основните училишта за првите пет одделенија од следната...

Македонија10 часа

Донирани околу еден милион евра на сметката на Министерството за здравство

На наменската сметка на Министерството за здравство за донации за борбата со коронавирусот до сега се пристигнати  средства во висина...

Свет10 часа

Кина презема нови мерки поради страв од нов бран на вирусот како резултат на асимптоматски случаи

Кина, во која помина епидемијата на коронавирусот, презеде нови мерки за да ги спречи асимптоматските носители на вируси да предизвикаат...

Економија11 час

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта...

Свет11 час

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2.000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа речиси 2.000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“,...

Регион11 час

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за...

Свет12 часа

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа14 часа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија23 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа1 ден

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа1 ден

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија1 ден

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија1 ден

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Досие